Најмалку 10.000 луѓе маршираа викендот низ улиците на главниот град на Австрија во знак на протест против ограничувањата на коронавирусот, повикувајќи ја владата на канцеларот Себастијан Курц да поднесе оставка, бидејќи неговата администрација неодамна зборуваше за продолжување на мерките.
Демонстрантите во Виена, многумина без маски, носеа натписи на кои пишуваше „Курц мора да замине“ и „Направете го грипот повторно да постои“.
Еден корисник на социјалните мрежи објави видео од протестот во Виена. Корисникот рече: “Масовен протест во Виена. Никој не носи маска!”
Massive protest in Vienna now. No one wearing a mask!😬😭#lockdown #NoMasks #wien #Vienna @metropole_vie @Estadao pic.twitter.com/vMQcKVBDk6
— flowerflower (@201flower201) January 16, 2021
Според RT News , “два собири се одржаа во различни делови на градот, кои ретко гледаат големи протестни акции, пред да се обединат во еден марш од околу 10.000 луѓе. Повеќето од толпата ги игнорираа полициските повици да се придржуваат до правилата за социјално дистанцирање и носење напротив, луѓето се поздравуваа со бакнежи, се гушкаа и танцуваа“.
Околу 500 контра-демонстранти беа присутни, осудувајќи ги „лудаците против маската“.
РТ објави видео од масовниот протест.
Од минатиот март досега, Австрија веќе влезе во својата трета блокада прогласена од владата за КОВИД-19. Регистрирани се скоро 390.000 инфекции од почетокот на пандемијата и 7.000 (секако напумпана бројка) смртни случаи поврзани со вируси.
Заклучувањата и ограничувањата низ економиите во еврозоната поради возобновената пандемија може да произведат двојно поголема рецесија, пишува Блумберг истакнувајќи дека истражувачките делови на JPMorgan Chase & Co. и UBS Group AG ја намалија нивната економска прогноза во еврозоната точно поради заклучувањат..
Индикаторите за економијата во еврозоната стрмоглаво паѓаат од крајот на летото.
Аналитичарите на Голдман Сакс посочија дека кризата може да ја доведе во прашање „довербата“ или „побарувачката“ за вакцина, бидејќи како што рекоа, недоволно луѓе доброволно ќе се вакцинираат.
Со 55 Американци и 29 Норвежани мртви непосредно по земањето на mRNA-базирани вакцини КОВИДD-19 произведени од компании како Фајзер (Pfizer) – целото закрепнување засновано врз надеж за вакцини и парични/фискални пакети ќе го попречи економското закрепнување на Западот.
Сумирајќи, луѓето се лутат за дополнителни заклучувања а вестите за смртни случаи од вакцините предизвикуваат да се случи она што за глобалофашистите беше незамисливото: зголемување на недовербата на кон вакцините и одбивање доброволно да се прими.
Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Запиши се и Добивај Директно Коложег.Инфо!