Судиите Најкорумпирани во Македонија, Повеќе и од Владата (Ако е Воопшто Можно) – Научна Студија!
Сподели на социјалните платформи:
Слобода за Македонските Херои! Пикнати в Зандани од Корумпираните Судии!

Истражувањето на перцепцијата на граѓаните за корумпираноста на институциите, покажува дека судовите се покорумпирани дури и од Македонската влада, која е единица мерка за корумпираност – ова се заклучоците од резултатите презентирани во истражувачкиот труд Граѓаните за Корупцијата, објавен во 2018 од Факултетот за Безбедност во Скопје, пренесува Коложег.орг на англиски.

Ви се чини дека е случајно Уставобранителите да окапуваат во затвори а организаторите на 27априлскиот пуч да работат на мрсни легачки работни места?

И дека 4 години затвор на старец за кубење кокошка е случајно, додека предавтсвото на Македонскиот народ поминува неказнето?

Или дека УДБА уфрла поединци во нови партии формирани од некорумпирани и неоцрнети лидери за заедно со корумпираното судство да ги преземат и да спречат создавање било каква можност за народот на извбори да спроведе мирна политичка револуција?

Вака се корумпираат и скопуваат нови партии за да нема вистинска суверенистичка алтернатива за мирна политичка револуција!

Уште и се фалат со “признанието” од корумпираните судии на окупаторскиот систем, како и изборните арамии и пучистите од САД, дека корумпираните судови се наши, не сфаќајќи дека со врзувањето со окупаторските предавнички институции и самите се категоризираат во истата корумпирана анти-народна елита! Види слика лево!

Како што пишуваше Република во написот Скандалозен избор на судии: Судски ја наполни Апелација со партиски миленичиња на СДСМ и ДУИ, по цела година политичко пазарење, Судскиот совет го направи најскандалозниот избор за судии во Апелациониот суд во Скопје, полнејчи ги со Комуњари на СДС и УЧКи на ДУИ. Од шесте избрани судии, барем 5 не требаше да бидат избрани, објави „Сведок“. Изборот бил неколку пати одложуван, бидејќи крилото на Зоран Заев во СДСМ по секоја цена барал струмичка судијка да дојде во Скопје, наспроти скопското, кое имало друг фаворит за слободното место во стопанскиот дел. За да биде скандалот поголем, судски иако формираше листи на пријавени судии Македонци и друга листа со припадници на националности, не избра ниту еден кој беше на врвот на листата според покажани резултати од работата (и тоа редослед што го прави Комисија на Судски совет), туку исполнуваше желби, влечејќи ги кандидатите од дното на листите.

Ете така фунцкионира корумпираното судство, и дека не ви се чини само вам, во продолжение пренесуваме извадоци од анализата (целиот текст на крајот) на петгодишните истражувачки резултати на група професори кои ги синтетизираат и интерпретираат перцепциите на граѓаните на Република Македонија за корупцијата и корупциските состојби во земјата чии извадоци пренесуваме во продолжение:

Секако, дека значајна улога во детектирање на опасностите и нудењето на излезни решенија во справувањето со корупцијата има и науката, се вели во научното истражување на Проф. Цане Мојаноски и соработниците. Пред сè, нејзиниот придонес се согледува во истражувањето на причините за појавата, утврдувањето на заедничките елементи и врз основа на научните истражувања нудење на одредени предлози за надминување на таквата состојба, или, пак, ублажување на последиците од корупцијата, која, за жал, е сè поприсутна во сите пори на човековото живеење. Во таа насока се очекуваат и резултатите од истражувањето назначени во проектов.

