Нашиот Идентитет и Исконскиот Род Македонски се Подлабоки од “Трампа на Гоце за ЕУ” – Благој Шаклевски!
Сподели на социјалните платформи:

 

Гоце Делчев не е никаква “црвена линија”, ниту пак личност за која единствено се врзува, се темели или се дефинира “македонскиот идентитет”.
Нашата “црвена линија”
Е МАКЕДОНИЈА !
И ни педа, ни милиметар помалку.
Македонскиот идентитет е многу, многу повеќе од Гоце, повеќе е и од мене, од тебе …од било кого во историјата.
Гоце е наш брат, наш соборец, тој е еден од нас, кој во едно друго време, исто како ние денес, но на друг начин, се борел за Македонија.
Македонија и идејата за нејзина самостојност постоела долго време пред Гоце, и ќе постои долго време по него.
Гоце е само една алка во синџирот, додуша златна и многу посјјајна од другите во низот, но не е никаков наш “идентитет”, а уште помалку “црвена линија”.
Да.
Може да се рече дека ние сме Гоцеви, ние сме Гоцеви следбеници, но сме МАКЕДОНЦИ … па не се викаме “Гоцевци”. (и никакво подмолно подметнување на некакви искривени тези за наводна “борба” или дефинирање на македонскиот идентитет само преку една личност, која ете, ни ја оспоруваат, нема да ја поколеба идејата за Македонија)
Првата напишана ДЕФИНИЦИЈА за Македонците (со сите обелејжја на една научно издржана дефиниција) е отпечатена и издадена во 1875 година,. Тогаш Гоце Делчев имал само 3 години.
И тоа значи дека Македонија не ја “измислил” ни Гоце, ни Коминтерната, ни Тито, и сите обиди да го сместите македонското “раѓање” поблиску до денешното време во историјата ви се јалови.
Можеме да дебатираме дали е 7000 или 3000 стара, но сигурно не и да ја сместиме пред 30, 70, 120 или 200 години.
Македонците се исконски *народ кој од памтивек, постојано и одново, раѓал големи луѓе како Гоце, за да се борат за Татковината.
Гоце е еден од нив.
*Дефиниција за Македонскиот Народ (1875г.) :
“Народ се вељид људи који се од еден род и кои зборувајед еднаков збор, и који живувајед и се другарад еден со други, и који имајед једнакви обичаји и песни и весеља; тије људите ји викајед народ, а место во које живувад народ се вељид отечество од тои народ.
Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија”
Ѓоргија Пулевски
“Тријазичник”
П.С.
Како, како ?!
За ЕУ ?
Среќен “пат” !

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар