Продолжува Патриотскиот Бран во ЕУ! По Италија и во Словенија Победа на Патриотите! ZhBugger Off Жбогар!
Сподели на социјалните платформи:

Изборна победа на анти-Сорос партијата СДС-ЕПП на Јанез Јанша! После Италија и чао Ренци и Могерини, сега му истече времето на уште еден од неизбраните и нелигитимни глобални Соросоиди, Самуел Жбогар!

СДС-ЕПП на Јанез Јанша, победи на изборите во Словенија со околу 28 отсто од гласовите, според излезните анкети кои беа објавени по завршувањето на гласањето во 17 часот попладне. Прелиминарниот резултат подолу се должи на преборјувањето до 21 часот.

“Веројатно ќе мораме да чекаме извесно време (по изборите) … пред да бидат можни сериозни разговори за новата влада”, изјави Јанша за новинарите по гласањето во Шентиљ при Велиње. “Ние веруваме дека денес е направен прв чекор кон Словенија да стане земја што прво ќе ја стави благосостојбата и безбедноста на Словенците на прво место а не интересите на Бисел”, рече Јанша.

СДС,  има отворена поддршка од премиерот на Унгарија Виктор Орбан, а од очигледни причини: СДС сака да ги следи  антимиграциски политики на соседната Унгарија а сега и Италија. Прочитај повеќе овде за патриотскио бран кој ја преплавува ЕУ: Крвав Нос за ЕУ од Унгарците! Над 70% Гласаа за Патриотски Партии! Орбан Трет Пат Премиер! и овде Режисерите на Селективните “Бомби” во Македонија Катастрофално Поразени од Италијанскиот Електорат! Чао Ренци, Чао Могерини!

Патриотскиот бран, највисок од непосредно пред почетокот на Втората светска војна па досега, беше очекуван и Коложег.инфо пишуваше за тоа: Победата на Патриотскиот Анти-Корпоративен Глобализам во 2018 во Македонија и глобално и овде Огромниот Раст на Патриотскиот Глас низ Цел Свет го Руши Соросовиот Фашистички Глобализам!

Најважниот ефект од овие промени за Македонија е дека Соросидната неизбрана недемократска Бриселска збирштина од дома-поразени политичари се проретчува а и системски ќе се сруши како што се повеќе стари и горди Европски народи ќе се будат и ќе ги испраќаат своите продадени елити во историјата. Единствена Поука од Могерини на Заминување: Биди Предавник за да те Згази Сопствениот Народ!

 

 

1 thought on “Продолжува Патриотскиот Бран во ЕУ! По Италија и во Словенија Победа на Патриотите! ZhBugger Off Жбогар!

  1. Словенците си створиле критичка маса највеќе поради фактот што изворно/во-живо ги следат играчите, fintite и целата акција. Нам натпреварот ни го “прераскажуваат.”

    Етикетата популистички во дерогаторна смисла веднаш им беше залепена/Влепена од “неутралните” набљудувачи илиде платени мегафони. Меѓутоа, принципот на космички баланс во судар на спротивности, налага дека мора да има и друга страна (Материја наспроти антиматерија? Придавката Популистички наспроти Елитистички? Строго наменскиот термин Популистички, роспијски го избегнува својот спротивставен суплемент Елитистички. Сороид(е)ално нели?

    Или Патриотизам и Национализам. Во речникот се километарски дистанцирани, но за дневните нарачки, елитистичките мегафони свесно и катадневно дислексираат. Татваат наместо такваат.

    Веројатно за да го отргнат вниманието од …… КРИМИНАЛНИТЕ НАМЕСТЕНИ ИЗБОРИ ВО МАКЕДОНИЈА.
    АДМИН навремено и прецизно го кажа она што беше очебијно. Инсталатите (реформаторите де) со целиот меѓународен бубаќ и партали ја затињаа секоја ѕирка и проѕирка во склад со дневните нарачки.

    За нивна жал алаѓозовците не можат повеќе да затињаат дупчиња на браната со малото прсте. Тоа е за приказни со Трнорушка сосе седумте џуџиња. Ја утнале приказната. Наративот де. Шурката неодминливо прераснува во стерна. Гравитацијата е тераформирачка сила.

    Не е воопшто чудно што навремено повторно почнуваат игрите околу ДИК. Еднаш волшебно инсталиран како наднационален de jure хегемон ( а требеше само да врши техничка/ќато функција). Потоа насилно окупиран од гадинки во името на “fer” предвремени избори, мачен три години во еден Нуланден СЈО манир, а потоа безбедносно распуштен и наменски заборавен поради недопирливост. Скрипаљ.

    Придавката “Не-е-важно-како-гласале-важно-е-кој-ги-брои” за жал/опомена е повторно активен.

Остави коментар