Проштално Писмо на Херојот Ангелов Кој на 27ми Април ја Бранеше Честа на Македонија Против Странски Пуч!
Сподели на социјалните платформи:

На 27-ми Април Македонскиот Народ Покажа Смелост и Саможртва за Македонија – Политичките Врхушки Покажаа Кукавичлук и Понизност кон Странски Центри! Или како шти вели патриотската РОДИНА: За нас 27-ми е Денот на Уставобранителите, кога државниот удар организиран од странската служба на Заев доби заслужен одговор кој би го добиле во секоја нормална земја, со влез на народот во својот Дом, Собранието! РОДИНА: Слобода за Уставобранителите и Отворање Истрага за Пучот на Заев и Странска Држава на 27ми Април!

Добриот Херој Уставобранител Горан Ангелов веќе не може да си игра со своите дечиња!

Еве го прошталното писмо до смејството од Горан Ангелов кој на 27-ми Април симболично ја одбрани честа на храбриот Македоонски Народ за разлика од неговите кукавички, продадени и корумпирани политички врхушки. Како писмата кои нашите комити од Едрене ги праќале на своите мили.

 

Наташа!

Моето веќе се виде Наташа, јас не верувам дека повеќе ќе можам да разгорам огниште. Нема да има кога.
Нате, мојов живот повеќе не ми припаѓа мене.
Тој и е завештаен на една друга армасица, понесреќна и посвета од сите нас. Нејзе и припаѓам со цело мое битие, до последна капка крв, до последен здив.
Тоа е Македонија.
Ќе ми фалите секој момент од денот, секоја секунда, и ти и децата, а и старата.
Сакам сите да знаат, дека не постои таков пишан збор кој може да ја опише мојата почит кон тебе и кон све што правиш за нашето семејство.
Чувај се, чувај ми ги децата. Пази ми ја и мајка, тешко и е.
Не тагувај, да знаеш дека и покрај све, мене ми е задоволство да и го посветам мојот живот на Македонија.
Чувај ми се, Наташа.

Горан

Македонија Вечна Хероју Горан и ние сите сме со вас до конечната Слобода! Прочитај повеќе овде Фамилиите на Македонските Херои Нема да се Борат Сами, Заедно Сме до Конечна СЛОБОДА, Темелков Боби СМК! и овде И Други Македонски Патриоти и Херои Лежат по Затвори! Помагаме До Слободата за Нив и за Македонија!

Остави коментар