Партијата на Фараж по Огромната Победа на ЕУ Изборите Бара Преговарачка Улога за Брексит и Излез од ЕУ!
Сподели на социјалните платформи:

Најџел Фараж внесе страв во срцето на британскиот политички естаблишмент бидејќи неговата Брексит партија победи на европските избори, освојувајќи дури 40 отсто од гласовите во некои делови на разочаранатата земја.

Фараж бара преговарачка улога за Брексит партијата по огромната победа на ЕУ изборите во Британија! Најџел Фараж предупреди дека ако Велика Британија не ја напушти ЕУ до крајот на октомври, тогаш главните партии ќе продолжат да претрпуваат загуби во гласачките кутии.

Никогаш порано во британската политика немало случај нова партија, која започна пред шест недели, да биде прва на врвот на националните избори“, рече тој во Саутемптон. “Причината, се разбира, е многу очигледна: гласавме да заминеме од ЕУ на референдум и тоа требаше да го сториме на 29 март годинава, а поради предавството на Владата на Британците и нивната референдумска волја ние сме се уште во ЕУ! Има огромна порака тука, партиите на лабуристите и конзервативците можат да извлечат огромна поука вечерва, иако не претпоставувам дека всушност ќе сакаат да ја слушнат“.

Тој изјави дека неговите европарламентарци, сакат да бидат дел од владиниот преговарачки тим. “Сакаме да ја преземеме одговорноста“, рече Фараж, “Ако не заминеме на 31-ви октомври 2019 тогаш резултатите што ги видовте за партијата Брексит денес ќе се повторат на општи избори, и ние се подготвуваме за тоа.” изјави Фараж!

Партијата Брексит освои речиси три пати повеќе места од Ториевците! Состојбата со изборните резултати во Велика Британија, Шкотска и Северна Ирска според излезните анкети е дека Партијата Брексит победи во секој регион, освен во Лондон.

Партија Брексит: 28 места (+28), 5.244.893, 31.6% (+31.6)

Либерал Демократи: 15 места (+14), 3.366.673, 20.3% (+13.4)

Лабуристи: 10 места (-8), 2.346.441, 14,1% (-11,3)

Зелените: седум места (+4), 2.010.328, 12.1% (+4.2)

Конзервативци: три места (-15), 1.510.874, 10.6% (-14.9)

Велшката Plaid Cymru: едно седиште (-), 163.928, 1.0% (+0.3)

СНП: нема места (-), 590.947, 3.6% (+1.1)

Промена на Велика Британија: нема места (-), 571.716, 3.4% (+3.4)

УКИП: нема места (-23), 549.159, 3.3% (-24.2)

Остави коментар