Не Постојат Нераскинливи Договори – Не за Рамковниот Договор!
Сподели на социјалните платформи:
НЕ ПОСТОЈАТ НЕРАСКИНЛИВИ ДОГОВОРИ пишува Кукузел најавувајќи ја новата страница Не За Рамковниот. Секој “идентитетски договор“, имајќи го предвид фактот дека е спротивен на императивната норма или јус когенс (вроденото право на идентитет), може да се раскине еднострано, во согласност со членот 53 од Виенската конвенција за договорното право од 1969 година, според кој, договори спротивни на импeративната норма од почетокот се неважечки! Според истата конвенција, може да се направи истото укинување и со неприменливи договори, какви што се Бугарскиот договор, кој е асимилаторски, и Преспанскиот договор (кој, пак, е негаторски инструмент). За ЕУ е битно да не увезува конфликти и таа не се занимава со природата на спорот, туку само констатира дека спорот е решен или не е решен. Токму така и бугарските уцени станаа услови на ЕУ…

Формирањето на оваа страна е за да се потсетиме и да се навратиме на збиднувањата во Република Македонија кои доведоа до разобличување и потполно бришење на Македонија и македонскиот народ од картата на светот. Наша цел е да го прикажеме систематскиот етноцид и геноцид кој се врши врз македонскиот народ со децении и векови низ историјата. Најпрво една по една ќе ги образложиме сите 6 точки од Охридскиот Рамковен договор кој и после 20 години е свежа рак рана за македонскиот народ бидејќи не донесе никаков просперитет, ниту хармонија ниту пак претставува било каква безбедносна точка за Македонија или регионот. Единствена придобивка од рамковниот договор е тоа што ги здиви уште повеќе амбициите и апетитите на Албанците да дојдат до својата цел “Голема Албанија” при тоа не водејќи сметка кој е начинот на кој би ги оствариле своите цели.

Целта на странава е да ги разобличиме сите актери домашни и странски кои со децении го тероризираат македонското население и просторот кој го окупираат во Македонија и на Балканскиот полуостров и да извршиме притисок институционално после падот на илегалната влада на Заев/Ахмети да се укине овој проклет Охридски рамковен договор и сите закони поврзани со него.
Следете не и придружете ни се на нашето патување да си ги одбраниме честа, достоинството и интегритетот на Република Македонија и на македонскиот народ!
Во продолжение Благој Шаклевски објаснува: Договорот од Преспа е нелегален. Се раскинува нешто што е правно врзано. Да бараш раскинување на нешто што правно не постои е како да го признаваш.
Дури ни поништување не е соодветен термин.
Само заклучок (ако треба и едностран) дека тоа таму некој што потпишал во нечие има (без мандат, кредибилитет, ниво, жиранти и параф од претседателот) едноставно е импровизација која за нас нема никакво правно дејство.
Значи не еднострано раскинување, ниту поништување, само констатација дека ништо со правна важност не е потпишано.
Неовластена приватна забава на Димитров и Заев, која не само што никого овде не обврзува на ништо, туку не треба да го третираме дека постои.
Единствено на што ние овде треба да се фокусираме е како да се поништат (И САНКЦИОНИРААТ) нелегалните, криминални и уценувачки уставни измени. Тоа е нашиот главен проблем – измасакрираниот Устав.
Ова само како надополнување заради потребата од, не само правна, туку и политичка прецизност на термините и тезите.
Од што ќе произлезе фокус, и агенда на последователност на приоритетите и чекорите, кои еден по еден, по точен редослед треба да се преземат.
Исто така го пренесуваме и освртот на Проф.д-р Игор ЈАНЕВ за договорите со Бугарија и Грција:
“Идентитетските договори“ склучени со Бугарија и со Грција се неприменливи и оттаму нелегални. Овие договори се очигледно “идентитетски“ (едниот е асимилаторски, а другиот негаторски) спротивни на императивните правни норми (самоопределување, суверена еднаквост, политичка независност, немешање во внатрешните работи и јурисдикција). Оттаму единствено решение е еднострано раскинување на овие два договора, од наша страна со дипломатската нота до друга страна (Бугарија/Грција).
Склучување договор во заблуда или со измама
Прво треба да се каже дека во правото е познато уште од античкиот период дека не постои договор што не може да се раскине. “Вечната клаузула“ содржана во Преспанскиот договор, по правило, сугерира дека нешто во договорот е нелегално. И дека треба да се заштити “со овековечување“ (!?).
Треба да се забележи дека секој “идентитетски договор“ може еднострано да се раскине. Еве на пример, бугарскиот договор со Тито беше еднострано раскинат од Бугарија бидејќи “не беше во согласност со бугарските интереси“ (види Договор меѓу СФРЈ и Бугарија).
Исто така, секој “идентитетски договор“, имајќи го предвид фактот дека е спротивен на императивната норма или јус когенс (вроденото право на идентитет), може да се раскине еднострано, во согласност со членот 53 од Виенската конвенција за договорното право од 1969 година, според кој, договори спротивни со императивна норма од почетокот се неважечки. Според истата конвенција, може да се направи истото укинување и со неприменливите договори, какви што се Бугарскиот договор, кој е асимилаторски, и Преспанскиот договор (негаторски инструмент). Покрај членот 53 од Конвенцијата, основа за раскинување е и членот 46 од оваа конвенција, бидејќи се работи за очигледно кршење на домашните процедури со кои се промени Уставот, што ѝ беше познато и на другата страна (изјавата на Каменос во врска со промени во Уставот).
Инаку, целиот договор од Преспа е базиран на нелегалната Резолуција 817 на ООН од 1993 година, во која се содржани дополнителните услови за прием во ООН, спротивно на Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата од 1948 година и спротивно на Резолуцијата 47/225, со која се прифаќа судскиот став од 1948 година.
Имено, во врска со Преспанскиот договор имаме и кршење на ставовите 1, 4, и 7 од членот 2 на Повелбата на ООН. Во овој контекст, ги имаме сите белези на нелегалноста, вклучувајќи и склучување договор во заблуда или со измама.
Решавање измислени проблеми што се сведуваат на политичко непризнавање
Што се однесува на бугарските уцени, треба да се забележи дека ваквото условување е резултат на нашата дадена согласност со потпис на Бугарскиот договор. Со овој договор Бугарија доби основа за “спор“ и решавање “спорни прашања“, бидејќи ние се согласивме сами (со потпис и ратификација) дека спорот постои и дека треба да се реши. За ЕУ е битно да не увезува конфликти и таа не се занимава со природата на спорот, туку само констатира дека спорот е решен или не е решен. Така, бугарските уцени станаа услови на ЕУ, односно добивме безизлезна ситуација (проблем без решение) од која може да се излезе само со еднострано дипломатско раскинување на Бугарскиот договор. Ќе потсетам дека со овој документ е формирана бугарско-македонска комисија и правната основа за оваа комисија е овој договор.
Но, историчарите, за жал, не разбираат дека ова не е едноставно комисија “за историја“, туку е дипломатска (политичка) комисија за промена на историјата! Ваквата комисија не е некое тело на научна конференција или заедничка научна комисија во потрага по вистината! Оваа комисија има дипломатски карактер и доколку луѓето во таа комисија имале потребно знаење од дипломатијата и дипломатскиот “бонтон“ тие не би ни седеле во таквата комисија. Имено, крајната цел е со помош на комисијата да се постигне идентитетскиот компромис, односно “идентитетскиот договор“, а ваков договор е спротивен на јавниот морал, достоинството и императивните правни норми!
Во оваа смила, единствен лек за бугарскиот обид за асимилација е еднострано дипломатско раскинување на Бугарскиот договор. А ова конкретно може да се направи на ист начин како што Бугарија го раскина договорот со Тито, односно раскинот може да биде и без образложение, т.е. повикувајќи се на суверената волја на државата (при склучување или раскинување договори).
Идентитетскиот проблем е инпутиран проблем
Моите заложби се и за еднострано раскинување на штетниот и нелегален Преспански договор, по пат на дипломатска нота до другата страна – Грција, врз основа на членот 53 од Виенската конвенција за правото на договори од 1969 година во врска со раскинување, повикувајќи се на правото јус когенс! Со ова писмо-нота се изразува државната волја за раскинување на Преспанскиот договор поради кршење на основните императивни норми од меѓународното право! По испраќањето на оваа нота до Грција (за раскинување на договорот), се праќа и дипломатската нота известување до ООН за овој правен и политички чекор (т.е. за раскинувањето), имајќи предвид дека сведок во договорот е претставникот на ООН. Истовремено, се праќа и посебна нота со која се бара на дневен ред на следното Генерално Собрание на ООН да се стави како точка на агендата на Генералното Собрание на ООН продолжување на членскиот статус на државава со името “Република Македонија“ (т.е. името под кое првобитно аплициравме во ООН 1993 година).
Причините се многубројни, но ќе наведам само неколку. Самиот Преспански договор не е само “штетен“ како што најчесто се вели, туку е и нелегален договор и според меѓународното право. Нелегалноста произлегува и според фактот дека е потпишан неовластено, а потоа и актот за ратификација е парафиран од неовластеното лице. Со нелегалната домашна (уставна) постапка и фактот дека ова ѝ беше познато и на другата страна (Грција) се креирани причини за раскинување на договорот, предвидени во членот 46 од Виенската конвенција за правото на договори од 1969 година (т.е. одредби што се однесуваат на домашните пропусти, грешки или нелегалности).
Што понатаму?
Доколку нема вето од постојана членка на Советот на безбедност на ООН и доколку успее Грција (по раскинувањето на Преспанскиот договор) повторно да се воспостави референцата БЈРМ, тогаш, и во таква ситуација, нашата држава може поради оштетените права во ООН, како членка, да побара резолуција од Генералното Собрание на ООН, со која тој орган бара од Меѓународниот суд на правдата, советодавното мислење за дискриминацијата во членскиот статус во ООН (спротивен на Повелбата на ООН и другите конвенции што ги регулираат односите на државата-членка со ООН).
По донесување на советодавното мислење од Меѓународниот суд на правдата, ова ќе биде прифатено од Генералното Собрание на ООН (кое го поставило прашањето до овој Суд) со резолуцијата на овој орган. Со истата или со одделна резолуција, потоа Генералното Собрание на ООН ќе го воведе именувањето “Република Македонија“ (името што го побаравме). Со оваа резолуција на Генералното Собрание на ООН (продолжување на членството под – Република Македонија) постапката во ООН (и “проблемот“) завршува!
(Авторот Игор Јанев е универзитетски професор по меѓународно право, научен советник на Институтот за политички науки во Белград, член на академскиот совет за системи на ОН, член на Њујоршката академија на науките, автор на 18 книги и 160 научни трудови од областа на дипломатијата и меѓународното право)
———

Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), на Рамбл и Битчут (еквиваленти на Јутјтуб) наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар