Некогаш многу одамна некој има кажано дека слободата скапо се плаќа и тоа е точен факт. Од историјата знаеме дека човештвото, луѓето, народите и нациите крваво и скапо ја платиле својата слобода низ различни крвави револуции, востанија, војни со многу жртви слободата се плаќала. Така е и со нас Македонците кои низ вековите со различни востанија Разловечко, Кресненско, Илинденско востание, низ крвавата втора светска војна се избори за својата слобода кои некој денеска сака да му ја грабне.
И навистина слободата е пресветла работа за кои човекот заслужува да се бори. И од моето животно искуство можам да кажам дека навистина цената е премногу висока за да се добие слободата и правото на избор кој е врзано за неа. Јас сум единствен од моето потесно семејство кој сум ја сменил својата вера сум прешол од православије во протестанска вера. Сам сум ја избрал без никој да ме тера, бидејќи не сум можел да ја најдам она духовност која ми била потребна во православијето, сум го искористил своето право да си побарам алтернатива и за тоа скапо сум платил и сеуште си плаќам, сум јадел шамарчиња почнувајќи од моето сопствено семејство па се нагоре, но сум бил свесен дека имам право на избор и дека тоа неможе никој да ми го скрати како и дека борбата за слободата на правото на избор ќе биде многу тешка.
Исто е, и со македонскиот народ тој има право на избор да постои како народ и низ историските векови нашиот народ се изјаснил дека е македонски народ и денес нема никој тоа право да му го оспорува. Ние Македонците не бараме ништо повеќе од она што го имат останатие народи во светот, а тоа е правото да бидеме и да го изразиме она што ние внатре го чуствуваме, а тоа е правото да се изразиме и изјасниме како Македонци како и што се чуствуваме и на тоа право има секој жив човек на светот, па така и ние Македонците.
Да се вратам на темата слободата скапо се плаќа! да навистина! денес да бидеш слободен човек, слободно да мислиш, да твориш навистина треба скапо да се плати. Јас како личност секогаш сум се борел за слободата која од Бога му е дарена на човекот. Да потсетам правото на избор на човекот му е даден уште од самото создавање. Секогаш кога сум го читал стариот завет на почетокот пишува дека прародителите Адам и Ева згрешиле и преку нив влегол гревот. Кога бев дете се прашував зошто Бог не ги уништил и на нивно место не создал нови луѓе, подоцна како растев така ми стануваше се повеќе јасно дека Бог на луѓето им дал право на избор помеѓу доброто и лошото, ако е така тогаш кое е она вавилонско здружение во Брисел нас да не оспоруваат и да не ни го дават правото на избор, зарем тие се над Бога?
За мене слободата во политиката значи да не бидеш врзан со ланец за некои лидер или политичка партија. Секогаш сум подржувал некоја политичка идеја, политичка програма, политичка филозофија, па дури и некој политичари кои сум гледал дека нешто добро работи, но никогаш не сум пишувал за некои политичар страствено или страствено навивал за некои политичари, ниту за домашните, ниту пак за странските политичари. И јас сум можел да градам својата кариера и својот живот на сметка на политиката како тоа што многумина го прават, но јас свесно знам дека оној момент ако дозволам да се случи тоа, тогаш губам све! вклучувајќи ја слободата, слободата на говор.
Добивката што би ја направил на сметката на некоја политичка партија или лидер би се користело како средство за мое замолчување, со што би си дозволил со мене да се прави пипирефка со што би бил доведен во состојба да не можам слободно да говорам и пишувам, за ова од секогаш сум бил свесен и поради тоа свесно сум ги одбивал тие понуди. Само да би знаеле колку понуди имам одбиено во државна служба, се само за да останам слободен и да имам право на слободен говор.
Во животот секогаш се има право на слобода, право на избор, секогаш се има алтернатива во секоја област, па така и во политиката.Се сеќавам кога студирав на правниот факултет, во прва година кога го слушав предметот вовед во право кај Александар Спасов на едно негово предавање ни наметна дискусија дека немаме избор во политиката дека единствен избор ни се ЕУ и НАТО, па јас и колегата Мартин му рипнавме велејќи му дека имаме право на избор, дека покрај тоа што можеме да бидем учипени во ЕУ имаме право да бидем неутрални во меѓунродните односи (како Швајцарија), тој на тоа ни одговори дека за тоа нас никој не не прашува, за тоа одлучувале големите сили.
Никој не рече дека добивањето на неутрален статус или менувањето на позицијата во меѓународните односи ќе оди така лесно. Се разбира за да добиеме статус на неутралност кои за мене преставува единствена слобода во меѓународните односи, бидејќи врзувајќи се за запад или исток ќе мора секогаш да слушаме некој над себе и да ги застапуваме неговите интереси наместо сопствените. Тоа нема да биде така лесно! затоа ќе престои борба. Но ние ако како народ и држава сме го зацртале тоа, секако дека ќе го постигнеме. Да ќе има жртви на тој пат. Исто како 1948 година кога имаше жртви така и сега ќе има. Слободата без жртвување не се добива, за неа човекот се бори.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија