Поредок Заснован на Правила, Да! Но, Чии Правила Блинкен, Вашите или Нашите? Горан Шумкоски Геополитика.ру!
Сподели на социјалните платформи:
Објавено на повеќе светски јазици и медиуми, во чест на големиот Македонец Ристо Шишков и со цел запознавање на светот со неговата херојска и бестрашна борба за Македонија која ние ја продолжуваме и ќе ја добиеме и во Македонија и во целиот свет.

Прославениот македонски актер и политички дисидент Ристо Шишков – во една од неговите улоги како затвореник, поради неговите политички ставови и поточно само затоа што си Македонец – му одговара на затворскиот чувар кој бара затворениците да пеат песна: Kоја песна – Вашата или Нашата?

Да, господин Блинкен, ние сме за поредок заснован на правила, истиот оној што ти и твојата земја постојано го прекршува, маргинализира и уништува последниве неколку децении, а не твојата приватна верзија за „поредок заснован на правила“ кои ги измислувате и менувате во од, онака како што одговара на вашиот краткорорчен интерес во секој даден момент и ситуација. Единствениот  важечки и легитимен меѓународен поредок е онај создаден по Втората светска војна под покровителство на Обединетите Нации и неговата Повелба потпишана од сите суверени државни субјекти, истите оние држави кои вашата земја континуирано и систематски ги подрива и дестабилизира со насилни и платенички обоени револуциии против нивните легитимни влади, со илегални – да не спомнувам нехумани – санкции против недолжните и ранливи народи ширум светот, или едноставно да ги бомбардирате до покорност нациите или она што ќе остане од нив.

САД се главната движечка сила зад маргинализацијата на ова меѓународно тело, започнувајќи со кршењето на резолуцијата на СБ на ООН, со која се забрануваше употребата на сила против тогашниот остаток од Југославија, за незаконски и криминално да изврши бомбардирање на Белград и неговото цивилно население. Прекршувањата на целиот меѓународен правен поредок и закони од страна на САД продолжија со бомбардирање или поддршка на прокси терористи и екстремисти во Либија, Ирак, Јемен, Србија, Македонија, Украина итн. Маргинализацијата на ООН беше официјално објавена до светот во говорот на тогашниот Претседател на САД, Барак Обама пред Генералното собрание на Обединетите нации каде што објави дека од сега натаму, САД го задржува правото самостојно да ги “решава” сите прашања за кои се смета дека се од национален интерес. И тргна сам, и сам и ќе пропадне.

Дали ова е “поредокот заснован на правила” што го промовира Блинкен, кој како што неславно го опиша претседателот Обама, дека кога треба ние им ги виткаме рацете на другите нации? Дали на светот му го нудите овој поредок заснован на правила наместо постојниот поредок под повелбата на ООН, кого сами го уништивте со почнување и поддржување на војни неодобрени од ООН и во кои се убиени милиони недолжни луѓе?

Мешањето во суверените држави и уривањето на легитимните власти во Либија, Украина, Македонија и континуираните обиди да го сторите истото и против други држави како што се Унгарија, Русија, Кина, го покажува вистинското лице на поредокот заснован на правила кој ни се нуди од глобалистите кои Блинкен ги претставува, како продолжение на она што Дани Родрик (2012) го опишува како „напад врз националната држава што ги надминува традиционалните и други поделби и е една од ретките работи што ги обединува и неолибералите и левичарските социјалисти“. Родрик го илустрира ова со навидум безвременски одговор кој сепак звучи толку современо, изречен од Леон Троцки, во далечната 1934 година. Тогаш Троцки на своето реторичко прашање: „Како може да се гарантира економско единство на Европа, зачувувајќи ја слободата на културниот развој која ја имате сега?” Троцки – кој веќе би бил миленик на денешните глобалистички медиуми Си-Ен-Ен, Њујорк Тајмс и елитите на лажните глобалисти – сам си дава одговор велејќи дека треба да се ослободиме од националната држава: “Решение на ова прашање може да се постигне… со целосно ослободување на производните сили од стегите што ги имате со националната држава“. И денес, академското поле за управување на глобално или државно ниво е преполно со слични тврдења доаѓајќи од двете страни, порано познати како леви и десни, дека државите треба да бидат укинати и не треба да учествуваат во глобалното управување, под различни разговори (Бексел, Талберг и Улин, 2010 година).

Денешните идеологии го преминаа донеодамна стандардниот модел на категоризација на левица и десница, кои го споија стариот Троцкистички и новиот Соросов поглед за свет без граници и нации и во корист на само мала група елити и нивните транснационални корпоративни монополи. На оваа сегашна идеологија на лажниот глобализам, која проповеда и практикува угнетување, универзалност, сервилност, покорност и страв, и се спротивставуваат суверените народи ширум свет, кои сакаат да управуваат со своите дела и да го уредуваат сопствениот начин на живот во рамките на својата држава-нација.

Така, улогата на државите останува и ќе продолжи да биде последниот и клучен фронт, бидејќи само тие го поседуваат постојниот извор на легитиминост, каде што, граѓаните кои се идентификуваат со државите можат да се само-управуваат и да го одредуваат својот начин на политички, економски и општествен живот. Тие лесно ги прочитуваат понудите како она на Блинкен и гледаат на нив со длабок сомнеж како алатки за продолжување на кампањата за укинување на националните држави во корист на меѓународната елита која се состои од неизбрани и нелегитимни технократи, банкари, бизнисмени и политичари.

Денес една работа е сигурна, Обединетите Нации се уништени како камен-темелник на меѓународниот поредок за време на 45-годишниот биполарен свет со неговиот Совет за Безбедност и Генерално Собрание што служат како платформа за сите држави да управуваат со сите прашања како мир, економска соработка, животна средина, сиромаштија, безбедност, итн. Ова опаѓање на значењето во решавање на глобалните прашања од страна на ООН продолжува и се раширува последниве години и во други важни области каде се забалежува слично опаѓање на значењето на другите глобални организации како што е Светска Банка, Меѓународниот Монетарен Фонд, Светска Трговска Организација и други (Карнс и Мингст, 2009). Оваа маргинализација на ООН и други меѓународни тела ги прави неспособни да продолжат да бидат ефективна платформа за решавање на глобалните проблеми. И тоа нема да биде добро за империјата која пропаѓа, на начин што тие дури можат да станат и носталгични за претходниот меѓународен поредок кои тие самите го уништија.

Заменувањето на претходниот меѓународен поредок, воспоставен со крвта на десетици милиони луѓе во Втората светска војна, ќе биде можно само со слични земјотресни геополитички настани, и понудата на Блинкен за поредок базиран на правила од неговиот приватен Ајдахо, не е доволна. И во овие тектонски промени, империјата во распаѓање ќе биде поразена или поради сопствените несреќни авантури со почеток на регионални и глобални војни што ќе ги изгубат, или, со тивко прифаќање на фактите на теренот и мирно откажување од своите неосновани униполарни воени, економски и идеолошки амбиции, заедно со неговата сегашна шуплива понуда за поредок заснован на правила. И во стилот на Шишков, да, народите низ светот ќе пеат господине Блинкен, но не Вашата песна. Ќе ја пееме Нашата!

Горан Шумкоски

Користена литература

Mingst A. K, & Karns P. K, 2009. Меѓународни организации: Политиката и процесите на глобалното управување. 2. издание.

Родрик, Дани. „Парадоксот на глобализацијата“. 2011 година

Родрик, Дани. „Кому му треба национална држава“. 2012 година

Бексел, Магдалена, Јонас Талберг и Андерс Улин. 2010. Демократија во глобалното управување: Ветувањата и стапиците на трансационалните актери. Глобално управување.

Ристо Шишков! 17ти Јуни 2021 – 35 Години од Смртта на Великиот Актер и Симболот на Нескршливата Македонштина!

 

 

Rule-based Order, Yes. But Whose Rules Mr. Blinken. Yours or Ours? Goran Sumkoski Geopolitica.ru!

 

https://kolozeg.org/?p=85477

 

Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), на Рамбл и Битчут (еквиваленти на Јутјтуб) наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар