Христијанските малцинства збришани од Ирак и Сирија од сојузниците на САД, ИСИЛ, а на Соросоидите око не им трепнуе. Од почетокот на 2019 по 11 христијани дневно се убиваат поради верата!
Жално и страшно е дека глобалната војна против христијаните се влошува. Групата „Отворени врати“ ја објави својата листа на светски набљудувања за 2019 година за глобалното прогонство со оваа застрашувачка забелешка: „Прогонот на христијаните се зголемува со вознемирувачка стапка“. Според студијата „во 2019 секој ден 11 христијани се убиваат заради нивната вера само во првите 50 земји рангирани на Списокот за светски набљудувања“.
Еве неколку други вознемирувачки статистики. Секој месец:
- 345 христијани се убиени од причини поврзани со верата.
- 105 цркви и христијански згради се изгорени или нападнати.
- 219 христијани се приведени без судење, уапсени, осудени и затворени.
Периодот на прибирање податоци за листата за 2019 година покажува некои други неверојатни информации за христијаните во првите 50 земји за прогон и најопасно да се биде христијанин. Христијански жени се најмногу прогонети. Според студијата „Отворени врати“: „на многу места, жените доживуваат двојно гонење – едно поради тоа што се христијани и друго за тоа што се жени. Убиствата и силувањата на жените е клучно средство за уништување на малцинската христијанска заедница низ светот. Овој вид прогон е тешко да се процени затоа што е скриен – во многу култури каде жените се специјално нападнати, е невозможно да се пријават точни бројки“. Сепак, јавноста е запознаена дека десетици илјади Јазиди жени христијанки беа силувани и користени како робинки од страна на партнерите на САД, ИСИЛ, и никој не презеде ништо.
Христијанско прогонство во самиот САД? Не се чудете. Наводно толерантните Соросиди во САД се повеќе од нетолерантни кон оние кои не се приврзаници на нивните верувања и агенди. Традиционалните христијани се напаѓани на секое ниво до степен дека е нападнато целото христијанство во САД. Верските чувства и верувања се брендирани како нетолерантни и расистички. На пример, пекарот во Колорадо, Џек Филипс, беше обвинет бидејќи поради неговите христијански верувања се ја одби порачката на клиентот за израбтка на “геј” торта.
„Во Бога имаме доверба“ беше основен столб во раѓањето на Американската нација, но сепак таквата фраза сега се смета за навредлива и во многу владини институции се отстранува. Учител во Њу Џерси беше суспендиран затоа што на ученикот му дал Библија, а фудбалски тренер во државата Вашингтон бил суспендиран затоа што се осмелил да каже молитва пред натпревар. Кој некогаш би помислил дека доцните абортуси ќе станат не само прифатливи, туку и ќе се бранат како женско право? На конзервативните говорници им е забрането да зборуваат на училиштата и универзитетите, додека фашистичките групи на омраза, како Антифа, се пофалени од многумина од страна на Соросоидните глобалисти. Слободата на вероисповест забрзано се намалува – особено ако сте христијанин.