Корупцијата како феномен, денес, претставува едена од сериозните закани за правната држава. Тоа е облик на владеење во кој доминира самољубието и самовластието како манифестен облик, а е проследено со повикување на (најчесто на бизнис) интересите. Таа е како општествена состојба и практика, која негативно влијае на вкупниот општествен развој, ги забавува економските процеси, ја влошува социјалната сигурност и ги руши претставите и верувањата за вредноста на принципите, посебно на принципите на законитост, еднаквост, рамноправност и слобода. Корупцијата се воспоставува и искажува како облик на скриени и незаконски прераспределби и (зло)употреби на јадрото на општествената моќ и власта. Со посредство на корупцијата, а во содејство со другите механизми на партиската држава и моќ се приватизираат, а потоа се претвораат во пазарен артикал.

Судиите – Најормупирана Фела во Македонија!

Во тие рамки се одвива размената или трампата на делот од општеството што поседува политичка власт и делот на општеството што поседува моќ над материјалните добра. Корупцијата е спротивна на начелото на владеење на правото и претставува директна закана за демократските институции и моралните основи на општеството.

Анализата укажува дека перцепцијата на корупцијата се концентрира околу определена група на индикатори поврзани со институциите и институционалната поставеност, како и со носителите на функциите и оние кои се задолжени за јавните услуги. Всушност, истражувачките резултати упатуваат на тоа дека неефикасниот
институционален одговор за решавање на проблемите на граѓаните е преземен од корупцијата и корумпираноста. Анализата на резултатите укажува дека борбата против корупцијата е неефикасна поради опфатеноста со неа на функциите и институциите чија првенствена и основна задача е да работат на создавањето на правна рамка и општествени услови за справување со неа.

Што покажуваат средните вредности? Дека најфреквентни се оценките со висок степен на злоупотреба на овластувањата кај извршната и управната власт, судовите и локалната самоуправа,
односно градоначалниците во 2014, 2015 и 2016 година.

Оценките за овие органи се повеќе од 7 од можна оценка 10. Втората по висина оценка за злоупотреба на овластувањата е упатена кон судовите (судиите) во 2013, 2014 и 2017 година, односно кон управната власт (министерствата) во 2015 и 2016 година.

Податоците упатуваат на тоа дека највисоко оценувани во 2013 и 2014 година се судовите (судиите), а во 2015, 2016 и 2017 година локалната самоуправа (градоначалниците). Оценките за судовите во двете години се, речиси, со иста вредност од 7,77 односно 7,76 од можните десет, што укажува дека во перцепциите на граѓаните се испреплетени бројни информации и сознанија, пред сé, од медиумите и пријателите, како и лични искуства кои упатуваат на појавите на корумпираност во овие средини. Одговорот на овие прашања, повеќе или помалку ги следи и одговорите, односно оценките за противзаконитото посредување и злоупотребата на положбата и овластувањата, што сé на сé завршува со чинот на примање мито.

Од прегледот (во продолжение) може да се воочи дека кај овие делови на општеството (судовите, односно судиите и локалната самоуправа, односно градоначалниците), меѓу испитаниците постои консеквентност. Тие се високорангирани во практикувањето на еден од облиците на корупција – примањето мито.

Прегледот упатува на тоа дека испитаниците ги оценуваат судиите како БРОЈ ЕДЕН ПРИМАЧИ НА МИТО. Степенот на изложеност на ризик во 2015 година според обликот на ризикот изгледал вака: пари во готово биле давани на лекар, пари на сметка на судија, спонзорство на директор на училиште, друго и услуги од друга природа на средношколски професор.

Оние кои биле во ситуација да дадат мито во облик пари на сметка редоследот е: 1) кај судија, 2) јавен службеник (општина), 3) обвинител,  4)посредник и 5) државен службеник (управа). Спонзорствата најмногу биле давани на судија, потоа на некој друг, јавен службеник (општина), обвинител и политичар. А кога станува збор за услугите од разна природа, испитаниците одговориле дека најчесто е „некој друг“, кој не е споменат во оваа група на институции, органи, функции и професии, потоа директор на училиште, средношколски професор, посредник и политичар.

Во настојувањата да се разрешат корупциските состојби, еден број испитаници препорачуваат дека е неопходно „поголема контрола врз државните службеници (лекари, полициски службеници, министри, пратеници) и нивното работење од страна на органите надлежни за борба против корупцијата кои се подложни или се мета на корупцијата“, како и „поголема контрола и да се отстрануваат од работа“, односно „поголема контрола и поголеми казни врз луѓето кои имаат врска со корупција“, а во тој контекст и „поголема контрола на инспекциските органи“, посебно на „органите надлежни за борба и спречување на корупцијата, адекватна примена на законодавството како и контрола и надзор врз надлежните органи кои се борат против
корупцијата“.

Справувањето со корупцијата се набљудува и низ заложбите за „професионализација на службите за превенција и санкционирање на корупцијата, воведување на систем на кариеризам и позитивна дискриминација на службениците вклучени во системот против корупција и најважно од се е департизација на истите служби“, со „професионални личности на вистински места, повисоки плати и повисок стандард, со анонимно анкетирање на луѓе кои имале потреба да користат институции кои можат да ги злоупотребуваат граѓаните“, односно со „професионално работење, строги казни“.

Ова се дел од сугестиите што испитаниците ги сугерираа на истражувачкиот тим во настојувањето да идентификуваат на кој начин може да се справиме со сложеноста на корупцијата и коруптивните процеси во нашето општество. Истражувачките резултати во целина и коментарите на испитаниците упатуваат на тоа дека во општеството, преземените активности на надлежните органи и институции, посебно на надлежните за спречување на корупцијата не успеваат да се справат со неа, дека во вкупниот општествен процес постои испреплетеност на односите и можат да се идентификуваат определени подрачја каде постојат индиции за поврзаност меѓу одделни институции, органи и функции и определени подрачја, како што е цивилната сфера, во која можат да се идентификуваат глобалните правци на корупциското поведение. Тоа во општествената стварност се изразува преку индикаторот отсуство на институционален капацитет за извршување на нормативно утврдените положби, но и за отсуството на интегритет и одговорност во вршењето на јавните овластувања и задачи.

Затоа, врз основа на досегашната анализа неопходно е да се укаже дека е потребно да се воспостават облици за поефикасна соработка меѓу носителите на борбата за корупција, да се зголеми општествената, пред сѐ, цивилната контрола над нив и да отпочне процес на кадровско проветрување во институциите надлежни за откривање, спречување и разрешување на корупцијата. Во таа смисла треба да се практикува државните органи, како што е, на пример, и Државната комисија за спречување на корупцијата повеќе да се свртат кон академската заедница, да поттикне и стимулира истражувачки, за да може да ги дефинира стратешките цели и да разработи акциски планови. Токму затоа треба да се подвлече дека потпирањето само на стручните истражувачки пристапи и на субјекти одржани од европски и други извори на финансирање, го стеснува просторот и недоволно обезбедува трансфер на знаењата и практично знаењето и информациите не стануваат основа за утврдување начини за решавање на проблемите. Тоа, пак, резултира со недоволно обмислени, планирани и систематски водени акции и активности.

За таа цел потребна е една поширока мрежа на поврзани институции кои ќе вршат размена на податоци и ќе реализираат заеднички проекти, со цел успешно спречување на корупцијата, заклучува истражувачкиот труд на професор д-р Цане T. Мојаноски професор д-р Марина Малиш- Саздовска вонреден проф. д-р Марјан Николовски вонреден проф. д-р Катерина Крстевска – ГРАЃАНИТЕ ЗА КОРУПЦИЈАТА (Анализа на истражувачки резултати 2013 – 2017) СКОПЈЕ, 2018 ГОДИНА Издавач: Факултет за безбедност – Скопје За издавачот: вонреден проф. д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност – Скопје

Mojanoski Malis-Sazdovska Nikolovski Krstevska – Gragjanite za korupcijata

Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или директну преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар