Италија со Закон го Враќа Златото во Сопственост на Народот! ЕУ и Марио Драги: Не, Вашето Злато е Наше!
Сподели на социјалните платформи:

Бунтот на слободлјубивите народи против корумпираните елити не е од бес! Од кражбата на ресурсите и финансиското ропство ќе да е! Италија има огромни 104$ милијарди злато! Но ете не било нивно, на приватните банкари било. А каде се Македонското злато и ресурси?

Додека дискусиите околу плановите на патриотската влада на Италија како да го преминат наметнатиот буџетски дефицит за да финансираат својата агендата за намалување на даноците и социјалните трошоци беа ударна вест која ги преполни насловите на италијанските медиуми, тивко помина прашањето за тоа кој ги поседува 2.451 метрички тони од резервите на Италијанско злато што ги држи Банката на Италија.

Но, тоа наскоро ќе се промени откако Европската Централна Банка (ЕЦБ) побара од Лигата на Салвини, доминантна партија во владејачката коалиција во Италија, да го отстрани упатувањето до Банката на Италија која држи злато како “ексклузивен депозит ” пишува Блумберг.

Превод? Ако Италија не е дозволено да го држи италијанското златото под титулата екслузивен Италијански депозит, тогаш златото на Италија сега правно и припаѓа на ЕЦБ.

Сегашнава ескалација над италијанското злато “титула” доаѓа два месеци откако Вол Стрит Џурнал објави дека владејачките патриоти на Италија ги зголемија напорите да ја преземат контролата врз централната банка (која не е ни централна ни народна туку сопственост на приватни банки) и нејзините златни резерви.
Со критиките на Италијанската влада дека стотици илјади мали индивидуални инвеститори изгубија милијарди долари откако неколку италијански банки пропаднаа во последниве години, актуелната италијанска влада ја прикажува Италијанскат централна банка како симбол на технократска елита, која е оддалечена од потребите на обичните Италијанци.

Ние треба промена на курсот во Банката на Италија, ако размислиме за тоа што се случило во последните години“, рече заменик-премиерот Луиџи Ди Мајо, лидер на Движењето 5 ѕвезди. Кратко потоа, пратениците од 5 ѕвезди побараа од парламентот да донесе два нацрт-закони.

Еден закон ќе им наложи на сопствениците на централната банка, повеќето од нив приватни банки, да ги продаваат своите акции на италијанската државна каса по цени од 1930-тите.

Другиот закон ќе го прогласи италијанскиот народ да биде сопственик на резерватот на Банката на Италија од 2451,8 метрички тони злато, во вредност од околу 102 милијарди долари по тековни цени.

Златото им припаѓа на Италијанците, а не на банкарите“, рече Џорџа Мелони, лидер на “Браќата на Италија”, десничарска опозициска партија, која ги поддржува двете главни партии.” Ние сме подготвени да се бориме насекаде во Италија и да ги донесеме Италијанците на улиците ако е потребно.”

Инаку Италијанското злато е далеку од ситна занемарлива работа. Италија е четврта по големината на златните резерви во светот! Дури и пред Русија и Кина кои наскоро ќе ја престигнат бидејќи купуваат огромни количини злато.

Досега не се водеа никакви борби, но откако Драги й кажа на Италија дека нејзиното злато сега припаѓа на централната банка со седиште во Франкфурт, се очекува тоа да се промени (повеќе детали кога коложег.инфо во април годинава пишуваше за предложените закони).

Европската комисија привремено го одложи почетокот на постапка за “прекумерен долг” – процес кој веројатно ќе резултира во Италија да стане првиот член на еврозоната кој ќе се соочи со парична казна (потенцијално над милијарди евра) за кршење на  фискалните правила на блокот.

Според извештаите, ЕУ во паника и даде на италијанската влада повеќе време за да се обиде да најде компромис. Во меfувреме, Лигата и Движењето на пет ѕвезди продолжија со планот за италијанското Министерство за финансии и Банката на Италија да издаваат мини-БОТ – обврзници кои би помогнале на италијанската влада да ги исплати заостанатите плаќања, а кои критичари ги нарекоа паралелна валута. Претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, го осуди планот како чекор кон отворање паралелна валута.

Сега, исто како што цените на златото се искачуваат на највисоко ниво за шест години, ЕЦБ и порачува на италијанската влада да знае дека нема да и дозволи на Банката на Италија да ги продаде резервите на злато за да им помогне на за спас и развој на Италијанската економија и проблематичните финансии во земјата.

Италија е четврта по големината на златните резерви во светот! Дури и пред Русија и Кина кои наскоро ќе ја престигнат бидејќи купуваат огромни количини злато.

Во само уште еден пример на како ЕЦБ го зголемува финансискиот притисок врз италијанската влада. Кон крајот на минатата година, кога се расправаше за буџетската битка помеѓу Рим и Брисел, ЕЦБ суптилно се закани дека ќе се повлече и ќе го уништи италијанскиот финансиски систем, ако италијанците не слушаат.

Доаѓајќи да ги украдат и Италијанските резерви на злато е само уште една тактика од страна на ЕЦБ да ги доведе италијанските патриоти на колена за како и Грција да се согласат на вечното финасиско ропство кое им е спакувано.

Остави коментар