Распад на НАТО! САД со Ултиматум до Турција: Изберете Меѓу Останување во НАТО и Купување Руски С-400!

Сподели на социјалните платформи:

Без 2та најголема армија НАТО не постои а Балканот ќе формира нови сојузи со Руско-Турско-Кинеските партнери! Турција, и онака веќе само формален член, скоро и официјално вон военохушкачкиот крвожеден НАТО! Два дена откако Слободен Свет објави дека САД ја прекинале испораката на опрема за стелт авионите Ф-35 за Турција, како дел од тековниот спор околу плановите на Ердоган да продолжи со преземање на напредната руска против-воздушна одбрана S-400 во средата, САД ја ескалираа војната со зборови со својот сега само формален сојузник во НАТО.

Заменик-претседателот Мајк Пенс се закани дека за Турција нема место во НАТО алијансата,  доколку продолжи со “несовесните одлуки”, како e со купувањето на рускиот воздушeн одбранбен систем.

Турција мора да избере. Дали сака да остане клучен партнер во најуспешната воена алијанса во историјата или сака да ја ризикува безбедноста на тоа партнерство, правејќи такви несовесни одлуки што го поткопуваат нашиот НАТО сојуз?” напиша Пенс на Твитер во средата, откако направи слични забелешки на самитот на НАТО во Вашингтон.

Но, и покрај постојаните предупредувања од САД, Турција одби да го откаже закажаното купување на рускиот систем на оружје, кој треба да биде доставен во јули годинава. Откако Пентагон ги прекина испораките на петтата генерација на борбени авиони Ф-35 и со нив поврзаната опрема за Турција и ја прекина обуката на турските пилоти, Анкара остана пркосна а министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, на самитот на НАТО рече дека купувањето С-400 е “склучен договор и завршена работа”.

Чавушоглу и американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во моментов се состануваат очи во очи на самит на кој ќе разговараат за спорот околу Ф-35.

Како што известува РТ , турскиот министер за надворешни работи изјави дека операцијата на двата системи за оружје нема да претставува закана” на Ф-35 или други НАТО-системи. Американските законодавци и воените претставници не се согласуваат и постојано предупредуваат дека распоредувањето на С-400 на Турција ќе му даде на рускиот систем можност да научат како да ги следат и да ги забележат Ф-35 со потенцијално смртоносни последици за нивните авиони во идните конфликти.

И покрај ескалирачката војна на зборови, САД до сега не успеаја да ги намамат своите сојузници во НАТО од рускиот систем кон поскапиот и понеуспешен ракетен систем на Raytheon, и покрај тоа што ја понудија на Анкара со намалена стапка претходно оваа година.

Компликувајќи ги работите дополнително, Турција е главен партнер во програмата Ф-35, која е досега најскап воен проект на САД и е одговорна за прозводство на неколку компоненти на овој борбен авион. Ако двете страни не можат да постигнат договор, САД ќе треба да најдат нови добавувачи за делови од авионот на авионот.

Досега Ердоган и Трамп одбиваа да се вовлечат и да го ескалираат прашањето за испорака на Ф-35.  Но доколку ситуацијата не се измени може да резултира со политички фијаско сличен на оној што се одвиваше минатото лето, кога турскиот притвор на американскиот пастор Брансон доведе до американски санкции против Турција кои кулминираа со рецесија во Турција и пад на нејзината валута.

Остави коментар