Срамот на Severxhanite! Не е Срамно под Принуда да Робуваш, Срамно е Доброволно да Слугуваш!
Сподели на социјалните платформи:

 

Најчесто, да се зачува слободата секогаш има можност со навремено спротивставување. Чување на слободата со разбивање на плановите на силниците додека уште не е развиена нивната сила. Но не мора да значи баш секогаш. Според запишаното во Библијата, според поуките од Црквата, навистина во ретки случаи, но постојат ситуации кога Бог понекогаш ги испитувал однесувањата ставајќи ги луѓето во ПРИВРЕМЕНИ (добри или лоши) положби и без нивна вина (или заслуга). Без вина во релативна смисла, во апсолутна смисла вина секогаш постои, затоа Бог и не е неправеден кога ја испитува верноста ставајќи во незавидна положба.

Но и кога кај еден народ постоело завидно ниво на трезна свесност. Кога тој народ со сета храброст и сила се спротивставувал на нападите од силеџиите. Кога-тогаш после многу превладувања кај некое поколение во свеста ќе се створи самообмана дека покрај привремените падови на крај победата е обезбедена и слободата само по себе и без многу труд ќе си дојде.
Зависно од условите постои соодветна одговорност за поколението кое се распуштило, западнало во лежерна (комформистичка) самообмана и за разлика од претходните не ја зачувало слободата за идните поколенија. Но тоа е потфрлување. Тоа сеуште не значи загуба на чесноста доколку потчинувањето НЕ Е ДОБРОВОЛНО.

И токму слободарските народи кои долго време биле непокорени кога еднаш ќе потфрлеле и биле потчинети, граблиците најчесто соседни народи, посебно имаат склоност за непрекинато да ги потискаат за тој народ да не ја поврати старата слава на непокорност.

Сите народи поминале низ времиња на потчинетост и затоа поробувањето не е срамно. Посебно не поробувањето под влијание на некоја светска сила. Од сила која со својата физичка моќ далеку ги надминува силите на нападнатиот народ.

Ние Македонците долго време живеевме и живееме КАКО НЕЧИИ РОБОВИ. Цел милениум сме потчинети без полна физичка слобода.

НО НИКОГАШ НЕ СМЕ БИЛЕ СЛУГИ!!!

Можат сами да се препознаат народите кои во одредени историски околности прифатиле да бидат слуги и да вршат работи во полза на своите господари.

ЕДНАШ СЛУГА ЗАСЕКОГАШ СЛУГА!
Робот насилно е подреден на силникот, додека слугата доброволно му служи на својот господар. Слугата има поголема физичко-материјална положба од робот, но е обезчестен, затоа што е личносно видоизменет. Робот е физички неслободен, но личноста му е непроменета. Додека слугата станувајќи слуга, се согласил да се угледува на господарот и почнува да ја губи својата личност. Да станува што е можно повеќе налик на својот господар. Слугата е во постојан процес на попримање туѓи личносни особини за да му удоволи на господарот.
Станувајќи слуга неговата задача во полза на господарот е да ги малтретира робовите како и да се бори против слободните за потребите на господарот. Бидејќи слугата се изневерил себе си тој ги мрази и слободните и робовите затоа што тие одбиле доброволно да станат како него слуги на господарот. И затоа и кога нема потреба дури и надвор од барањата на господарот, слугата со посебно уживање при секоја можност се изживува во злоставувањето над робовите. Слугата губејќи ја слободата на личноста го изгубил својот сопствен животен стремеж. Тој нема за што да живее. Така што неговата животна мотивациона храна е да се изживува над робовите и да ги натера и тие да станат обезчестени измеќари на господарот. Другите се сведоштво за неговиот срам. Лажно мисли дека срамот ќе го снема кога ќе ги снема непокорните и „сите ќе си живееме среќно во безчесност“.

