Во последно време ме утепаа по електронскиве медиуми (facebook) дека сум бил антивмровец, ниту пак Македонец, бидејќи сум имал различни ставови во поглед на престојните преседателски избори, сум бил за бојкот, а ДПМНЕ биле за да се гласа за преседателските избори за нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова.
Прво, да расчистиме! Jас немам ништо против ВМРО, бидејќи тој е симболот на македонската нација, како идеологија, како чисто македонско револуционерно движење кое единствено во македонската историја се залагало за создавање на македонска држава и македонска нација. Историското ВМРО секојдневно си го носам во своето срце и во својата душа. Јас сум од оние генерации кои учеа во посткомунистичка Македонија (за време на транзицијата ) и моето историско образование се засноваше врз основа за вистината за историското ВМРО. Така да јас сум си за ВМРО како чиста македонска национална идеологија, но не и за ДПМНЕ кое како што сите можеме да видиме се покажа како предавничко, кое гледа да си ги задоволи своите лични интереси, политички и бизнис калкулации за остварување на свои лукративни цели.
Е тука е мојот проблем! Да сме на чисто! Јас немам проблем со ВМРО туку со ДПМНЕ.
Второ, точно е дека од 2008 година сум бил член на ВМРО-ДПМНЕ (мислам дека членството не ми е продолжено од 2016 година), но јас за разлика од многумина кои што глумат дека се Вмровци, јас не влегов во таа партија поради некои мои амбиции, поради некои мои лични интереси, или поради остварување на некои свои лукративни цели (ако некој знае дека нешто сум добил или сум се офајдил од ВМРО-ДПМНЕ ве молам нека објави и нека го види тоа целата македонска јавност), туку напротив поради некои свои убедувања за кои сум верувал дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски може да ги оствари. Во 2008 година верував дека ВМРО-ДПМНЕ може да ги спроведе следниве работи: да прекине со партизација на државата и партијата, партизација на јавниот сектор,да се прекине со протекциите, врските и средување на работи преку познанства, раскинување на рамковниот договор и територијалната поделба, враќање на уставот од 1991 година, враќање на државата во рацете на суверениот владител Македонецот, отварање на прашањето за криминалната приватизација, спроведување на илустрација и прочистување на општеството од бабоците на претходниот систем. Тоа се работите за кои јас бев убеден дека ВМРО-ДПМНЕ е спремен да ги спроведе за да ја застане државата на исправени нозе, поради тоа беше мојата силна подршка спрема ова партија. Се разбира имаше доста многу проекти и закони кои мене како граѓанин на ова држава ме привлекува и можев слободно да дадам подршка и дадов подршка на партијата. Да јас кои моите сваќања се блиски до традициналната левица (Но и не и СДС бидејќи таа не ја преставува традиционалната левица, ниту пак левичарска идеологија и Авторов на текстот не ја признава СДС за левица), токму ВМРО-ДПМНЕ со тие неколку проекти и закони спроведени во текот на нивното владење и со моите горе напишани очекувања ме привлекуваа да навивам и да бидам дел од нив.
Трето, моето сфаќање за политичките партии е мошне различно од сфаќањето на многумина во денешно време. Јас секогаш сум ги гледал политичките партии како организации преку кои инвидудата која е член на одредена партија, преку партијата треба да работи за општото јавно добро на државата и својот народ, а не за своите лични интереси и партиски интереси, но денеска за жал преовладува ова второво. Моето сфаќање е ако и, е добро на државата, тогаш е добро за мене, за цел народ, за државата и за партијата, спротивно ако само и, е добро на партијата, не за државата, тогаш не е добро ни за мене, ниту за многумина од народот на крај не е добро ни за партијата. За жал денеска многумина од луѓето стануват членови на партијата и првенствено гледаат за добробитта на својот џеб и за своите лични интереси. Тоа е денешното ДПМНЕ со кои јас си имам проблем.
Четврто, токму врзаноста за партијата од материјален и личен интерес, а не од политичка идеологија води кон целосна послушност што е очигледна во нашите политички партии. Како што кажав можам да подржам идеја, закон, проект или политика на некоја партија, можам да припаѓам на некоја политичка партија или идеологија, ама не сум слеп послушник на одредена партија или центар на моќ. Не навивам ниту за Американци, ниту пак за Руси! Македонија е на Македонците и на нив треба да остане. Македонија неутрална во меѓународните политички и воени односи. Денес најгласни се токму партиските послушници. Чудо мајка му! Имам неколку пријатели од ДПМНЕ на Facebook кои сум ги среќавал во штабовите (дали три или четри пати сум бил во некои од штабовите), знам дека истите се имат офајдено со работни места и позиции, кога ќе им ги погледнете нивните профили, ама баш ништо нема да најдете напишано нешто против за се ова што ни се случува во изминативе три години. Си седат мртво ладно си ќутат, си викат дај платичка да земеме, да си држиме работа! Утре кога ДПМНЕ ќе се врати на власт тие први ќе се преставуват како големо Македонци, дури и повеќе од нас што денес не ќутиме, и ако тие денес молчат.
Петто, какво е тоа ДПМНЕ кое се шалта со ВМРО, а не извади од својата партија ликови како Гоце Делчев, Никола Карев, Даме Груев, Јане Сандански. Методија Андонов -Ченто, Димитар Влахов, Ѓемиџите, Комитите и сл. Туку напротив извади корумпирани ликови како осумината предавници кои гласа за уставните промени и учествува во предавството на Македонија и Македонскиот народ на чело со нивниот ментор Сашо Мијалков. Луѓе со слаби бабулиња со ниска точка на топење. Денешните комити не може ни да ги видиш, ниту глас да им чуеш, освен да чуеш дека биле на некоја комитска вечера се разбира на некоја туѓа сметка. Немат никакво револуцинерно дело и ако се Македонска револуционерна организација, не сака да влезат во илегала. Ете ни добар доказ дека партијата и политичката идеологија не се една иста работа, туку две различни работи, доказ за тоа ви се македонските политички партии.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
Честито за текстот – целосно се сложувам и те поддржувам.
Во неколку реченици успеа да ја опишеш вистинската состојба.
Дај боже да има повеќе вакви МАКЕДОНЦИ, тогаш дефинитивно Македонија ќе биде ослободена од СДС и ДПМНЕ.
Милимицко и неговиот старокупуем џепен перформанс на епп.
“Kротко јагне од две мајки цица” Ама не кажува дека јагнето пак од истите овци ќе цица. Ако претходно не заврши на трпеза. Него гарант ќе го остават да расте вуна.
Госпоѓата К. и господинот П. никако во оваа џепна комбинација. Што впрочем докажува дека и во јатото ГМО галаби пак некој соколица/сокол ќе си остане.
Во вреќа какол и по некое зрно пченица. Што докажува дека некогаш на таа нива златородна пченица раѓала. А сега грото кукол и зенгини.
Дарвин батка дарвин. Нема дарвина без бојкота.
https://youtu.be/ZyJt1-MCLis