ДПМНЕ да Предизвика Избори Веднаш, не да Моли за 2019, Потврдувајќи Дека не е Играч на Поразените Сорос-Бејли!
Сподели на социјалните платформи:

Повлекувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од парламентот веднаш ќе му го одземе легитимитетот на остатокот од составот и ќе ги оневозможи и преговорите за името а и сите други Тирански Анти-Македонски предавнички иницијативи. Додека во светот расте патриотизмот, патриотските политички партии победуваат насекаде и се руши Соросовата и Дип Стејт фашистичка мрежа, токму тогаш ДПМНЕ реши да се “ребрендира” како “граџанска” и нас да не нарекува народ на Македонија а не Македонски народ. ДПМНЕ нема право да го признава легитимитетот на пучистите ниту да се откаже од #Избори Веднаш! – паролата на Заедничка Македонија подржана од стотици илјади луѓе по Македонските градови и села. Прочитај повеќе овде: Трамповото Рушење на Г7 Самитот Значи Официјален Распад на Досегашната Соросоидна Глобализација! и овде Се Будат ли Германците? Баварскиот Лидер Нареди Истакнување на Крстот на Сите Државни Објекти!

Прво и прво, ДПМНЕ нема право да станува “граџанска” откако ни ги собра 470.000-те “неграџански” туку наши патриотски гласови. Ние гласавме за Македонски Орбан, Путин, Јанша за наместо тоа да добиеме Соросоидно ДПМНЕ која не се разликува од СДС по своето папагалско ЕУ, НАТО. ДПМНЕ нема мандат да ја менува својата суштинска определба после изборите како што ни СДС нема право да турка Тиранска платформа промена на име за која исто така нивните гласачи немаа можност да се искажат на избори. ВМРО-ДПМНЕ е единствената сила со парламентарно учество која може, треба и мора да го направи она што народот, третите (засега непарламентарни) опции го бараат, #ИЗБОРИ ВЕДНАШ!

За мирен спас на Македонија и пред квислинзите да успеат да направт поголема штета. ДПМНЕ го прокоцка целиот патриотски кредит, народот им даде условна и еднократна подршка на Јунскиот митинг и му даде последна шанса да се избори за она што го вети на 2ри Јуни, ИЗБОРИ. Но не во 2019, туку ВЕДНАШ! Само така ДПМНЕ ќе остане ВМРО и само така ќе остане во светлата страна на историјата на Македонскиот народ. Се друго е и ќе биде, предавство, калкуланство со кое ќе завршат на истото историско ѓубриште како и СДС. Ако не ја испеат својата лебедова песна која на следните избори сигурно ќе им донесе помалку пратенички места бидејќи третите партии ќе земат најголем дел гласови, тогаш ниту ќе има избори ниту пак ќе има ДПМНЕ а уште помалку СДС. Бараат ли ДПМНЕ Избори Веднаш? Не! Бараат ли техничка влада да ги организира изборите? Не! Бараат ли Министер за Полиција во техничката влада? Не! Бараат ли надзор на продадените Соросови медиуми? Не! А тоа сето и уште многу повеќе го бараше далеку послабиот и без голема народна подршка СДС.

Ако ДПМНЕ не побараат и не обезбедат чесни и неукрадени #Избори Веднаш! тоа само ќе ги потврди стравувањата на Македонскиот народ дека се купени, дека се во џебот на поразениот Бејли и Сорос, и дека ќе изчезнат од политичката сцена. Македонија ќе опстане и без нив, но ним ова им е последната шанса да го фатат вистинскиот геостратешки момент и да останат политички фактор за во иднина.

За тоа кои се стравувањата на Македонскиот народ од сегашното однесување на ДПМНЕ покрај ужасот од однесувањето на квислиншката СДС, подолу пренесуваме извадоци од текстот на ТретаПолитика, од 5ти Јуни под наслов #ЈУНИ месец на предавства.

