Почнува Епска Битка! Италија Усвои Паралелна Валута со Еврото во Одговор на Неправедната Буџетска Казна од ЕУ!
Сподели на социјалните платформи:

Италија се соочува со казна од ЕУ за “прекумерен дефицит”, прва ваква казна изречена во историјата на ЕУ. Одговорот на Италија е да го оживее предлогот за паралелна валута, минибот, или Лира-во-Сенка. Како што јавува Ројтерс, ЕУ би можела да удри 3 милијарди евра парична казна за Италија за преголем државен долг .

Европската комисија може да изрече парична казна од 3 милијарди евра за Италија за кршење на правилата на ЕУ поради зголемувањето на долгот и нивоата на структурен дефицит, рече во вторникот заменик-премиерот на земјата, Матео Салвини.

Салвини, чија патриотска партија Лигата победи на европските избори во неделата, рече дека ќе ја искористи “сета моја енергија” за да се бори против тоа што рече дека се застарени и неправедни европски фискални правила.

Ајде да видиме дали ќе го добиеме ова писмо, каде што ни даваат парична казна за долг што се акумулирал во минатото и ни велат да платиме 3 милијарди евра“, изјави Салвини во интервју за RTL радио.

И што е најиронично и показател за структурната недемократичност и вградената струтурна слабост на ЕУ е дека Франција која исто така ги крши овие правила не добива казни. Едноставно, целта е да се казни Италијанскиот Народ кој гласаше за патриотот Салвини. и народите го гледаат тоа и оваа несправедливост е во коренот на сегашното распаѓање на ЕУ.

Франција и Италија, клучни сличности и разлики

  • Сегашната дебата е за прекумерниот долг, а не дефицитот.
  • Италија е во проблем со долгот, а не со дефицитот, но предложениот нов буџет ќе ги наруши и двете.
  • Франција веќе ги крши двете групи на броеви, но во нешто помал степен.
  • Во суштина, постои еден сет на правила за Франција и Германија и уште еден сет на правила за сите други.

Предлог за Паралелна Валута

Салвини најави дека Италија ќе ја активира својата “паралелна валута” во одговор на ЕУ ултиматумот пишува Дејли Телеграф.

Јас не управувам со земја на колена“, рече Матео Салдини, откако ги победи на изборите исто така убедливо како и партијата Брексит во Британија.

Силите на Лига повеќе не можат да бидат задржани, дури и од италијанската “елита” на нивниот Дип Стејт. Неговата партија командува со 40 отсто од земјата, заедно со евроскептичките конфедерати од Браќата на Италија и Салвини може да предизвика предвремени избори во секое време.

Со некој маниакален рефлекс, ЕУ Комисијата пред умирање на Жан-Клод Јункер го избра точно овој момент за да го изготви првото обвинение на една ЕУ држава за долг и дефицит. Италија се соочува со 3,5 милијарди евра од казни за неуспехот да го заостри ременот. И има 48 часа за да одговори.

Ние не сме Грција“, изјави Клаудио Борги, претседател на комисијата за буџет на Италија. “Ние сме нето-придонесувачи во буџетот на ЕУ. Имаме трговски суфицит и вишок на примарен буџет. Ништо од никого не ни треба. И ние сме во подобра форма од Франција.

Јас нема да се откажам од својата програма и својот народ за некое глупо бирократско правило”, рече Салвини.Додека невработеноста не падне под 5%, имаме право да инвестираме. Имаме региони каде невработеноста кај младите е дури 50 проценти. Ни треба лек како оној на Трамп, позитивен фискален шок за рестартирање на земјата“. Неговиот план е вложување 30 милијарди евра, предводено од рамен данок од 15 проценти.

И ФТ објавува и потврдува дека овој паралелен предлог на валута е оживеан:

Во Италија се интензивира дебатата околу предлогот на владата за воведување нови домашни валути за да ги плати долговите – и можноста коалицијата во Рим да ја искористи за заминувањето на земјата од еврото.

Истакнати членови на владејачката Лига на заменик-премиерот Матео Салвини го објавија предлогот – што беше потврдено со гласањето во италијанскиот парламент минатата недела.

Загриженост во врска со ризикот за Еврото кој ќе ја урне и самата ЕУ

Германската Бундесбанк предупреди дека би можела да се соочи со големи загуби ако една од главните земји го напушти еврото и ќе ги повлече долговите кон системот на Европската централна банка. Прочитај повеќе овде: Германската Бундесбанка за ризиците за Еврото по декретот за “паралелна валута” на Италија. Но исто така Бундесбанк предупреди дека секој обид да се спречи таква криза би можел само да предизвика шпекулативен напад и дека фактики одбрана нема.

Анализата е многу чувствителна и доаѓа само неколку дена откако бунтовничката влада на Лига и движењето Пет Ѕвезди во Италија донесе декрет во италијанскиот парламент со кој се дозволува создавање паралелен систем на плаќање познат како “минибот”, шема која критичарите ја гледаат како закана за интегритетот од еврото и потенцијална “лира-во-сенка”.

И така, тука сме, пред прагот на распадот на Еврото.

Италија им должи на кредиторите близу половина трилион евра. Ако Италија се откаже да плаќа, остатокот од земјите треба да се брцнат во џебот врз основа на тежински процент на БДП.

Интересно, според правилата на ЕСМ (Европски Механизам за Стабилност), ако Италија не ја исполни обврската, Италија ќе биде одговорна за 17,91% од својот цел долг.

Германија ќе биде одговорна за 27,14% од целата сума.

Шпанија, која веќе има обврска за Target 2 од 403 милијарди евра, ќе биде одговорна за собирање на 11,9% од 481 милијарда евра.

И овде не се вклучени и 17,9% што Италија секако нема да ги плати и дополнитлено ќе паднат на грб на другите.

Кој Победува?

Одговорот е забавен. За да го спречи Бепе Грило и неговото движење од 5 ѕвезди да влезат на власт, Италија ги променила своите изборни правила за да им даде на коалициите поголема моќ отколку партиите.

И непредвидениот резултат со кој глобалистите си пукнаа в нога е дека Салвини може да добие толку голема поддршка на следните избори што можеби ќе има супер-мнозинство во Парламентот, за да не му треба референдум за започнување на паралелната валута на мини-бот.

Официјалните претставници на еврозоната и ЕЦБ згазија одделни земји како Грција и Португалија, но сепак, Италија сега има превласт, ако одлучи да води војна.

Со Грција и Португалија, ЕЦБ ја презеде контролата и ги здроби нивните економии за досега да бидат финансиски робови на Германските банки.

Кој има превласт во овој епски дуел? Италија и се надеваме дека Италија ќе ја искористи оваа предност пред бирократите од ЕУ.

 

Остави коментар