Кој Бил Кнез Рурик, Потомокот на Древните Македонци и Основачот на Руската Државност – Зоран Курљан!
Сподели на социјалните платформи:

Во продолжението на фељтонот СКРИЕНАТА ИСТОРИJА НА МАКЕДОНЦИТЕ – БЕЗВРЕМЕНСКИ МАКЕДОНИЗАМ, Зоран Курљан елаборира за тоа коj бил, а коj не можел да биде, Варjакот Рурик (Рарог – Сокол), потомок на Древните Македонци и основач на Руската Државност. Бодричите, како и двете македонски династии, Рурикови во Новгородската област, и Котљарови околу jужниот Балтик, освен руски, ги истражувале и научници од Србиjа, Полска, Германиjа! Единствено на нивните родови и крвни наследници, Македонците, им беше затворен прозорецот кон сопственото минато и предци, државотворно потентни во раниот среден век, во остар контраст на денешниве политичари-кастрати, кои тринаесет векови подоцна не успеваат да го дочуваат ниту тоа што е од деда оставеното.

Кнегувањето на Рурик со неговите браќа – Радзивиловски летописи.

Човек, може да има самодоверба и решително да чекори кон иднината, само ако знае коj е, од каде доаѓа, и кои се неговите корени. Во спротивно, човек може да испадне рожба на едикогоси, семе на патник-намерник или дива орда.

– Кон каде пат држиш Македонецу?

– Кон Македониjа од Хипербореjците, Герман (ХермесТрипатиГолемиот), Силен, Кадмо и Хармониjа, Земана, Дионис, Лин, Каран, Филип, Александар, Лидиjа, Петруш, Самуил, Климент, Наум, Карпош, Делчев, Гули, Прличев, Пулески, Мажоски, Рацин, Мирка, Брашнаров, Ченто,… ќе ги снема морето- мастило , небото -книга и зрнцата песок во клепсидрата ако продолжам со наброjување на сите Неjзини деца-саможртви,

или,

кон Македониjа, зомбирана по сопствена желба, со хибридно име, граѓанска класа со буржуjски манири, со  внатрешна двоjба за  сопствениот пол, АУДИ- ментален склоп, дарвиновски чип во градската степа, доброволен апартхеjд, политичари со криминален склад на мисловниот апарат, континуиран грабеж – триесет години во континуитет,…  од истите причини ,ќе застанам со редење ,,регалии,, на северодмакедониjа и неjзините жители.

Македониjа на Македонците и малцинствата кои живат на неjзината териториjа – суверена земjа и држава, или, Македониjа, македонска салата, според желбата и заветот на римскиот генерал Белисарио – согласен плен и контузна жртва на Длабоката држава?

Македонската катарза, киднапирањето на државните институции од страна на антимакедонците и терористите – изведено на 27.04.2017 година, обезглавувањето на македонското лидерство како бонус при преземање на власта во Собранието на Република Македониjа, раситнувањето на Македонизмот на ситни монети, за со нив да  jа плаќаат своjата верност кон Молох и неговите следбеници во државните кабинети во Берлин, Брисел и полу-исушеното Вашингтонско блато, на очиглед од целата јавност, добронамерни луѓе – Даj  Бог им здравjе,  почнаа да обjавуваат во интернет пространството важни потсказки, историски факти од пишувани дела кои послужиjа исходница за понатамошното, копање, низ современата , александриска библиотека во електронска форма.

Содржините, кои во своjата историчност како со еден дел да му припаѓаа на уметничкото перо од Џ. Мартин, иако зад напишаното беа потпишани Херодот, Страбон, Птоломеj, Диодор, Лукиjан, … истите тие антички автори кои ги лелеае класичната историја, излегуваа забележани од руски научници, писатели, етнографи, лингвисти, слависти, генетичари и фолклористи.

Е. Классен, Е. Савељев, Французинот Гарние, Иван В. Рурикович- Грозни, J. Русо, Киевљанинот Нестор, Редзвилските Хроники, современиците М. Задорнов, Сундуков, Глазев, Фомин, Сахаров, Кљосов, … заштитуваjќи ги славјанската корени на руската државност, дареjќи и децении  научен и творечки труд, заклучуваат дека народот Бодричи и нивниот кнез Рурик (Рарог- Сокол) се Славjани. Прочитај повеќе тука: Кој е Егор Классен? Откривачот на Тајната Историја за Древните Македонци и Руската Нација и Државност!

За Бодричите, освен руски, истражувале и научници од Србиjа, Полска, Германиjа, единствено на нивните родови и крвни наследници – Македонците им е затворен прозорецот кон сопственото минато и предци. Независни автори од разни географии пишуваат томови за Славjанскиот Соjуз на Љутичи-Бодричи-Приморjани, македонската династиjа Котљар од тоj Соjуз, и Берлин – творба на неимарите од Славjанскиот Соjуз.

Две македонски династии, Рурикович (Рарогови – Рарози) во Новгородската област, и Котљарови околу jужниот Балтик, оставиле историска трага, длабока како трага од лав издлабена во росна, мека земjа, државотворно потентни во раниот среден век, додека денешниве политичари- кастрати, тринаесет векови подоцна не успеваат да го дочуваат ниту тоа што е од деда оставеното.

На 21.09 беше празникот на руската државност, незаменливо поврзана со кнезот на Бодричите Рурик (Рарог), обединувачот на славjанските народи од Лагода до Киев, основач на династиjата Рурикович, градители на Москва Златоглава, РПЦ, темелот на Великата Держава во сите неjзини еволутивни  пројавувања.

Коj бил, а коj на можел да биде Варjакот, Рурик (Рарог), кнезот на Бодричите, чедо на  татко Гоцслав и маjка УМила?

Во историографиjата, две теории се трудат да привлечат внимание, секоја со своите аргументи, од кои една поразува со своjата фривилност и алогичност на предложените ,,докази,,.

Првата теориjа, со научни методи , пронаjдени артефакти, лингвистички компарации, пишувани записи од современиците – педантните летописци-хроничари, тврди дека Бодричите и Рурик (Рарог) имаат славjанско потекло, додека втората, Норманската теориjа, е сплет од нагаѓања, далечни аналогии, непознавање на рускиот jазик, но пред се, желбата да им се тутне пред нос на Славjаните западната ,,вистина,, за интелектуалната  превасходност и ултимативност.

Впрочем, славjанската историjа била мета на германски квази-научни мешетари уште во втората децениjа од 18-век, во Петербургската Академиjа на науки, основана од Петар Романов (Велики), од 100 членови на Академиjата само троjца биле Руси, останатите биле Германци, некои од нив немале дури ни елементарни познавања од рускиот jазик и култура.

ПРОДОЛЖУВА

Зоран Курљан

Написите се дел од серијата БЕЗВРЕМЕНСКИ МАКЕДОНИЗАМ и ќе бидат дел од пошироката агенда за создавање библиотека на сите чисти и точни извори на досега скриената вистинска историја и нивно популаризирање не само во Македонија туку и во цел свет, и во формат прифалтив за општата јавност и во специјален научен формат до историчарските научни кругови во целиот свет.

 

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар