Салвини: Наскоро со Орбан и Патриотските Партии ќе се Пресметаме со ЕУ и ќе ја Управуваме Европа!
Сподели на социјалните платформи:

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, во петокот изјави: “Убеден сум дека за неколку месеци заедно со Унгарскиот Премиер Виктор Орбан ќе се пресметаме со ЕУ”. Салвини и Орбан неодамна се поздравија еден со друг како “херои” на нивниот состанок во Милано.

Обраќајќи се на прес-конференцијата со Австрискиот вицеканцелар Хајнц Кристијан Страче, Салвини рече дека “санкциите на ЕУ против унгарската влада и народ се политички чин, политичко лудило на таа левичарска Европа, која не е спремна да се промени сама”. 

Патриотската партија на Орбан, Фидес и евроскпетичната Лига на Салвини се очекува да бидат меѓу многуте Европски патриотски партии кои ќе постигнат голем успех на ЕУ парламентарните избори од 23ти до 26ти Мај идната година.

Остави коментар