Митингот на ДПМНЕ има сосема друго значение, па дури неколкукратна намена, а најсмешната е онаа на аналитичарите, која е во смисол на некаков ДУАЛИЗАМ, политички се разбира. Не постои никаков дуализам на митингов помеѓу СДС и ДПМНЕ, туку сосема спротивно, постои паралелизам, во намерата да се избрише Македонското име, народ, јазик, да се избрише комплетниот Македонизам од оваа територија, од овој народ. За таа цел, паралелизмот кој го наведов, служи правдата на една страна и кешот на другата страна или паралелно со нивно користење наизменично да се избутка антиМакедонскиот проект.

Комплетното документирање на криминалот на ДПМНЕ, СЈО како нај безобразна брутално злоупотребена правна постапка за политички цели, купишта снимен материјал за ДПМНЕ, но и за СДС, направи од најголемата опозициска партија од Лав станаа мало маче, направи да бидат кључниот елемент за решавање на името. Освен конструктивноста на ДПМНЕ со која Димитров и Заев стигнаа да изготват договор за промена на ИМЕТО; ЈАЗИКОТ; НАРОДОТ, без ремет, без опструкции, оваа опозиција која глуми некаква невиност, а не е невина, цела една година, јавно и тајно, ги опструираше протестите низ државава, цела една година, не дозволува да се створи критична маса за реален политички отпор, за политичка борба за опстанок на Македонскиот народ. Огромна структура и гласачка машинерија, пред се Заев под раководство на Бејли, таа структура која е во државната администрација, не ја суспендираше, не ја избрка како што планираше, се искористи за минирање на теренските активности на патриотите, било каков отпор на налудничавиот проект мора да се уништи, спречи.

СДС е најголемото зло, што оваа држава можела да добие, СДС е само лого и име, инаку е комплетна номенклатура на СОРОС и ЦИА, намерно поставени некадарни дечишта кои секојдневно го уништуваат системот на државата за таа да еродира од внатре, комшиите да не управуваат како протекторат во првата фаза, празна територија која ќе се подели во втората завршна фаза. ДПМНЕ е соучесник во оваа Јунска битка, соучесник во најголемото Македонско предавство, клептомани кои за да ги сочуваат украдените пари и не одат во затвор, одработуваат и убиваат секаква надеж за борба, за опстанок. Но пробелмот на двајцата баксузи, СДС&ДПМНЕ е нивното во континуитет подценување на Македонскиот народ, неверојатно се глупави мислејќи дека дерењето на Христијан Мицковски на митинг со НАРОДОТ НА МАКЕДОНИЈА, наместо Македонскиот народ, тој Христијан користеше мојот народ, исто како и Заев, ќе го задоволат Бејли, ќе ги задоволат газдите на овој експеримент во Македонија, на неолибералните глобалистички свињи. Дури и пресудениот Груевски, одработува со неговиот пост, НАРОДОТ НА МАКЕДОНИЈА, тоа беше планот со Илинденска Македонија, да бидеме НАРОДОТ НА МАКЕДОНИЈА, но составен од сите, само од Македонци не, не постојат.

ПРЕДАВНИЦИ, родени, одгледани неможат да се променат, посебно после толку крадење, не бива, веќе на Вас не рачунаме, вие сите сте минато, квислиншко племе, кое овој народ со држава или без држава ќе го пљука до последен. Заради крадење во име и сметка на македонецот, сакаат да го уништат Македонецот, жалам но нема да Ви успее, а штетите, да, штети те се огромни, но ќе се поправат, немаме избор, ќе се бориме.

(Целиот текст прочитајте го тука: https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1642132635841459&id=1327712927283433)

2 thoughts on “ДПМНЕ да Предизвика Избори Веднаш, не да Моли за 2019, Потврдувајќи Дека не е Играч на Поразените Сорос-Бејли!

  1. Nикогаш не бев заинтересиран за политиката и партиите бидејќи сметав дека и во најлошите можни премрежија некои црвени линии се библиски и не можат да бидат поминати. Дека дури и најмеркалтилните политичари ќе загазат само толку колку што можат да понесат. Односно дека имаат арматура да одолеат.

