Почитувањето на друга религија е човечка вредност, а тоа што во Русија или низ Европа постојат џамии или простории прилагодени за молитва е нивна цивилизациска придобивка. Во ниедна религија не пишува дека треба да убиваш, повредуваш или навредуваш луѓе од било која друга религија. Но кај тргна наопаку. Сите религии помалку или повеќе, во еден или друг временски период, биле и сеуште се злоупотребувани. Денеска најзлоупотребувана религија е исламот. Конкретно џихадот базиран на екстремниот вахабизам спонзориран од Саудиска Арабија, во смисла денеска општоприфатена, претставува крвава борба за ширење на исламот на сметка на сите други.
Во Македонија се дозволува неказнено ширење на најекстремниот вид ислам, Саудискиот вахабизам, кој е забранет во скоро сите претежно исламски земји и е омразен од самите муслимани! Кој намерно прави штета на традиционалниот ислам во Македонија?
За жал, изминативе дваестина години, се покажа дека креатори на таа злоупотреба се и некои западни центри на моќ. Зошто? За остварување на нивни економско-политички интереси. На чија штета? На штета, прво на самите муслимани, а после и на сите други спрема кого ќе бидат насочени. Конкретно мене не ми смета во кругот на Клинички центар да има просторија за молитва на муслиманите, но начинот на кој тоа го правеа минатата недела кога и го видов настанот ме запрепасти.
Со кое право го нарушуваат мирот на болните луѓе со разгласот како за на политички предизборен митинг? И баш тука лежи и одговорот. Исламот во Македонија служи за остварување на политички цели. Затоа имаме инвазија на џамии, и каде има основа и каде нема. Затоа минарињата се градат толку високо и конечно затоа и разгласот е на горната граница на техничките можности на електронската индустрија. Психолошкиот ефект што го создаваат има две димензии. Првата е да се охрабруваат своите, а втората е да се плашат другите. Појава добро позната од филмовите за периодот од втора светска војна.
И најважното. Ова не е изворен Македонски толерантен ислам туку увезен екстремистички Вахабизам со подршка на Саудиска Арабија. Ваков екстремен вахабизам кој ДПНЕ дозволи да се шири низ Македонија не можеш да видиш ниту во многу други муслимански земји!
УУУРРРРРРРААААААААААААААААААА и трчање во офанзива, уништување на тие што се пред тебе. Те храбри громогласното ура, а воедно и ти дава до знаење дека не смееш назад, твоите се тука околу тебе, УРЛАААТ и трчаат напред. Напредувањето ќе зависи од тоа колку тие од спротива се спремни и колку се храбри или се исплашиле од урлањето. Очигледно ние Македонците за овие триесетина па и повеќе години се покажа дека не сме многу подготвени а во последно време и доста исплашени и затоа се повлекуваме, постојано. Не сме подготвени од две причини. Првата е што се опуштивме гледајќи холивудски (ЕУ НАТО) филмови а втората е што постојано некој не стимулира па дури и принудува (ЕУНАТО) да не сме подготвени. Е сега и битниот момент. Истиот фактор кој што ја опструира нашата спремност да го обдиеме нападот истовремено е и факторот кој го злоупотребува исламот.
Гинеме на фронтот и ние недолжните Македонци а и злоупотребените Албанци. Ние гинеме а некој трие раце. И ова ќе трае се додека не се освестиме заедно и не се спротивставиме. Во Русија се свестија и тргнаа напред. Расте стандардот, растат платите, расте соживотот, расте гордоста да си Русин без разлика на етничката и религиозната припадност. А ние туга гинеме. Гинеме и на фронтот и на работните места по 12-15 саати а земаме 10 пати помала плата, од истиот тој западен фактор, со двапати поинтелегентни луѓе на единица површина и десетпати подобра обработлива земја и поповолна клима од истиот тој западен фактор. Извинете, а каде се тука религијата и молитвата?
Боби Ѓорѓиевски Блог