Колку и да е несовршен како показател бруто домашниот производ, економскиот раст во изминатите 10 години по финансиската криза на западот во 2008 година ни кажува една просветителна приказна.
За една деценија растот на Кина: 139%. Раст на Индија: 96%. раст на САД: 34%. Раст на ЕУ: негативен, -2%.
ЕК сега ја означува Кина како “системски ривал” и изгледа дека сфати дека Пекинг е “економски конкурент во потрага по технолошко лидерство”. И тоа може да се претвори како закана за европските “вредности” и норми.
Кси дојде на состанокот со ЕУ од Рим – каде што популистичката, евроскептична Лега, пет ѕвездичка коалициона влада стана првата група на Г7 која потпиша партнерство со БРИ, поттикнувајќи големи искри на страв од глобалистите. Италија со Црвен Тепих за Претседателот на Кина. Кси Одби Средба со Папата за Време на Посетата!
Француските мејнстрим медиуми, контролирани од група олигарси, го наведоа “смелиот наратив” дека Макрон “го наметнал” овој четиристран состанок со Кси, за да ја притисне новата стратегија на ЕК со цел “да се разјасни” кинеската двосмисленост во однос на Новите Патишта на Свилата , или Иницијатива за Појас и Пат (BRI).
На крајот, што добивме од канцеларката Ангела Меркел кога ЕУ се соочи со овој процес кој Француските елити ги опишуваат како кинеско-глобализацијата?
Имавме вистинско спуштање на пудлицата Макрон на земја. Меркел истакна дека БРИ е важен проект: “Ние, како Европејци, сакаме да играме активен дел и тоа мора да доведе до одреден реципроцитет и сé уште се расправаме за тоа.” Таа додаде: “Го гледаме проектот како добра визуелизација на интеракцијата, меѓусебната поврзаност и меѓузависноста “.
Меркел во суштина ја пренесува позицијата на германските бизнис елити – дека како трговски центар, иднината на Германија лежи во турбо-бизнис со Азија, особено со Кина.
Така, наместо да го демонизираат Рим, во пракса Берлин на крајот ќе се качи на истиот пат. На крајот на краиштата, Дуисбург, во долината на Рур, веќе е де факто врвниот БРИ терминал во северна Европа.
Кси и неговите партнери од ЕУ исто така силно го нагласија мултилатерализмот. Не може да има поизразен контраст со наративот на администрацијата на Трамп дека Кина е закана, а БРИ е за кинеската “суета”.
Додај на тоа дека Кси, исто така, почувствува потреба да го потсети раководството на ЕУ за очигледното. Кина ќе продолжи да се “отвара”, бидејќи успеа во само 40 години да го оствари она што го стори Европа во текот на целата индустриска револуција.
Како илустрација за важностана Кина, Боинг оди во аут а Ербас по тврди дека има нарачка од 30 милијарди евра од Кина за купување Ербас авион. И тоа е само почеток. Фактот дека Пекинг ќе ја користи технологијата на Ербас за да ја зајакне својата моќ во воздухопловството во рамките на Made in China 2025 е сосема друго прашање.
Значи, Париз можеби, како Рим, не се претвори во официјален партнер на Новите патишта на свилата – барем не засега. Но, ветувањата се сосема поинакви и покажуваат согласност со Кина – на три фронта.
1) Акцентот на мултилатерализмот – “силен и ефикасен”. Тоа е точно спротивно на реториката на САД.
2) Заедничко делување со Пекинг за климатските промени и биолошката разновидност.
3) економско-трговско партнерство кое ги почитува заедничките интереси. Тоа е, всушност, официјалната политика на Новиот Пат на Свилата од самиот почеток, во 2013 година.
Меркел, очекувано, внимателно ја следеше пораката: “Триаголникот помеѓу ЕУ, Кина и САД е многу важен. Без САД, нема да можеме да имаме мултилатералност”. Во исто време, истакна таа, трговската војна меѓу САД и Кина “ја погоди нашата германска економија”.
Нема никаков сомнеж. За Пекинг, во смисла на трговски и економски односи, Берлин е многу порелевантен од Париз. Но, овие големи три – Берлин, Париз и Рим – сите имаат големи улоги да играат.
Новите Патишта на Свилата кои повторно минуваат низ Италија по половина милениум ќе ја забрзаат евро-азиската интеграција, и, на долг рок, ќе имаат големо влијание и на Евразиската економска унија (ЕАЕУ) и на Шангајската организација за соработка (ШОС).
Бизнисите во ЕУ, ако не и политичките Еврократи, почнуваат да сфаќаат дека Европа не може да си дозволи да стане бојно поле во Студената војна 2.0 помеѓу САД и Русија. Европа не може да си дозволи да стане заложник на Вашингтон кој го крши меѓународното право – на пример, уништувањето од нуклеарната програма на Иран и признавањето на окупираните Голански висови како дел од Израел – и не можат да си дозволат да станат жртва на трговските удари на Вашингтон.
Не е ни чудо што полека, но сигурно, ЕУ ги менува своите приоритети кон Истокот – вклучувајќи го и нејзиниот “системски ривал”.