Сашо Панговски за Софистицираната Изборна Кампања: Гласај за Скопените ДПНЕ Инаку Сите Ќумриме од Вирусо!
Сподели на социјалните платформи:

 

Сашо Панговски од Движење Бојкотирам ја вивисецира претстоечката скроена во најголема тајност, математичко-прецизна и како што веќе станува традиција последниве години, убедливо-губитничка изборна кампања на ДПНЕ, под изборниот слоган: Гласај за Нас Скопените ДПНЕ Инаку Сите Ќумриме од Вирусо, која е изработена и сублиминално веќе промовирана од врвни ретро ПР фирми и поединци од 80-тите. Инаку кампањата е природно продолжение на исто така математичко губитничкиот слоган од претходните Локални 2017 и ПИ 2018 (кои дојдоа веднаш по 27-мо априлското туркање гаќи и предавање на Македонија на душманите на тацна и без борба и покрај победени избори и свој Претседател, еееееј!) кој тогаш гласеше, Гласајте за Нас, Помало Лајно Сме од СДС! Инаку секоја сличност во текстот меѓу стилот на пишувањето за коронавирусот и стилот на обичниот грип е, хм, хм, случајна:

Јас сум против Короната и нејзиното дејство.
Може некому нема да му се свиди моето мислење, но јас не сум во бизнисот на свиѓање.

Кој реално може да го победи Ковид-19?
Ете некои мајмуни шо крадат народни зборови, #ДвижењеБојкотирам. Можат ли да ја победат Короната? Не. Па и сите 10 да умрат од Корона, не можат. Кај им се делата? Само хаштази, ни еден заразен, ни еден мртов. Бруки.
Па тие #Родина, собраа ли 1000 инфицирани? Не. 1000 инфицирани не можат да соберат, Корона ќе победуеле.
#Интегра? Па какви протестанти се тие бе?
Колку протести против Корона напраиле? Нула.
Ништо и од нив.
#Солза и #Глас. Короната е опасна, не треба ни у очи да чепкаш ни у уста. А солзите идат од очи, гласот од грло.
Не, и они не можат.
#Бачев, е он нешто може да победи малку, у Демир Капија може да ја победи Короната, ама толку. И он да фати Корона и да цркне – џабе, толку е капацитетот. И секад сум го објавувал ја, цела програма кај мене му идеше, сите 7 реда, ама џабе, не може он против Короната.

Е сеа да, ќе речете вмро – ДПМНЕ се тиња, Мицкоски не е тој лидер као шо го замишљавме, точно, он проба да фати Корона у Ташмаруништа – а ти кај проба? Проба и у Битола Корона да фати, додека Короната беше у Скопје – А ТИ КАЈ ПРОБА ДА ФАТИШ? Никаде? А така. Да ти каже сеа батко Пази Дупе нешто.
Тачно е, вмро – ДПМНЕ не искочи од собрание, гласаше за НАТО и покрај шо ти гласаше против на референдум, Тачно, шетаа Ташмаруништа, Широк сокак, А ТИ КАЈ ШЕТАШЕ? А? А?
Значи да повториме.
Спас од Короната носат само вмро- дпмне и Мицкоски.
Да, и мене не ми е идеално, АМА САКАШ ДА УМРИМЕ СИТЕ?
НЕ?
Епа мораш да гласаш за нив.
А ТИ ШО НАПРАИ?
Гласаше 2016-та?
Да?
ЕПА АКО НЕЌИШ ДА УМРИМЕ СИТЕ, МОРАШ ПАК.
Знам, знам, не е идеално. АМА ТИ ШО НАПРАИ?
А?
А?
Абе 60.000 километри иам на џипот, ти со мене ќе мериш кур? А?
Да бе….по земја ми се влече ауспухот од џипот, ама амерички е. Со него до Москва сум бил, кај Путин под прозор. А ТИ ШО НАПРАИ?
ГРЧКА САЛАТА 20 ГОДИНИ НЕАМ ЈАДЕНО БЕ КОПИЉ!
Ај гласај за вмро – дпмне и Мицкоски и не паламуди многу.
Зошто?
Па зошто Ќумриме сите ако не гласаш бе цреп.
Ај гитла сеа.
Никогаш Корона само Хидро-Мицко.

 

Остави коментар