8-кратно Преувеличена Статистиката за Корона Смртноста во Италија, Втор Ден на Пад на Ширењето на Вирусот!
Сподели на социјалните платформи:

Просечната старост на смртните случаи од коронавирусот во Италија е 81 година, и од нив кои само 12% случаи навистина имаат директна врска со коронавирусот, тврди доктор од Италија. Професорот Рикарди вели дека стапката на смртност во Италија може исто така да изгледа висока поради начинот на тоа како лекарите бележат смртни случаи.

„Начинот на кој ние кодираме смртност кај нас е многу дарежлив во смисла на тоа дека сите луѓе што умираат во болници со симптоми слични на коронавирус се смета дека умираат од коронавирусот.”

При повторната проценка од страна на Националниот институт за здравство, само 12 проценти од уверенијата за смртни случаи покажаа директна каузалност од коронавирус, додека 88% од пациентите кои починале имале барем една и поинаква пред-морбидитет болест – многумина имаа две или три” вели италијанскиот професор Рикардо.

И друга италијанска студија потврди дека повеќето од пациентите кои починале од коронавирусот претходно имале некој вид на болест или постоечка здравствена состојба, пишува Breitbart News.

Според студијата на италијанските здравствени власти, кои ги испитувале медицинските досиеја што вклучуваат жртви на коронавирус во нацијата, повеќе од 99% од смртните случаи на коронавирус во Италија биле луѓе кои претходно биле болни или имале некаков вид на постоечка медицинска состојба, како што е висок крвен притисок или дијабетес.

И конечно добра вест за Италија: Забавувањето во нови случаи и смртните случаи укажуваат на прелом на бранот на избувнувањето на епидемијата во земјата.

Имено, Италијанската агенција за цивилна заштита штотуку извести за втор ден на пад на нови случаи, нудејќи им надеж на Италијанците и глобалната заедница, во време кога владата во Рим се бори да ја забави епидемијата.

Ненадејно, околу три недели наназад, Италија забележа неочекувана експлозија на случаи прво во Ломбардија, потоа низ северна и централна Италија, а потоа конечно и на италијанскиот југ.

И откако се чинеше дека случаите достигнаа највисоки бројки во последните две седмици тие бројки последниве два дена конечно се намалуваат.

Според здравствените службеници, бројот на нови смртни случаи пријавени во понеделникот се намалил на 601, од 651 во неделата.

Фокусирајќи се на епицентарот на коронавирус во Италија, најтешко погодениот регион на Ломбардија (каде се наоѓа Милано) се гледа сличен пад и во смртни случаи и во нови случаи, при што бројот на поќинати од Ковид-19 беше 320 заедно со 1.550 нови случаи, што е намалување од неделата, кога имало 361 смрт и 1.691 нови случаи, и од саботата, кога имало 546 смртни случаи и 3.251 нови случаи.

https://twitter.com/sahouraxo/status/1242105702883221504

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар