Македонија во центарот на новиот мултиполарен поредок во Светот и на Балканот – Контра-хегемонијата на Балканот ! Македонија Горан Шумкоски Геополитика.ру
И во овој одлучувачки момент во борбата против глобалниот хегемон, токму практичното спроведување, охрабрување, култивирање и насочување на овие рани успеси и суверена визија за иднината во зрела и организирана сила е најитната задача со која се соочуваат контра-хегемоните на Балканот. Ова ќе мора да се случи со организирање и обединување на постојните мали движења на отпорот во масовни национални движења далеку од сегашниот политички естаблишмент и алтернативни партии, кои или се инфилтрирани од западните служби, или стерилизирани со всадување на нивни агенти саботери или со едноставно неспособни луѓе со цел да ги направат неефикасни. И, многу од нив се користат како сигурносен вентил и корисни идиоти за напразно да го издишуваат силниот народен гнев со многу мало реално влијание или ефект, а со тоа дополнително да ја намалат надежта за вистински мирни политички промени.
Во моментов, една работа е позната. Надворешната помош од државите знаменосци на контра-хегемонот на светската сцена нема да дојде, бидејќи, и покрај нивниот зголемен интерес и површно учество, тие демонстрираа недостаток на апетит и волја за подлабоко или директно политичко учество во регионот. Таква поддршка е потребна бидејќи на крајот на краиштата, таквото учество преку поголема јавна и официјална поддршка ќе даде значителен поттик за борбата против глобалниот хегемон на Балканот. Русија ионака е веќе обвинета и во секој случај секогаш ќе биде обвинувана за мешање, и затоа нема дополнителен репутационен ризик кој сè уште не се појавил и не бил фактуриран и вкнижен. Згора на тоа, иако руската дипломатија со право се смета за врвна класа ширум светот, таа е многу помалку ефикасна на Балканот од едни или други причина, можеби поради фактот што регионот се смета дека е далечното странство и, според тоа, помалку важен од регионите кои се сметаат за блиското странство, како што се Балтикот или Централна Азија. За многумина, ова може да биде изненадување, но многу од локалните вработени во руските амбасади и културни центри на Балканот се личности со јавни и потврдени врски со Сорос, што не само што го шокира локалното население, туку и го поткопува угледот на контра-хегемонот.
Врските меѓу многу блиските земји и народи на Балканот и Русија се вештачки прекинати низ вековите и време е да се воспостават овие традиционални историски врски во економијата, инфраструктурата, одбраната и што е уште поважно, во културата, историјата и јазикот. И во ова Русија сè уште ќе биде далеку зад Турција, кој отворено работи на повторно воспоставување на своите слични врски што беа прекинати со поразот и повлекувањето на Отоманската империја од регионот пред повеќе од еден век. Влијанието на Кина на Балканот е од економска природа со својата иницијатива за појас и пат во инфраструктурни проекти и во извоз на своето производство, што наскоро може да го ефектуира во политички и стратешки капитал на Пекинг. Со цел овие глобални и регионални контра-хегемонистички држави да успеат во бробата против глобалниот хегемон, создавањето на барем еден успешен случај на случај за просперитетна контрахегемонска држава на која тие и помогнаа, ќе има голем демонстративен ефект врз останатите држави, така што домината ќе започнат брзо да паѓаат и да се вклопуваат околу евроазиската идеја.
Сепак, сè додека ситуацијата со отсуството на поддршка на државно ниво на балканскиот хегемон не се промени на подобро, помошта на не-државните актери во Балканската борба против хегемонот ќе биде од витално значење во смисла на вмрежување, споделување, учење, охрабрување и заедничка работа за обликување на иднината на светот и Балканот. Во пракса, не-државните контра-хегемони мора да создадат мрежа на експерти од државите знаменосци на контра-хегемонот, кои се подготвени да бидат присутни на алтернативни медиуми и едукативни платформи на Балканот и низ целиот свет. Таков израз на поширока и веродостојна аналитичка, идеолошка, далекувидна, стратешка и оперативната содржина дополнително ќе ги шири контра-хегемонистичките идеи во земјите од Балканот и ќе ги инспирира и увери народите дека постои вистинска алтернатива на сегашниот глобален хегемон. Проширување на врските внатре во рамките на масовните движења во земјите од Балканот и нивно поврзување со клучните алтернативни движења, интелектуалци и индивидуи кои го обликуваат јавното мислење на глобалниот контра-хегемон, ќе им даде таква доверба и веродостојност на балканските контра-хегемони меѓу нивните народи.
Контра-хегемонијата ќе се интензивира, постојано и смело промовирајќи алтернативна суверена визија за иднината преку: 1) самоделски направени алтернативни медиуми, еквивалентни на Интернет Самиздат во балканските земји, кои го разбудија јавното мислење и го посеаја семето на потенцијална алтернатива и ја вметнаа на главната сцена на политичкиот живот; 2) преку нови и достојни на доверба професионални образовни платформи за понатамошна едукација на јавноста и обезбедување содржина, визија, стратегии и планови за носителите на контра-хегемонистичка идеологија и борба, што е од најголемо значење за создавањето алтернативи на сегашното угнетување, кои ќе бидат сфатени и примени како кредибилни и кои заслужуваат доверба кај своите балкански народи, и 3) организирање на контра-хегемонот на терен со создавање оперативни сили преку мали неформални и формални организации на локално ниво, а потоа нивно обединување во масовни национални движења околу идеологијата, стратегијата и оперативните планови на контра-хегемонот. Ова се областите каде што на контра-хегемоните на Балканот им предстои голема работа.
Конечно, преминувајќи зад општите и заеднички линии на дејствување на балканскиот контра-хегемон и истражувајќи подлабоко во нивните разлики и особености, важно е да се напомене дека балканските народи имаат дополнителни пречки што треба да се надминат во нивната борба против глобалниот хегемон, а тоа е нивното неединство, и треба да се најдат начини да се надмине овој проблем. На пример, не може да има единствена регионална идеја, стратегија и планови за спротивставување на хегемонот на Балканот, освен директното учество на секоја нација во пошироката Евроазиска визија. Следствено, идеите за заживување на Југославија или нејзината скратена верзија Б4 немаат широко распространета поддршка и признавање, се мртви уште во почеток.
Најголем потенцијал за обединување ќе има вистинска и проширена евроазиска идеја и директно учество во неа на балканските држави. Таквата поширока евроазиска идеја ќе ги обедини и зајакне балканските контра-хегемони и ќе ги направи отворени за меѓусебна соработка. Само таква широка визија и сојуз дефиниран со визијата на францускиот претседател Де Гол за Евроазија од Лисабон до Владивосток ќе овозможи да се надминат внатрешните поделби и некомпатибилноста на поделените балкански држави. Ова ќе го реши проблемот на неединство меѓу словенските католици Хрватска и Словенија, од една страна, Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина како претежно словенски православни христијани, од друга страна. Истата поширока евроазиска идеја ќе биде прифатлива и за народите на поранешните руски партнери на Бугарија и Романија и ќе ги намали до нивните реални размери сегашните главни вазали на САД на Балканот, Грција и Албанија.
Контра-хегемонијата во балканските држави, како и многу пати во минатото и низ историјата, поради тоа што малку можат да сторат за да влијаат на глобалните геополитички поместувања, ќе се борат за да растат, да се омасовуваат и да го интензивираат отпорот против глобалниот хегемон околу идеологијата, визијата, стратегијата и оперативните планови за блескавиот просперитетен слободен град на ридот, борејќи се како Давид против Голијат против глобалниот хегемон и да го подготвуваат својот народ за кога ќе дојде вистинското време за конечната победа.
Кликни и погледај го видеото за светската и Македонската образовна платформа за внедрување обучување на суверенистички народи за спроведување на Суверенистичката Државна Доктрина.
Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), на Рамбл и Битчут (еквиваленти на Јутјтуб) наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!