Налудничавиот “Месија”, Насилниот Вакцинатор Гејтс Сега ќе ни го Затемнува Сонцето, за “Спас” на нас Грешните!
Сподели на социјалните платформи:

Комплексот на Месија на болниот Гејтс, кој без никакво образование се самопрогласи за министер за здравсвво на светот, излегува од контрола. После планот за зомбирање на човештвото со убиствена мРНА днк-менувачка вакцина, сега финансира план за засенчување на сонцето, секако, “за спас на човечката раса”, спас кој никој не му го побарал и одобрил, ниту пак има потреба за спас од нешто, освен од налудничавите глобалофашистички манијаци како него. Жестоки критики од врвни климатолози за ова налудничаво неодобрено и своеволно мешање на нездрав човек во фундаменталните елементи на нашата планета, атмосфера, и човештво воопшто.

Сега, очигледно, тој сака да нè спаси од сонцето, и тоа точно со официјализирање на хемтраилс или кемтреилс (chemtrails), кој веќе со децении и се спроведува кои можете да ги видите низ сел свет а и над нашите Македонски градови, а за кои со децении ги обвинуваа народите дека веруваат во теории на заговор.

Ова Гејтс го прави паралелено со неговите други “благородни” а богами и “филантропски” напори за уништување на човештвото се вакцинирање и заклучувања. Еден од најконтроверзните планови на Гејтс почнува да се спроведува: Проект што ќе го блокира сонцето за сите нас..

Според Ројтерс, проект на Универзитетот Харвард планира да ја испроба контроверзната теорија дека глобалното затоплување може да се запре со прскање честички во атмосферата што би ги рефлектирале сончевите зраци.

Проектот претставува еден од најконтроверзните аспекти на она што е познато како „геоинженеринг“ – идејата дека, за да се справат со проблеми како климатските промени, можат да си играат и да менуваат масивни аспекти на нашиот екосистем. Во овој случај, тоа би вклучувало одразување на сончеви зраци за да се спречи да стигнат до Земјата.

„Истражувањето на отворено за прскање на ситни честички што го рефлектираат сонцето во стратосферата, за да го неутрализира глобалното затоплување, беше закочувано со години од контроверзии“, објави Ројтерс.

Сега и со конкретен чекор, Шведската вселенска корпорација оваа недела се согласи да им помогне на истражувачите од Харвард да лансираат балон во близина на арктичкиот град Кируна следниот јуни. Тоа би носело гондола со 600 кг научна опрема висока 20 км“.

Тимот од Харвард, чиј проект е познат како SCoPEx, е финансиран во најголем дел од Гејтс, се вели во извештајот од август објавен во Британскиот Дејли Меил кој му даде гласен наслов: „Дали затемнувањето на сонцето може да ја спаси Земјата? Бил Гејтс сака да испрска милиони тони прашина во стратосферата за да го запре глобалното затоплување … но критичарите стравуваат дека тоа може да предизвика несреќа“

Планот на Бил Гејтс да го „поправи глобалното затоплување“ може да ви звучи како научна фантастика – но и покрај предупредувањата за „сериозни опасности“, планот може да биде реалност за неколку години.

Според Гејтс и научниците од Универзитетот Харвард, повеќе од 800 авиони би подигнале милиони тони „калциум карбонат“ на висина од 20 километри над површината на Земјата и потоа ќе ги испрскаат хемикалиите во стратосферата.

Хемикалиите што се фрлаат во воздухот ќе создадат огромно засенчување на сонцето, со одразување на некои сончеви зраци и топлина назад во вселената, што всушност ги затемнува зраците што минуваат низ нив и стигаат до Земјата.

Една од директорите на тимот од Харвард, Лизи Барнс, признава: „Нашата идеја е застрашувачка…”

Врвен климатолог жестоко го критикува „застрашувачкиот“ план на Бил Гејтс за прскање хемикалии над површината на Земјата со цел да го „затемни сонцето“ – а член на тимот на Харвард кој работи на проектот на Гејтс дури и самиот призна дека планот е „застрашувачки“.

Водечкиот климатолог, Јанош Пастер – кој ги советуваше ООН и сега работи за иницијативата за управување со климата во Карнеги во Њујорк – смета дека изразот „застрашувачко“ е дури и потценување на опасноста.

Според Пастер, планот ризикува создавање на пустош и хаос низ целата планета. Размислете за последиците, војна, чума и глад.

„ Ако ја искористите оваа технологија и го сторите тоа лошо или погрешно, тогаш може да имате создадени различни видови на глобални ризици што можат да имаат еднакви, ако не и поголеми предизвици за глобалното општество, отколку климатските промени“.

Еден од стравовите е дека ширењето хемикалии (на сликата) во стратосферата може да го оштети озонскиот слој што нè штити од опасно ултравиолетово зрачење што може да ја оштети човечката ДНК и да предизвика рак.

Извештај на DailyMail вели дека климатолозите исто така се загрижени дека таквото расипување може ненамерно да ја наруши циркулацијата на океанските струи кои го регулираат нашето време.

Ова само по себе може да предизвика глобална епидемија на екстремни климатски настани што можат да уништат земјоделско земјиште, да збришат цели видови живот и да ги поттикнат епидемиите на болести.

Потенцијалот за катастрофа дури не завршува тука.

Технологијата може дури и да предизвика меѓународна недоверба и вооружен конфликт. На пример, кинеската влада – која веќе експериментираше со технологијата за промена на климата – го искористи своето растечко научно знаење за вселената за да се обиде да влијае стратосферата за да ги заштити сопствените земјоделски приноси.

Но две години подоцна, монсуните од кои зависи земјодлеството и прехраната, не доаѓаат во соседниот азиски гигант Индија, како и Бангладеш, предизвикувајќи широко распространето гладување и болести. Дури и ако кинескиот потег всушност не предизвика исчезнување на монсуните, милијарди Индијци ќе ја обвинуваат Кина и ќе бараат реванш.

Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Запиши се и Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар