Не Прифаќаме Кредити на Светска Банка/ММФ Условени со Затворање на Народот, Полициски Час – Лукашенко!
Сподели на социјалните платформи:

 

Откога тоа во мандатот на Светска Банка и ММФ влегува диктирање здравствени политики и начин на однесување, т.е. поробување на своите народи под превезот на Ковид? Никогаш тоа не било мандат, но тоа секогаш и било пракса, која ги разголи и уништи овие две финасиски организации во очите на народите по светот. Така и GreatGameIndia.com пишува дека за странските заеми кои им се даваат на суверените нации од Светската банка, ММФ и слично, владите ретко им ги кажуваат владите на своите граѓани условите што им се закачуваат на овие заеми. 

Неодамна Белорусија ги откри кредитните услови утврдени од овие агенции. Претседателот на Белорусија откри дека коронавирусната помош на Светска банка доаѓа со услови за воведување екстремни мерки за заклучување на народот и за моделирање на Белорускиот (успешен) одговор на коронавирус на оној како во Италија (неуспешен), па дури бара и измени во економската политика што Лукашенко ги одби како неприфатливи.

Дополнителни услови кои се вмешуваат во финансискиот дел на нашата земја се неприфатливи за Белорусија, рече претседателот Александар Лукашенко, зборувајќи за надворешно кредитирање за време на состанокот на кој се разговараше за мерките за поддршка на реалниот економски сектор од страна на банкарскиот систем, објави Белоруската телеграфска агенција, Белта.

Александар Лукашенко обраќајќи се на учесниците на состанокот во врска со условите за давањето странска кредитна помош за Белорусија.

„Кои се барањата на нашите партнери? Најавено е дека можат да и обезбедат Белорусија 940 милиони американски долари во т.н. брзо финансирање. Но со нив добиваме барања, на пример, да го моделираме нашиот одговор на коронавирусот на оној на Италија. Не сакам да ја видам италијанската ситуација да се повтори во Белорусија. Ние имаме своја земја и своја ситуација“, рече претседателот.

Според претседателот, Светската банка покажала “голем” интерес за практиките за одговор на коронавирусот на Белорусија.

Подготвенa е да нè финансира десет пати повеќе отколку што првично понуди како знак на пофалба за нашата ефикасна борба против овој вирус. Светската банка дури побара од Министерството за здравство да го сподели искуството. Во меѓувреме, ММФ продолжува да бара од нас карантински мерки, изолација, полициски час. Ова е глупост. Ние нема да танцуваме според ничии наредби“, рече претседателот.

Белорусија е една од единствените европски земји што не спроведе строги мерки за ограничување на коронавирус. Ситуацијата за ограничување е таква што сите услуги остануваат отворени. Фудбалската лига на Белорусија сè уште се игра. Единствениот ограничувачки чекор што Белорусија го презеде до сега е дека училишните празници се продолжени.

Лукашенко е со мислење дека целосно заклучување е непотребно. Слични вакви ставови се искажани и од многу реномирани научници. Неодамна, индиски лекар го демонтира официјалниот наратив за Коронавирус . Тој потенцира дека „стресот влијае на здравјето“ и рече дека стравот не е неопходен затоа што на крајот луѓето ќе развијат природен имунитет на овој вирус. Тој е еден од се повеќето експерти што се залагаат дека животот мора да продолжи непрекинат.

Претседателот на Белорусија не е првиот што го изложи притисокот што го вршат глобалните агенции среде кризата со коронавирус за да ја продолжат својата агенда.

Претходно, во шокантен развој, претседателот на Мадагаскар поднесе сензационално тврдење дека СЗО Понуди 20 Милиони Долари Мито ако си го Укинеме Домашниот Лек за Ковид наречен COVID-19 Organics, направен од Артемизија.

Претседателот на Танзанија ја исфрли СЗО од земјата Откако СЗО Тестира Како Позитивни со Ковид Испратени Примероци од Прч, Папаја и Фазан!Неколку дена по потегот на Танзанија и Бурунди го исфрли и тимот на Коронавирус на СЗО од земјата за мешање во внатрешните работи.

Исто така, во  таен извештај беше откриено дека Гејтс Понудил 10 Милиони Долари Мито Пратениците Тајно да Изгласаат Закон за Насилна Вакцинација во Нигерија! По што, Италијански Пратеник Побара во Парламентот Италија да го Уапси Бил Гејтс за Злосторства Против Човештвото!

Италијанската пратеничка, исто така, ја изложи агендата на Бил Гејтс во Индија и Африка, заедно со плановите за чипување на човечката раса преку програмата за дигитална идентификација ID2020.

 

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар