Странската Помош Корумпира, Не е за Народите Туку за Купување на Нивните “Елити” – Џејмс Бовард, Аналитичар!
Сподели на социјалните платформи:

Странската помош ги прави корумпираните земји уште повеќе корумпирани, потврдуваат и бројките и анализите, пишува авторот Џејмс Бовард на jimbovard.com и продолжува “Секогаш кога владата ќе добие странска помош, ја шири корупцијата … И има неколку подобри примери од сега актуелниот со зголемената корупција во Украина после Мајдан”, а ние би додале, и астрономското зголемување на корпуцијата во Македонија од страна на нелегитимната предавничка Хунта после нејзиното насилно и анти-уставно носење на власт од надворешни фактори.

Странската помош за намалување на корупцијата е како да се очекува да користите виски за лекување на алкохолизам.

Според студијата анализа на американската економска помош со статистика и бројки се заклучува дека “зголемувањето на [странска] помош е поврзано и предизвикува уште поголеми тековни зголемувања на корупцијата”, и дека “корупцијата е во стаистички позитивна корелација со помошта добиена од САД“.

Тоа беше година кога претседателот Џорџ В. Буш започна нова програма за странска помош наречена милениумските предизвици (МЦА). Буш изјави: „Мислам  дека нема смисла да им се даде помош и пари, на земји кои се корумпирани“. Но, администрацијата на Буш продолжи да испорачува милијарди долари за најкорумпираните режими во светот. До 2004 година, Стејт департментот имаше поврат на информации дека МЦА завршува во корумпирани џебови. Но тимот на Буш најде изговори за продлжување давање помош на МЦА за некои од најкорумпираните влади во светот, како на пример Грузија во тоа време.

Во 2010 година, претседателот Барак Обама прогласи пред ООН дека Америка „ води глобален напор за борба против корупцијата. „Помошниците на Обама изјавија дека Соединетите држави во минатото честопати се чини дека само фрлале пари без да решат проблеми“, објави тогаш „ Лос Анџелес Тајмс “. Но, реформата, беше разголена како коруптивна следната година кога конгресот се спротивстави на администрацијата на Обама и бараше спречување на непотребната помош.

И американските политичари и бирократи сакаат да продолжат со помош, без оглед на тоа како странските режими трошат пари или ги користат за да ги стават во јарем своите народи. Но тогаш државниот секретар Хилари Клинтон предупреди дека ограничувањето на доставувањата до нации кои не минуваат тестови против корупцијата „има потенцијал да влијае на неверојатен број приматели на помош од сиромашните“. Но после се виде и зошто и тука е и изворот на константното продолжување на корупцијата меѓу гобалните елити и нивните домашни слуги во странски земји. Затоа што Клинтон Фондацијата на Хилари и Бил зеде стотици милиони долари за сиромашните земји од кои само неверојатно мали 6,4% отишле до странски земји а 93.6% во џебот на Клинтоновци. Значи “помошта” ги корумпира и примателите земји и елитите на давателите како САД.

Администрацијата на Обама продолжи да истура десетици милијарди американски даночни долари во дупки како што е Авганистан, што дури и нејзиниот претседател Ашраф Гани, призна во 2016 година е „една од  најкорумпираните земји на светот“. И потопот од пари за помошта што ги доби авганистанската влада само ја влоши корупцијата. Како што забележа Џон Сопко, херојскиот специјален генерален инспектор за авганистанска реконструкција (СИГАР), „Треба да разбереме како американските политики и практики ненамерно помагале и ја зголемија корупцијата. Ние мора да ја препознаеме опасноста да се справиме со ликови или мрежи на несовесен углед, да толерираме злоупотреба, да прифатиме незначителни резултати и да испорачуваме неодржливи проекти“.

Остави коментар