Турција со Милијарда Долари Помош од Кина во Борба Против Финансискиот Тероризам на САД кон Лирата!
Сподели на социјалните платформи:
Договорот Кина-Турција за билатерална размена на валути и отфрлање на доларот на дело! Добробитта на туѓите народи, семејства и деца не вреди пет пари за меѓународната корумпирана елита! Рејтинг агенциите Муди, Стандард енд Пур, Фич, политички инструмент на глобалните банки со едно намалување на рејтингот во чист финансиски тероризам ти ја рушат валутата!

Последниве неколку месеци бевме сведоци како турската лира беше напаѓана од западниот глобалистички финансиски систем… и сега можеби имаме подобра претстава за тоа како Турција се одбрани од овој напад. Со вртење на грб на истиот тој систем и со вклучување во Евроазискиот  

Како билатералниот договор лира-јуан ја крена Турската лира по јунската интервенција на Кина

Како што пренесува Блумберг, според две лица со директно познавање на наведената материја, Турција во јуни 2019 примила средства од Кина во висина од околу 1 милијарда американски долари според договорот за билатерална размена, кој датира од 2012 година. 

Парите ги зголемија девизните резерви на Турција во изборниот месец и во време кога тие беа под интензивен напад на финансиски тероризам од страна на странските инвестициони фондови, странските банки и рејтинг агенциите. 

Девизните резерви на Турција во западни валутни термини биле практично сведени на нула.

Потврдувајќи ја анализата на Фајненшл Тајмс, поранешен висок функционер во централната банка на Турција, кој не сакаше да биде именуван, рече дека дополнителните долари биле позајмени, а не заработени. „Ова не е органски пристап кон зголемување на резервите на централната банка, туку помош од Кина во борбата против финансиските напади врз Турската лира.“

Така, Кина дојава на бел коњ за да го спаси Ердоган. Јунскиот прилив беше првиот пат кога Турција доби толку голема сума според билатералниот договор за директна размена на лира-јуан со Пекинг, рече овој бивш функционер на Турција.

Сега се поставува прашањето – која беше причината на Ердоган за ова. Дали конфликтот со НАТО околу одлуката на Турција да инсталира руски ракетни одбранбени системи С-400 или овој „пријателски гест“ на Кина е подлабоко дизајниран да ја потврди ЕвроАзиската забрзана интеграција против поразениот западен неолиберален глобализам?

А за тоа како се спроведува финансискиот тероризам од страна на западните корумпирани елити против сите кои не се “послушни” користејќи ги Глобалните Финансиски Рејтинг Агенции кои не се ништо освен политички инструмент а не професионални проценувачи на економии, погледнете го видеото на меѓународниот експерт Горан Шумкоски, од 9:46 натаму, подесено е да почне точно од таму.

А за да се забрани било каква независна монетарна политика во корист на благосостојбата на своите народ од страна на само номинално Народните (или Централни) Банки на светот тука е ММФ со кошничката на валути со Права за Посебни Повлекувања (Special Drawings Right) на Кралот Долар и 4 помали вазалски валути кои единствени имаат право со додавање нули на компјутерскиот екран да креираат лажен кредит од воздух и да ви го дадат вас за да го отплаќате со вистинска доларска камата. А и ако тоа не ве вразуми тука се и ред рејтинг агенции а всушност политички инструмент на глобалните банки како Муди, Стандард енд Пур, Фич, (Moody, Standard & Poor, Fitch) кои со едно намалување на рејтингот во чист финансиски тероризам ти ја рушат валутата како што неодамна беше случај со Лирата во Турција или уште поодамна Рубљата во Русија, обеднувајќи го народот и економијата и нивната а меѓународната куповна моќ за 10% или 30% или 50% преку ноќ. Добробитта на туѓите народи, семејства и деца не вреди пет пари за меѓународната корумпирана елита.

 

 

 

Остави коментар