
Студентите од Универзитететот „Гoце Делчев“ – Штип ќе оддржат студентска етно-културна манифестација против претворањето на Македонија во двојазична држава и промената на името Македонија. Студентската етно-културена манифестација ќе се оддржи на 30ти март во 18:00 часот на плоштадот „Слобода“ во Штип. Прочитај повеќе овде: Младите Штипски Студенти Искажаа Револт и Најавија Студентски Марш Против Велепредавствата во Петок 30ти Март во Штип!

На настанот ќе биде упатена јасна порака дека младите не прифаќаат промена на името Македонија и дека младите се тие кои треба да одлучуваат за иднината на оваа земја, а не политичарите. Исто така, студентите на УГД ги повикуваат Зоран Заев, Христијан Мицкоски и Али Ахмети да дојдат на дебата во Штип и јавно да одговараат на прашањата од студентите.
Студентите порачуваат дека државата останува во рацете на младите, а не на политичарите и затоа бараат политичарите да не ја уништуваат нивната иднина преку промената на името и воведување двојазична држава.
Погледнeте го видеото подолу:
[fbvideo link=”https://www.facebook.com/813095542231908/videos/826071267601002/” width=”500″ height=”400″ onlyvideo=”1″]