Претседателот на Мексико: Заклучувањето на Народите e Нов и Неоправдан Вид на Диктатура!
Сподели на социјалните платформи:

Дали забележувате тренд? Заклучувања на народите и поединците, уривањето на економиите се случува претежно во Западниот свет, САД, ЕУ, Канада, Австралија, Нов Зеланд, и секако кај нивните окупирани вазалски држави како на пример Македонските корумпирани квислиншки елити. Зошто не е заклучена Кина, Русија, Јапонија, Индија, или цела Азија, Африка, Јужна Америка, каде што нема повеќе инфекции во споредба со заклучените, но економиите остануваат во функција, народите и поединците не се зауздани како коњи, понижени и доведени на работ на глад.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор (накратко нарекуван АМЛО) ги критикуваше заклучувањата на народите под превез на “борба против вирусот” како форма на „диктатура на болните за власт“.

За време на прес-конференцијата, велејќи им на новинарите дека ваквите мерки ги откриваат нивните болни социопатски „авторитарни инстинкти“.

Патриотскиот популистички лидер, познат како АМЛО меѓу неговите приврзаници, рече дека заклучувањата на КОВИД-19 се „модерни меѓу властите во светот… кои сакаат да покажат дека се тврди т.е., диктатори“, пренесува АП.

„Многумина чувствуваат можност за давање простор на своите авторитарни болни и психопатски инстинкти да се покажат во вистинското диктаторско битие“, додаде тој, истакнувајќи дека „основната работа е дека треба да се гарантира слободата“.

Обрадор, исто така, инсистираше на тоа дека носењето маски треба да биде доброволно и да не биде мандат од државата.

Mексиканскиот лидер се обраќаше и до властите во други земји но и до локалните лидери од опозициската партија кои се обидоа да воведат ограничувања во Мексико.

Многу влади низ целиот свет спроведоа заклучувања или ограничувања за тоа кога луѓето можат да ги напуштат своите домови и ги урнаа своите економии, на што Лопез Обрадор жестоко се спротивстави, тврдејќи некои луѓе живеат од ден на ден од она што го заработуваат од продажба на улиците, тезгите, продавниците.

Некои локални самоуправи во Мексико се обидоа да ја користат полицијата за да воведат ограничувања на маски или движење, што резултираше со скандали со насилно однесување од страна на полицијата. Лопез Обрадор тврди дека ваквите мерки треба да бидат доброволни.

Секој има слобода. Кој сака да носи маска за лице и да се чувствува побезбедно е добредојден да го стори тоа, но наредба за маска не смее да има“, рече Лопез Обрадор.

Мексиканската влада се спротивстави на меѓународните антивирусни практики на два начина. АМЛО го спроведе она што и научниците го тврдат дека нема корист или заштита од носењето маски за лице, и, го одби масовното тестирање, дистанцирање и следење како расипничко и бесмислено.

Како што нагласува Националното досие, додека некои други земји од Латинска Америка воведоа строги заклучувања, АМЛО се изјасни против наредбите за останување дома, иако властите во различни региони на Мексико тоа го сторија.

„На пример, третата најнаселена држава во Мексико, Халиско, во моментов раководена од опозициското лево-либерално движење на граѓаните, воведе задолжителни маски мандат во сите јавни области“, пишува Едуардо Риверо.

„Другите држави отидоа понатаму, воведувајќи наредби за заклучување на луѓето дома и затворање на несуштински бизниси. Дури и државите управувани од конзервативни политичари, како што се Пуебла, Нуево Леон и Тамаулипас, усвоија строги ограничувања за заклучување“.

Резултатите? Полоши и потрагични за населението од тие кои не применија мерки.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар