Заев Впрегнат во Поразената Идеја на Сорос за ‘Нов Светски Поредок’ без Нации и Граници!
Сподели на социјалните платформи:

Водечките глобалисти, комунисти и исламисти од целиот свет, се собраа во месец февруари на Арапскиот полуостров,  во Дубаи, на Самит на Светска Влада, за да го промовираат таканаречениот ‘нов светски поредок’.

Додека критичарите на Самитот, се потсмеваа на обидот за конспирација, а повеќето американски и светски медиуми, го игнорираа настанот, глобалистите упорно ја туркаа оваа ‘светска агенда’ , која е во спротивност со американската традиција, но и во спротивност со сите земји, кои тежнеат кон слобода и независност.

Организаторите, говорниците и повиканите светски гости и посетители на овој Самит, не се ни обидуваа да ја скријат промоцијата на агендата. Вистината за организацијата на  Самитот беше видлива. Официјалното прес соопштение од Самитот на Светската Влада, завршува со ‘’молба до сите светски институции и влади, да се вклопат и да работат согласно со ‘новиот светски поредок’ ‘’. Уште нагласија дека, луѓето на земјината топка очекуваат, владите на земјите да развиваат ‘прогресивни политики’, кои ќе се вклопат во глобалната транзиција.

Се разбира, зборовите ‘нов светски поредок’ и ‘прогресивни политики’ се флоскули зад кои ги стојат, моќниците на Самитот на Светската Влада, спонзорот Ротшилд и самопрогласениот ‘Господ’ , Џорџ Сорос.

Флоскулата ‘напредни политики’ нема никаква врска со прогрес и напредок. Ова подразбира и е синоним за статизам, бесмртност и корупција. Самиот збор ‘статизам’ е од понов датум и претставува, општество со централна власт, со контрола, како врз социјалната, така и врз економската политика на земјата.

 

И само да напоменеме, дека Премиерот и членови на нашата, македонска влада, пред Самитот на Светската Влада, во Давос, Швајцарија, имаа состанок со Џорџ Сорос. Македонската влада е во договор со пропаднатиот проект за ‘новиот светски поредок’.

Повеќето од говорниците јасно нагласија, дека агендите:  слобода, независност и Трамповата ‘Прво Америка’ , се испреплетени меѓусебно. Од друга страна, пак, Светската Влада, транс-хуманизмот и глобализмот ги промовира како решение за се, од наводното, ‘глобално затоплување’ и здравствените проблеми на земјите, до незапосленоста, та дури и како решение за омразата.

Како најинтересни теми за дискусија на Самитот се покажаа: составување на човекот со машините или поточно кажано, создавање ‘киборзи’, вештачката интелегенција, како и ‘среќата’ управувана од владите на земјите.

Остави коментар