Пострашно од Вотергејт! Како Обама и Хилари го Злоупотребиле ФБИ да го Прислушкуваат и Урнат Трамп!
Сподели на социјалните платформи:

Членовите на Американскиот Конгрес изјавуваат дека им била доставена на увид “шокантна” доверлива белешка, со детали за злоупотребата на Законот за Надзор над Надворешни Разузнавачки Служби (ФИСА) од страна на Министерството за Правда и Федералното Биро за Истраги (ФБИ) во време кога на власт беа Демократите на Барак Хусеин Обама и Хилари Родам Клинтон. Оваа белешка е во врска со истрагата покрената во врска со  кампањата на Претседателскиот Кандидат Доналд Трамп која била незаконски шпионирана од ФБИ по налог на Обама и Клинтон, што го прави овој скандал поголем и од Вотергејт на кој падна Претседателот Никсон.

Сите членови на комитетот од редовите на Републиканците повикаа овие документи да бидат веднаш декласифицирани и да станат достапни за американската јавноста. Членот на Комитетот за правосудство, Стив Кинг, го нарече она што го видел во меморандумот “е за повраќање” и рече дека е “полошо од Вотергејт”.

Класифицираниот извештај составен од Комисијата за Разузнавање е длабоко вознемирувачки и покренува сериозни прашања во врска со однесувањето на бившиот пртетседател Обама и на ФБИ во времето на Џејмс Коми, бидејќи се однесува на криминалните злоупотреби направени во таканаречената истрага за заговор”, напиша Конгресменот Рон ДеСантис на Твитер.