    Меа тешка кулпа за жал. Немало такви во Македонија кои во светот на меѓународен рекет и принуда ќе успеат да ја препливаат крокодилската бара неоштетени. Сите до еден излегоа: “Шо убо ши ше ижбањав”. Еден јунак не се најде па крокодилот да излезе: “Кој пошледен ше бањаше?” Тури им пепел.
    Овде перфидно целам на новите гласни пливачи, бидејќи Капут-лете-се-купува. Нели? Многу треба да надокнадиме.

    Написот е извонреден. Со имиња и презимиња. Ноторна вистина е дека реформаторите во дпне свесно ја задушија силата на народот. Во најдобронамерна претпоставка (само 1-99% црно-бело) дека беа медиумски љубоморни на народниот изблик бидејќи не беше организиран преку комитетите?

    Како антипод на застапничката демократија (која е одамна мртва и се распаѓа) претпоставувам дека Директната демократија би била одржливо социјално-политичко, Народно решение. Никој не може да претпостави во што ќе се претвори застапникот откако ќе се улогори. Под притисок или предиспозиција. Историјата докажа.
    Затоа ние ќе му кажеме на лидерот, премиерот, претседателот, судијата, бирократот, јавната личност … СТРАНЕЦОТ … како во Македонија да го носи патецот.

    Нормално за ова треба напорно да се работи. Со отворање на ресурси (блогови, дневници, неделници, месечници) и макотрпен развој на критичната корективна маса. За почеток митот дека е поважно кој кажал или кој стои зад него, од што кажал, треба да замине во историјата.

  2. “”Bezkonečnite diskusii okolu imeto, “naučnite” debati, stavovi, nema promena na Ustav za promena na ime se diskusii i stavovi na propadnati eliti, duhovno i moralno.

    Promena na imeto e geostrateški projekt na Zapadnite sili. Vo toj projekt se investiraat stotici miljoni dolari, se regrutiraat zajdolnite i najbednite sloevi, se koristat nelegalno snimeni razgovori, se ucenuvaat i se eliminiraat “vidni” ličnosti od opštesteniot život, uceneti politički partii.

    “Makedonskite” mediumi imaat posebna uloga vo toj projekt, toa e ulogata na peralna na mozok, dobro koordirana, so moknja centifuga, vodena od najmoknjite službi za socijalen enžinering. Često ke videte diskusii na “vidni” učesnici koi razgovaraat za promena na ime na eden narod, kako najvisok demokratski čin, se vlez vo najdemokratski klubovi EU i NATO. Smeni si go imeto vo demokratskiot klub, pukni si vo glava i živej!

    EU i NATO se ližavčeto za lugjeto koj razmisluvaat samo so debeloto crevo.

    Dali demokratija vo koja se bara promena na ime na eden narod, može da se nareče demokratija?

    Ne, toa e taa stara Evropska prostitutka koja izvrši na nekolku pati serija genocidi vrz Makedonskiot narod i koja saka da go izbriše posledniot, brišenje na Makedonskiot narod. Na takva prostituka se lepat samo propadnati “nacionalni eliti”.

    Makedoncot mora da go frli ližavčeto, vo životot osven debeloto crevo postoj i srceto, dušata, umot, postoj genot naš dreven Makedonski, postoj česta, dostoinstvoto koj se mnogu povredni od NATO i EU.

    Ako imeto Makedonija ni e sveto, treba da go napuštime nesvetiot pat na NATO i EU.

    Edinstvena Makedonija kako politička partija svesna za krizata, za vistinskite nameri na zlostorničkite Zapadni organizacii, prevzema serii na merki koj se na linijta na Makedonskite nacionalni interesi. Gradime sistem vo koj Makedonija i Makedoncite ke gi vratime vo svetot pomegu živite normalni narodi, koj se borat dostoinstveno i česno za svoite pokolenija, za Makedonskite nacionalni ideali, za podobar i popraveden svet.

    edinstvenamakedonija.mk

    “Promena na Imeto, Mračnoto Doba na Eden Narod i Geostrateški Projekt”

Остави коментар