Господарот никогаш не е задоволен само со поробувањето. Тој знае дека робот ќе ја чека својата шанса за да се дигне против него и повторно да се ослободи. Господарот ќе биде задоволен со изразот на својата моќ само тогаш кога робот ќе премине во СЛУГА – ДОБРОВОЛНО ПОТЧИНЕТ. Затоа што слугата не само што се откажал од борбата за слобода. Слугата станува непријател на слободата и се бори против сите кои се слободни или сакаат да се ослободат. Слугата со изменетата личност секогаш ќе има подредена (инфериорна) личносна сила во однос на личноста на господарот. Неговиот господар секогаш ќе биде оригинален углед за како тој како копија ќе треба да изгледа. Историски попатно изменетата народна (етничка) личност е скоро неповратно залутана (дезориентирана). За тие народи е многу тешко повторното осознавање на себе. Само мал број непокорни народи како што е македонскиот (иако поголемиот дел од минатото потчинети) ја зачувале својата изворна личност. Кај изгубените народи се знае каде е пресекот од кој произлегол денешниот идентитет. Кај изворните народи изворот на природниот идентитет е невидлив таму некаде далеку во минатото. Ова го дава одговорот зошто покрај како човеково право и етноисториски е важна одбраната на свесноста за старомакедонскиот континуитет.

Робот се бори според можностите и ЈА ЧЕКА СЛОБОДАТА.
Кога ќе дојде слободата робот е целосно слободен. Додека за слугата слободата е казна. Кога ќе дојде слободата тогаш слугата е посрамениот. Затоа тој веднаш бара нов господар и нова можност преку сервилноста кон силата на новиот господар да се изживува со соседите. Процесот на ослободување на робот е едноставен. Процесот на ослободување на слугата е едвај можен. Тој треба да помине низ процес на покајување, соодветно извинување до сите малтретирани слуги и напаѓани слободни, историско побарување и враќање на старата личност и преку жртвени дела во идни испитно-кризни ситуации докажување на доследна верност кон слободата.



SEVERXHAN-ОТ КАКО СЛУГА СЀМАКЕДОНОМРАЗАЧ

Ако во сето ова на местото на ‘Слугата’ се стави Severxhan-от се разјаснува несфатливото однесување на Severxhan-ите. Зошто еден некогашен дел од македонскиот народ повратно стана сѐмакедономразач!?

  • Зошто Severxhan-от дури и кога нема потреба секаде го употребува зборот Северна (North) Македонија!?
  • Зошто напаѓаат секаков излив на македонскo родољубие!?
  • Зошто ја користат секоја можност за бришење на македонската култура и сите национални обележја!?
  • Зошто се тие истите кои се прогонители на други Македонци!?
    – Истите кои обвинуваа луѓе за прозападна наклонетост сега обвинуваат за измислена проруска наклонетост!?
    – Истите кои уништуваа семејства за наводно бугароманство сега склучија најбугаромански договор!?
    – Истите кои …
  • Зошто ги сакат сите само не Македонците!?
    – Го обожаваат папата. Се гордеат што го примиле, а вековната Црква во која се осветувале со векови за нив е застарена институција.
    – Ги почитуваат ритуалите на муслиманите, ама православните обичаи сметаат дека треба да се искоренат.
    – Се “тепаат” за правата на педерите, изродите, проститутките, наркоманите, муслиманите, малцинствата. Ама не ги интересираат подобрувањата на правата на најзаслужните за материјалниот опстанок: работливите, земјоделците, поштените, вредните, семејните Македонци.
    – Благи се со казните кон џихадистите, монструмите, шверцери, но најстрого ги казнуваат прекршоците на уставобранителите и општо родољубите.
    – Ништо не им приговараат на сепаратистите, кантонизаторите, федерализаторите внатре во Македонија, но го премолчуваат споменувањето на Македонците во соседните држави.
    – Не сакаат во внатрешниот живот да се меша македонската дијаспора. но немаат приговор за постојаното организирано користење на албанската дијаспора.

Сите ги сакаат ама само „нивните“ Македонци се најодвратни, небањати, прости, расипани. „Нивните“ Македонци се најлоши од сите и виновни за сѐ.

Човек сѐ можи да изгуби спротивно на својата желба, само без негова сопствена одлука честа никој не можи да му ја одземи. Македонците иако се потчинети, понижувани, навредувани, економски осиромашени, политички окупирани…, НО НЕ СЕ КАКО НИВ ДОБРОВОЛНИ НЕПРИЈАТЕЛИ НА СЛОБОДАТА, ОБЕЗЧЕСТЕНИ СЛУГИ SEVERXHANI.

SEVERXHANIA како фантомска окупаторска градба ќе пропадне веднаш штом ќе се намали физичката принуда над Македонците. Но срамот на Severxhan-ите ќе им остане засекогаш.

Македонија на Македонците! (МнМ)
Срамот на Severxhanite! (СнS)

Остави коментар