Русија и Кина Договорија Продлабочено Отстранување на Доларот и Билатерални Плаќања во Национални Валути!
Сподели на социјалните платформи:

За време на тридневната посета на кинескиот претседател Кси Јинпинг на неговиот како што рече најдобар пријател Владимир Путин во Русија, лидерите го потврдија својот зајакнат меѓусебен однос, истовремено изложувајќи ги нивните заеднички ставови за различни геополитички и трговски теми. Путин, Кси се спротивставија на военохушкачите изјави околу Венецуела и го поддржаа нуклеарниот договор со Иран.

Само еден месец по спроведувањето заеднички воени вежби, Русија и Кина потпишаа договор со кој ќе се зголеми веќе започната употребата на нивните национални валути во билатералната и меѓународната трговија, во обид целосно да се оддалечи од сегашниот финансиски систем базиран на доларот, изјави руската државна агенција ТАСС .

Договорено е Русија и Кина да ги вршат билатералните плаќања во националните валути, да поттикнуваат и да го прошират користењето на националните валути преку промоција на нивната употреба при потпишување на меѓународни трговски договори. Според договорот, страните, исто така, ќе преземат потребни мерки за укинување на постечките бариерите за плаќања во националните валути. – ТАСС

Кремљ во средата објави декрет во кој се наведува “плаќањата за стоки, услуги и директни инвестиции меѓу економските субјекти на Руската Федерација и Народна Република Кина се прават во согласност со меѓународната пракса и законодавството на двете држави со употребата на руската валута (рубли) и кинеската валута (јуани) “.

Според нацртот, Москва и Пекинг ќе соработуваат за развивање на национален систем на плаќања, заедно со прекугранични плаќања во национални и други валути.

“Страните ја продлабочуваат соработката во областа на националните системи за платежни картички и во рамките на руското и кинеското законодавство им даваат поддршка на комерцијалните банки во нивното самостојно одлучување за пристапување во платниот систем во државата од другата страна”, се вели во документот.

Минатиот ноември рускиот премиер Дмитриј Медведев го најави дозволувањето за користење на кинеската UnionPay кредитна картичка во Русија и Руската картичка Мир во Кина.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев (лево) и кинескиот премиер Ли Кекианг во Големата сала на народот во Пекинг во ноември. Фото: ЕПА

Ниту една валута не треба да доминира на пазарот, бидејќи тоа не прави сите нас зависни од економската ситуација во земјата која ја издава оваа резервна валута, како што се САД”, рече Медведев минатата година.

“Сакам да кажам нешто што може да подигне неколку веѓи, но мислам дека некои од овие санкции на САД се добри и корисни, бидејќи нè принудија да го направиме она што требаше да го направиме пред 10 години , додаде тој.

Пекинг и Кремљ значително ја зголемија соработката во последниве години. Во средата кинескиот претседател Кси Јинпинг промовираше ново ниво на односи со Русија за време на неговата тридневна посета. Чекор по чекор, успеавме да ги донесеме нашите односи на највисоко ниво во историјата”, рече Кси. 

Рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи, како што го започна состанокот, врските меѓу двете земји се “на невиден степен на развој”.

Ние потврдивме дека позициите на Русија и Кина за клучните светски проблеми се блиски или како што велат дипломатите, се совпаѓаат“, изјави Путин по првиот круг разговори со Кси – кој тој го нарече “драг пријател”.

Кси, кој ќе се обрати на водечкиот инвестициски форум во родниот руски град на Путин, Санкт Петербург, ќе потпише околу 30 документи по разговорите фокусирани на трговијата, инвестициите и енергијата . Билатералната трговија минатата година се зголеми за околу една четвртина до рекордни 108 милијарди долари. Првиот државен гасовод за природен гас од Русија кон Кина – Сила на Сибирот,  треба да се отвори подоцна оваа година и Кина ќе инвестира во рускиот проект Јамал Арктик за ЛНГ. – Блумберг

Во врска со иранската нуклеарна програма, Кси рече дека поради “екстремен притисок” и унилатерални санкции наметнати од САД, “иранското нуклеарно прашање и ситуацијата на целиот Блиски Исток ескалираа и ситуацијата е загрижувачка“.

“Сеопфатниот договор за иранското нуклеарно прашање е резултат на мултилатерализмот. Тој е од суштинско значење за меѓународниот режим за неширење на нуклеарното оружје и за мирот и стабилноста на Блискиот Исток и треба да се почитува, како и целосно и ефективно да се спроведува”.

“Кина и Русија се многу конзистентни во нивните ставови и ставови за иранското нуклеарно прашање “, рече Кси.

Кси донесе и две кинески панди и ги донира на зоолошката градина во Москва. Подоцна, кинескиот лидер присуствуваше на отворањето на кинеската фабрика за автомобили , пред да добие почесен докторат од Универзитетот во Санкт Петербург во четвртокот.

 

Остави коментар