Новата Песна и Видео Спот на Авелина – Враќање кон Изворот на Македонската Многувековна Духовност!
Сподели на социјалните платформи:

Наместо Евровизиските глобалофашистички и ЛГБТ гротескни кич баханалии наменети за затупување на масите погледајте нешто чисто, изворно, со безвременски квалитет и со чист Македонски печат!

 

Премиерно емитување на видеоспотот на Авелина под наслов Извор кој е вистинско уметничко ремекдело и најпријатно изненадување на нашата музичка сцена,вистинско освежување кое ја разбива монотонијата од кич која за жал е се поприсутна на нашата музичка сцена. Гледајки го видеото неможев а да не се навратам на доцните 80ти и почетокот на 90тите кога на нашата сцена имавме море од квалитет и напревар на вистински квалитетни изведувачи и групи како Падот на Византија, Мизар, Архангел, Анастасија и многу други. Токму Авелина дава надеж дека конечно нешто се случува на подобро на истата таа сцена и најавува еден нов бран на музика инспирирана од нашата подзаборавена духовност и непресушниот македонски фолклор. Одличната музичка и вокална изведба е збогатена со артистички перформанс снимен на различни ликации низ земјата а предначат археолошки локалитети на кои младата режисерка Сара Александровска низ актерската екипа ги оживува древните ритуали кои нашите предци ги обавувале со цел да ги смилостиват боговите за побериќетен живот. Музиката и текстот како и главниот вокал се исто така на Сара Александровска која сериозно се наметнува како комплетен уметник кој очигледно знае да креира квалитет. Погледнете го видеото и уживајте со надеж дека и во иднина Сара и Авелина ќе ни донесуваат пријатни аудиовизуелни моменти кои им се насушно потребни на нашите сетила во овие моменти кога нашата татковина поминува низ тешки моменти. (преземено екслузивно од Слободен Свет)

Остави коментар