Фамилиите на Македонските Херои Нема да се Борат Сами, Заедно Сме до Конечна СЛОБОДА, Темелков Боби СМК!
Сподели на социјалните платформи:

Подршка за Македонските Уставобранители и Бранители на Македонскиот Парламент и Македонија, и за нивните горди семејства, дојде од големиот Македонски патриот, Велешанецот во Канада, Боби Темелков. Неговиот повик го пренесуваме во целост.

Торонто Канада 16,Март 2019 година

Драги Браќа и Сестри Македонци низ целиот свет каде што не има ,драги пријатели на Македонија, епилогот од настаните за судбоносниот ден 27ми Април на сите ни е добро познат. Многумина од нашите браќа следните 10 до 18 години ќе ги поминат одделени од своите семејства, без можност да обезбедат финансиски средства за опстанок на своите фамилии.

Соочувајќи се со суровата судбина и факт дека фамилиите на нашите патриоти долго време нема да имаат финансиска поткрепа од своите најблиски. Наша задача, цврсто веруваме дека и наша должност како Македонци е да ги помогнеме финансиски нивните фамилии се до нивното обединување и слобода.

Македонскиот Светски Конгрес -Канада и Македонската заедница во Канада од почетокот на немилите настани во 2017 година па до ден денес, низ разни донаторски акции има собрано и испратено над 100.000 канадски долари директна помош на над 40 фамилии од нашите патриоти-уставобранители.

Не смееме да дозволиме Македонските патриоти и нивните семејства сами да ги пребродуваат овие тешки моменти. Нашата помош ќе им биде од големо значење како финансиски така и морално.

По тој повод Македонскиот Светски Конгрес -Канада, заедно со Македонската заедница во Канада за брзо време планира да организира неколку донаторски евенти во Канада ,воедно за кратко време ќе отвориме и GO FUND ME страница каде секој Македонец од целиот свет ќе може да донира и помогне на загрозените фамилии од нашите уставобранители. Во догледно време планираме да отвориме и Интернационален Монетарен Фонд за уставобранителите кој ќе биде отворен за донации до денот кога сите наши браќа ќе бидат на слобода.

Како што работевме до сега,така и овој пат 100% од собраните средства ( минус провизијата од страната Go Fund me и трошоците за организирање донаторски евент) ќе бидат донирани ДИРЕКТНО и транспарентно до фамилиите на нашите уставобранители/патриоти кои се во притвор или домашен притвор чекајки правосудна пресуда и уставобранителите кои веќе ја одслужуваат затворската казна.

Слобода за нашите Уставобранители -Да живее Македонија

Македонскиот Светски Конгрес -Канада



Остави коментар