Коложег.Инфо го Предвиде Изборниот Колапс во САД во Екслузивното Интервју со Леонид Савин!
Сподели на социјалните платформи:

Исто така да се подсетиме дека Коложег.инфо уште во август годинава го прогнозира овој изборен исход на претседателските избори во САД со меѓусебно непризнавање на изборната победа меѓу Претседателот Трамп и глобалистичката марионета Бајден, во екслузивното интервју со познатиот Руски политиколог, Леонид Савин:

Коложег.Инфо: Отворивте тема која ние Македонците сами ја почуствуваме на своја кожа. А тоа е Соросовата шарена револуција во Македонија. Сега гледаме како истото дословно се повторува во самата САД. Организирани од Сорос и нему слични либерални организации. Паролите им се исти, Нема Правда Нема Мир. И финансиите им доаѓаат од еден и ист центар како во Македонија. Во Македонија успеаа, иако уверени сме само привремено, бидејќи ние овде ќе го ослободиме Македонскиот Народ од последиците од анти-државниот пуч кој произлезе од таа шарена револуција. Огромната разлика од она што се случи во Македонија и ова сега во САД е дека сегашната внатре-Американска борба има реперкусии низ цел свет. Иднината на целото човештво зависи од сегашната борба во САД. Може ли да дојде до ситуација на есенските избори и едните и другите да се прогласат победници, и кои би биле последиците од тоа?

Леонид Савин: Сметам дека најголема е веројатноста да победи Трамп. Опонентот, Џо Бајден, е таква фигура што сигурно ќе нема многу гласови. Не е симпатичен. И размислете, кој сака да гласа за сенилен старец?

Ни Трамп не е млад, но изгледа многу поуверливо. И за Трамп гласа дел од средната класа, што е многу важно. Исто така треба да го знаеме изборниот систем на САД, каде не се гласа мнозински туку по држави и т.н. изборен колеџ. И така гласовите ќе се собираат по партии и држави и ќе се пресметуваат по комплицирани формули додека не се прогласи победник.

Секако дека постои веројатност конфликтот до и за време на изборите да прерасне во граѓанска војна, овој пат во нов формат. Можеби не е убаво да се рече, секоја војна е трагедија. Но во таков случај многу држави ќе добијат време да здивнат.

Затоа што државите ќе добија можност да спроведуваат свои национални стратегии и независни надворешни политики. Затоа што внатрешното богаство на САД во голема мера се базира на експлоатација на други земји и на угнетување на други држави и региони по принципите на неоколонијална политика.

Воените бази на САД се практично насекаде низ светот и на сите континенти. И таа нивна економска политика е спроведувана од контролираните институции како Светска Банка и ММФ.

Затоа, било какви турбуленции во САД се погодни за државите и народите можеби ќе пострадаат само сателитите на САД. Веќе се забележува дека многу држави веќе разбираат дека е потребно да си ја градат сопствената иднина. И воведуваат повеќе национална и суверенa политика а не само да слушаат наредби од САД.

 

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар