“Братското” Предавство на Вистинските Патриоти од Страна на Лажните за Рака Колнати Пари – Оливер Ошавковски!
Сподели на социјалните платформи:

Патриотите се арчат по затвори додека оние кои ги с’скаа сега разговараат со уништувачите на Македонија за како да го уновчат својот задник на штета на Македонија и на браќата в зандани. “Лично, не очекував дека ќе ме предадат најблиски луѓе, но уште помалку очекував дека на истите ќе им се заблагодарам, зошто тие ме научија на најважните лекции во животот. Никогаш не верувај безусловно!” – Оливер Ошавковски, в затвор во Штип, Македонија! Целиот негов напис во продолжение:

Дали зборот “предавство” претставува човечка работа? Или спаѓа во оние животинските? Дали се работи за инстинкт, за казна или скриена желба? Дали може да биде прочитано во очите или го пишува на челото? Дали луѓето се свесни дека те повредиле дури и кога мислат дека не го знаеш тоа? Предавничкото чувство се намирисува, едноставно го имаш, го носиш, го гледаш. Никој не може да ти го докаже спротивното. Понекогаш тоа е толку цврсто, што неизбежно прераснува во опсесија.

Постојат различни видови на предавство, од различни типови на луѓе. Скоро сум сигурен дека секое од нив ми го имаат направено. Откако ќе бидеш искористен повеќе пати, после тешко е да веруваш на некого и веќе не можеш да бидеш сигурен дека не си предаден дури ни во моментот кога ти е најубаво.

Лично, не очекував дека ќе ме предадат најблиски луѓе, но уште помалку очекував дека на истите ќе им се заблагодарам, зошто тие ме научија на најважните лекции во животот. Никогаш не верувај безусловно! Потребно е долго време за да изградиш цврста скала на доверба, а потребни се само секунди истата да биде расштимана и од неа да паднеш. И што после? Да глумиш полицаец, да испрашуваш, да те гонат налудничави мисли, да станеш параноик? Ништо од тоа нема да ти помогне. Можеш само да одлучиш да веруваш, но секогаш со доза на претпазливост и брзоплета спремност.

Јас одамна ја изгубив довербата во човештвото. Од моментот кога луѓето почнаа да си ги погазуваат сопствените зборови, од истиот оној момент кога некои се навраќаа безброј пати таму каде што некогаш застанале со причина. Некои како мене. Да беше животов филм, луѓето ќе беа лекомислени. Ќе веруваа во сè и сешто, ќе се појавуваа баш таму каде што ти требаат, ќе се враќаа баш тогаш кога ќе сакаш, ќе ти ги читаа мислите… но, не е. Воопшто не е!
Некои за парите клети
ние за буквите свети!
#ВМРО
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

2 thoughts on ““Братското” Предавство на Вистинските Патриоти од Страна на Лажните за Рака Колнати Пари – Оливер Ошавковски!

  1. А што очекуваше, да те предадат непријателите?
    Е Оливер Оливер, може е малку грубо ама секогаш кога не сакаш да учиш на туѓи искуства ќе мора да учиш на потежок начин на свои искуства и на своја кожа.
    Непријателите секогаш треба да ги чуваш колку што може поблизу, тие никогаш нема да те изневерат, а пријателите е тие се посебна сорта нив треба да ги пазиш и чуваш.

    Во врска пак со онаа “одамна ја изгубив довербата во човештвото“ е тука се разликуваме барем 102,3% затоа што јас никогаш нема да изгубам доверба во луѓето-човештвото, едноставно непоправлив оптимист сум, секој потклекнува и понекогаш губи надеж и правец но тоа никогаш нема да ме натера да изгубам доверба во луѓето!

Остави коментар