700 Огнени Патриоти Порачаа Пред Собрание: Ќе го Браниме со Животите Македонскиот Идентитет и Државност
Сподели на социјалните платформи:

Досега најмасовниот непартиски патриотски протест организиран од Тврдокорни, МОС и Преродба, без скршена пара, без помош или логистика од држава или партија и со плаќање од своите скромни џебови, донесе силен набој на патриотска енергија пред Собранието на Македонија. За прв пат се собраа околу 700 млади и повозрасни луѓе, почнувајќи од членови на групата Комити до средовечни патриоти од кои само во првиот час од протестот 540 ја потпишаа петицијата на Преродба за Неѓибање во Македонија, а редици од нив останаа да чекаат за потпис и по завршувањето на протестот.

Протестот пред Собранието на Република Македонија беше со цел да се порача, никој да не се осмели да говори или преговара за промена на Македонскиот идентитет или за Македонската суштина на Македонската држава. Редица говорници проследени со бурни одобрувања говореа против менување на името, против законот за двојазичност и против насилното туркање на Македонија во меѓународните организации како НАТО и ЕУ по цена на Македонскиот идентитет, нација и јазик.

Во исто време секое споменување на НАТО и ЕУ повлекуваа жестоки реакции од присутните и скандиирања фашисти, фашисти, злосторници итд. По завршувањето на протестот група помлади луѓе го запалија знамето на ЕУ што беше проследено со бурно ракоплескање и одобрувањ од сите присутни.

 

На социјалните мрежи се споредуваше силната енергија од овој почеток на Македонските протести и Македонската Пролет со млитавоста, неискреноста и бирократската вештачка организираност на оној протест во Солун.

 

[fbvideo link=”” width=”250″ height=”200″ onlyvideo=”1″]

Организаторот од Тврдокорни најави продолжување на протестите секоја недела или по потреба и побара се поголема излезеност се до скорешното излегување на 1 МИЛИОН Македонци пред Собрание и против разнебитувањето на Македонија

 

1 thought on “700 Огнени Патриоти Порачаа Пред Собрание: Ќе го Браниме со Животите Македонскиот Идентитет и Државност

Остави коментар