Симболиката ги Разоткрива Е Мајта/Левица Како Анти-Народна Глобалистичка Инсталација – Зоран Курљан!
Сподели на социјалните платформи:

Симболите ги издаваат:

На сцената од македонската политичка естрада доби улога и фантомската партија Левица т.е. проф.Апасиев.
Кога се појави вистинска опасност од обединување на македонскиот народен фронт инициран од Родина, Длабоката држава му овозможи на Апасиев да биде холограм на македонски обединувач.

Погрешна е процената дека тој има задача да го ослаби ДПНЕ. Таа партија е во слободен пад , кој што само колизија со Земјата ќе го запре.
Вистинската причина за излегување на Апасиев на сцената е РОДИНА.
Јавноста, од документите протечени низ неа, разбра многу моменти и сериозни количества долари и евра сврзани за лукративниот професор и неговата “партија”.
Но и симболиката која што се зголемува “скриена” во неговите настапи и транспаренти, покажува крвни врски со Длабоката …и нејзините експоненти.

Освен што Ленка/Левица е основана од Сорош и учествуваше во бербатење на македонските симболи, Апасиев се труди на очиглед од јавноста да ги форсира тие симболи кои што народот ги прифаќа како дел од “родољубот” Апасиев, и со тоа стануваат емотивно и духовно свои:
Црвената е бојата на Апасиев: Револуција, Милиција,- бојата на Црвениот Штит (Ротшилд),
Петокраката-стилизирана главата на Бафомет, црната руба (секојдневно), распуштената коса и брадата- се одлика на религијата- Сатурнализам (Бафомет/ Сатанос) својствена на хибридните семејства од невидливите владетели – Длабоката…

Често спомнуваниот семеен автомобил: Алфа Ромео, на себе носи уште еден симбол на хибридните семејства, змија која што во расчепатената уста голтнала половина човек со вкочанети во страв нозе.
Двете последователни изјави на Левица: неприпадноста на партијата во таборот на македонски партии, и, девалвирањето на историската заслуга на Георѓи Делчев во македонската национална борба, го докажуваат интернационалниот дух на Левица над националниот…

За жал, максимата: Леб и циркус – работи и денес па Македонците во недостиг на автохтони и стамени, зрели христијански, македонски мажјаци ќе го избере марксистот-сатурналист-интернационалист Апасиев за свој заштитник и лидер.

“Кога нема риби и јагулата е риба”.

…Тупаницата… црвената тупаница е уште еден од симболите од арсеналот на шарената- сорошовска менаџерија. Канвас и Блек Лајвс… се борат во шарените револуции под таа ,”пркосно”, подигната црвена тупаница.

… Каков е односот на професорот Апасиев кон Старецот Коста Солев- Рацин и неговиот генетски порив, како утопија, зад искривеното огледало на Карл Луис да живее во свет дизајниран од Архи Македонецот Александар, во кој што владее слободата, рамноправноста и соработката (братството).

Дали Македонците треба да веруваат во Македонизмот за кој што впрочем и се борат, или за преобразба на националната држава на македонскиот народ, иста таква како што имаат и противниците на унитарноста /природната состојба на Република Македонија / во мека федерализација т.е.апархејд?

Инсертите со, шарени, презервативи распрснати по лицата на македонската иконографија, пренагласена симболика вражбена за Нас, Македонците, отпорот кон националното и девалвација на неговите историски херои, потсетува на следен дублер во серијалот продуциран од Длабоката држава во заминување.

Доколку грешам душа, упаси Бог, повикајте не’ професоре Апасиев, Нас, Македонците, и останатите браќа по Род, Христа или по Македонија, пред Собранието на Република Македонија за да побараме отчет за работата на антимакедонските депутати и останатите терористи во скапи костуми.

Направете го тоа, професоре Апасиев, верувам дека ќе нема неоправдано отсутни родољуби на тоа рандеву со судбината.

 

Зоран Курљан.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар