Наместо Американските Ф-35 Турција Купува Руски Су-57 Авиони во Ноќна Мора за НАТО!
Сподели на социјалните платформи:

Сенатот на САД неодамна усвои предлог-закон за расходи за одбрана, кој ја спречува Турција да ги добие веќе одамна нарачаните 100 авиони Ф-35, и Турција сега се сврти кон Русија и планира да купи руски СУ-57 “стелт” авиони. Турција веќе дговори купување на еден друг Руски систем за оружје, супериорната ракетната одбрана С-400, која би можела да и даде на Москва увид во одбраната на НАТО, што би било кошмар за алијансата. Су-57 и другата руска воена опрема на Турција претставуваат сериозни закани за НАТО и за нејзините авиони.

САД и Турција имаат голем број на дипломатски проблеми меѓу кои тврдењето на Турција, дека САД ги поддржуваат имамите на Фетулах Гулен кои беа зад обидот за државен удар во 2016 годинакако и апсењето на Американските граѓани од страна на Турција.

Но, уште поопасно во воена смисла, Турција, член и сојузник на НАТО, претставува уште една закана со купувањето на ракетен одбранбен систем С-400 на Русија. С-400, една од најнапредните платформи за противракетна одбрана, има за цел да ангажира и да ги собори американските авиони, како што е Ф-35, кои се потпираат на стелт (невидливост) систем. Сега, кога продажба на Ф-35 во Турција е вон прашање, Турција се врти кон другата можна опција – исто така супериорниот Руски Су-57 “стелт” борбен авион.

Пензионираниот генерал-потполковник на американските воздухопловни сили, Дејвид Дептула, изјави за Бизнис Инсајдер дека земјите на НАТО “не треба да се поврзат во руски системи во вашата воздушна одбрана”, бидејќи тоа би можело да доведе до “трансфер на технологија и можни компромиси на предностите на Ф-35”.

Ако Турција поседува Ф-35 и С-400 во исто време, тоа ќе и даде на Русија увид во мрежата и тајните на НАТО за ракетна одбрана и способностите на следната генерација на Ф-35 авиони. Во суштина, со оглед на тоа што НАТО е сојуз формиран за да се спротивстави на Русија, дозволувајќи и на Русија да влезе во НАТО техниката дополнително ќе ја порази смислата на најскапиот систем за оружје кој некогаш бил изграден, авионот Ф-35.

 

Остави коментар