Од Нас Зависи – Само Од Нас Зависи! Горан Путица по Повод Македонскиот Собир за Подршка на Русија!

Сподели на социјалните платформи:

Собирот на Единствена Македонија за подршка на рускиот дипломат вчера во Скопје е доказ за силното будење во Македонија и на Македонштината а и на разбирањето на геостратешката случувања кои се и причини за сегашното Македонско премреже. Од ова премреже ќе излеземе и посилни и победници затоа што сме на вистинската страна во поглед на правдината, моралот, идеологијата, чистотата и чесноста а и затоа што сме на вистинската и победничка геостратешка страна.

И покрај силните медиумски и политчки притисоци голем број храбри Македонци и Македонки излегоа да дадат подршка на неправедно протераниот Руски дипломат. Во продолжение ви го пренесуваме текстот на Горан Путица за важноста на Македонско-Руските односи и видеото од вчерашниот собир.

[fbvideo link=”https://www.facebook.com/zoran.slavjanski/videos/1470527023057920/” width=”500″ height=”400″ onlyvideo=”1″]

 

Слика: Апотеоза на Славјаните – Алфонс Муха

Само од нас зависи дали и кога Руската Федерација отворено ќе се произнесе дека и воено би застанала зад македонскиот народ и неговото право на државност врз одлуките на АСНОМ. Исто како што деновиве застана зад Српскиот народ. Вторник во 17.30 часот пред руската амбасада е првата прилика ние да и дадеме поддршка на принципиелната политика на Руската Федерација во градењето на еден поправеден свет, свет во кој има место за суверена македонска држава, држава на Македонскиот народ и на сите малцинства кои ги почитуваат асномските принципи. Војнава која се води против Русија е само продолжување на вековните обиди на западните обезбожени општества за доминација и поробување на Истокот, на Славјанинот, и ништење на нашите традиционални вредности.

Истиот се влече одамна, од падот на Македон, од асимилацијата на Македонјаните ( Ободритите) во деветиот век во Словенска Германија, преку латинското владеење со Цариград, обидите на средновековните наши кралства да се спречи наездата на Османлиите во Европа, падот на Византија, следствено подемот на Венеција, Ломбардија, Светото Римско Царство предводени од т.н. црно благородништво…Наполеон, Октомвриската, Хитлер, распадот на С.Сојуз, Горби-Елцин….па до денешни денови. Се работи за една те иста приказна која за жал никако еднаш за секогаш да ја разбереме. Да излеземе утре пред амбасадата на братска Русија и да покажеме свест, висока свест, дека доста ни е од бескрупулозните понижувања, уцени, диктати и малтретрања од страна на западните неоколонијалисти, глобалисти и корпократии. Доста ни е од НАТО и нејзиниот привезок, бирократската супер држава (во неуспешен обид) ЕУ.

Одговор на Горан Путица до Твитот на Американската и Британската Амбасада

Македонија и Македонскиот народ има… и те како има опции. Опции да биде своја/ј на своето. Не бараме ништо повеќе ,ниту помалку. За остварување на ова основно право на една нација, денеска единствен гарант и сојузник ни е Руската Федерација . Во блиска иднина Македонскиот народ и ќе го официјализира овој единствен спасоносен курс за опстанок на нацијата со масовна подршка на постоечките и новите политички субјекти во формирање со јасна про Евроазиска и мултиполарна филозофија на делување.

Главите горе , не што ништо не е изгубено, туку многу подобри денови доаѓаат. Бидете спремни на жртви, но победата ќе биде наша бидејки сме на вистинската, светлата страна на историјата. Ова е битка на духовното против “филозофијата” на дебелото црево и тоа дебелото црево на неколку стотини слуги на куциот, натемаго ( како што традиционално се кажува, за да не му се спомене името).

П.С. Мислам нема потреба да споменувам дека сдс, дп*не и тие “работи” се прегазени од времето и им следи прегазување буквално од страна на народот.

П.П.С. Кога зборам за дп*не мислам на врхушката. Со оваа врхушка вие сте исто што и сдс.

Остави коментар