Трамп ја Повлекува Армијата на САД од Светот и Долгорочно ја Распоредува Против Мигрантите на Границата со Мексико!

Сподели на социјалните платформи:

Претседателот Трамп, откако најави итно повлекување на војниците од Сирија, нареди поставување на Американската војска на јужната границата на САД со Мексико. Претседателот Трамп објави дека ги носи војниците дома од Сирија, што е во согласност со неговата страегија за фокус на домашни прашања а не на меѓународни, и рече дека ќе ја задржи војската долгорочно распоредена на порозната граница на САД со Мексико “се додека не изградиме ѕид и соодветна безбедност”.

Распоредувањето на војската на границата е “голем чекор”, рече претседателот. “Ние навистина требаше да го сториме ова порано”, додаде тој.

Одлуката на Трамп доаѓа не долго после неколкуте коментари што тој ги направи за “огромниот караван” на имигрантите од Централна Америка, кои патуваат низ Мексико, непопречени од локалните власти. Мексиканската влада објави дека караванот ќе биде растурен но останува да се види дали тоа навистина ќе се случи а не е во прашање и само овој видлив караван туку илјдниците бегалци кои поединечно или во помали групи секојдневно ја поминуваат границата на Мексико со САД.

Оваа одлука, заедно со претходното објавување на претседателот Трамп дека ги повлекува војниците од Сирија, сигнализира драстична промена од политиката на Буш / Обама за распоредување на војници насекаде во светот, игнорирајќи ја безбедноста на границите на САД. Останува да видиме дали Трамп ќе може да ја спречи ордата од “Гватемалски и Хондурашки” бегалци што се движат кон границата на САД.

Остави коментар