Се Распламтува Македонското Победничко Движење #Бојкотирам Хунта со Обединување на 150 Патриотски Субјекти!
Сподели на социјалните платформи:

По вчерашното рестартирање на #Бојкотирам Уставни Промени интернет кампањата на “твитерџиите” која го урна предавничкиот референдум на 30ти Септември викендов ќе се обнови и кампањата на терен, Македонија Бојкотира, која ќе ја сочинуваат над 150 организации. Ги пренесуваме двете соопштенија во целост и ги повикуваме сите субјекти да го послушаат апелот на Македонскиот Народ и да се обединат во овој клучен час и да ги стават егата и личните интереси под тие на татковината, затоа што ние сме различни од продадената елита, и затоа што со таа различност, чесност, морал, справедливост, саможртва и богобојажлива сила ќе си ја спасиме Татковината!

СООПШТЕНИЕ ДО СИТЕ ПРОМАКЕДОНСКИ СИЛИ, СУБЈЕКТИ, ГРУПАЦИИ И ПОЕДИНЦИ

Почитувани,

Врз основа на содржината на ПРОГЛАСИ/ПОВИЦИ/СООПШТЕНИЈА на околу 150 промакедонски субјекти, да си ПРИСТАПИМЕ во Единството на Македонскиот народ:

Секој субјект, во најкраток рок, а најдоцна до Сабота (03 ноември 2018 г.) да си достави свој предлог/Иницијатива во заеднички Концепт за заедничкото делување на околу 150 промакедонски субјекти наведени во листата на Единство на Македонскиот народ ( а листата е отворена за пристапување и на други промакедонски субјекти).

Македонската дијаспора на Канада, Европа и Австралија (Координативно тело), мрежата Бојкотирам, ,,Македонија Бојкотира”, координативна мрежа ,,СУМ”, Единство на Македонскиот народ, Општ, јавен повик за национален и интернационален мораториум, Повикот на Млади за Македонија, на Тврдокорни и Мос, Уставотворно народно собрание и други кои би следеле.

Ве известуваме дека e планиран ЗАЕДНИЧКИ СОСТАНОК на претставниците на субјектите и поединци, за координација и бирање на Координативно тело кое ќе раководи со заедничките активности за реализација на заедничката заложба и цел.

Состанокот ќе го одржиме во Петок, во 18.00 часот, со тоа што оние кои се од внатрешноста, добро би било ако не можат да присуствуваат на овој состанок, да можат да дојдат како потписници, на потпишувањето на заедничкиот документ, кое ќе се одржи во Недела (04.11.2018 г.) во хотел Континентал, во 12.00 часот, а до Петок да ги испратат своите предлози и да одредат свој претставник во Координативното тело.

Со почит,

Ана Бобинкова Мијаковска, Единство на Македонскиот Народ и Македонија Бојкотира

Скопје, Македонија

31 Октомври 2018

https://www.facebook.com/ana.bobinkova?ref=br_rs

 

П Р О Г Л А С #БОЈКОТИРАМ УСТАВНИ ПРОМЕНИ

Ние, граѓаните на Република Македонија,
Водени од мнозинската волја на народот изразена на двата референдума (задолжителниот од 1991 и консултативниот од 2018 година), се обединуваме против неуставниот и противзаконски т.н. Преспански договор!

Ги повикуваме сите здруженија, асоцијации, синдикати, институти, научни и високообразовни установи, неформални движења, интернет групации, политички партии, дијаспората, како и поединци, професори и други интелектуалци, уметници, спортисти, работници и др. – со сиот свој кредибилитет и јавен ангажман да се обединат сега, со една единствена цел: организирање континуиран и масовен ОТПОР кон посегнатите нелегитимни и нелегални уставни промени!
Нашата заедничка поддршка на овој Проглас не значи и наше идно заедничко политичко дејствување во борбата за власт на следните избори.

Сите општествени чинители коишто го подржуваат овој Проглас, без оглед на идеолошките, политичките, верските или етничките разлики, манифестираат почит кон владеењето на правото и загриженост за иднината на државата, потврдувајќи ја историската зрелост на нацијата, ставајќи го општиот пред личниот интерес заради остварување повисока цел – зачувување на суверенитетот на Републиката и на правото на самоопределување на народот.

Главната причина за ова движење е арогантниот однос на власта која игнорирајќи ја јасно изразената волја на граѓаните против неуставниот т.н. Преспански договор, манифестирана преку масовниот бојкот кој резултираше со неуспешен референдум, на кој 2/3 од избирачите не го одобрија истиот!

Затоа, во овој драматичен историски миг за нашата Република, заробена од корумпирана политичка клика што најдрско ја игнорира и народната волја и Уставот, БАРАМЕ:

– Итно и безусловно запирање на процесот на нелегалните уставни измени;
– Еднострано правно поништување на октроираниот и веќе отфрлен т.н. Преспански договор;
– Стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право;
– Трајна заштита на Името на државата, Македонија
– Распуштање на Собранието и распишување на вонредни парламентарни избори.

Изразуваме решителност дека, доколку не се прифатат горенаведените барања, ОТПОРОТ ќе продолжи и расте и несомнено ќе бидат употребени сите институционални и вонинституционални инструменти на ненасилен граѓански отпор.

#Бојкотирам
Скопје, Македонија,
29 октомври 2018
https://bojkotiram.mk/#2

 

2 thoughts on “Се Распламтува Македонското Победничко Движење #Бојкотирам Хунта со Обединување на 150 Патриотски Субјекти!

  1. Што да се каже на ѓаолштините на ци-ај-сашко. Сега читаме дека иван сатрапидис да ти бил Русин, “близок до Путин” (1). По таа логика и борис џонсон и иванка трамп се ептем Руси. А елвис бајрам ептем американец.

    Медиумскиот комесар на ција за Македонија ги превзема оние на платен список на јајле. Прекуноќ ги смири и помири. Пакс американа. Као од повеќе извори, сложно прдат во иста тиква. Загадуваат околина. Интересно е како потоа го разигруваат фалшот. Во двојна негација. И повторација

    Тоа што РФ ја изнесе езерскатаим фантазија пред СзБ на ОН ич не им пречи. Не сфаќаат дека се спакувани и вакумирани. За магационирање во ладен подрумски простор.

    (1) на што троа повратив во уста

  2. Господине Росоклија
    Многу добро сме Свесни за Влијанието/Молкот на Македонската дијаспора за Македонцките работи.
    Особено громогласно одекна после фашистчката изјава на онаа сенаторинка Dana Tyrone Rohrabacher (од калифорниска вероисповед) дека “Македонија траба да се подели меѓу албанија и бугарија.”
    Беше задоволство како истиот squirm N wriggle ко гноен митесер, само недела дена после громогласниот Молк на Дијаспората. Со зајачка ретерација дека бил лошо разбран и дека не мислел така.

    А за тролчињата од сашколашко типот, чиј кредо и врвен IQ дострел е, трол-до-трол-тролејбус, ич да не им се замараме. Тоа е само Неспорен Знак дека ја надминавме критичната маса. Од трн во око во гиљотина над глава.
    Дочитање. Убав викенд. И почит.

Остави коментар