Повеќе луѓе извршиле самоубиство во Јапонија минатиот месец отколку што умреле цела година од коронавирус, се вели во извештајот на Дејли Вајр. Јапонија само во текот на еден месец во 2020 (ноември) забележа скок на самоубиствата со бројка поголема од вкупниот број на луѓе кои починале на островската држава од пандемијата на коронавирус за цела 2020 година.
“Во Јапонија, статистиките покажуваат дека самоубиствата однесоа повеќе животи за еден месец отколку Ковид 19 има во текот на целата година до денес,” објави Си-Ен-Ен. „Месечниот број на јапонски самоубиства на пример во октомври се искачи на 2.153, според јапонската Национална полициска агенција, додека вкупниот број на починати во Јапонија од „Ковид-19“ беше 2.087, соопшти Министерството за здравство“.
„Јапонија тајмс“ објави дека вкупниот број на самоубиства за 2019 година паднал под 20.000 за прв пат откако нацијата започна да води вакви записи во 1978 година. Падот на самоубиствата се припишуваше на економијата која стануваше посилна и обидите на владата да се намали бројот на самоубиствата. Но пландемијата КОВИД ги сруши плановите, благостостојбата и надежта за живот повеќе од самат болест.
„Јапонија беше сведок на наплив на самоубиства во 1998 година, кога невработеноста беше предизвикана со банкрот на корпорации, како што беше фирмата Јамаичи Секјурити и Банката Хокаидо Такушоку, што доведоа до тоа многу мажи на средна возраст да си ги одземат своите животи“, додаде Јапонија Тајмс. „Бројот достигна врв во 2003 година на 34.427 и одтогаш опаѓа секоја година од 2009 година“.
„Вашингтон пост“ објави дека и во Јужна Кореја има „43% зголемување на самоубиствата кај од жени во нивните 20-ти во првата половина на 2020 година во споредба со истиот период минатата година“.
Пост додаде:
Јапонија и Јужна Кореја се меѓу ретките земји кои постигаа напредок во сузбивањето на самоубиствата, на повеќето земји им требаат година или две да ги издадат своите броеви. Експертите се загрижени дека новите трендови во двете земји би можеле да бидат рано предупредување за остатокот од светот, бидејќи пандемијата и блокирањата влијаат на менталното здравје на луѓето.
Истражувањето спроведено од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во текот на летото покажа дека 1 од 10 испитаници сериозно размислувале за самоубиство претходниот месец, што е двојно поголема бројка од стапката забележана во 2018 година. Стапката меѓу оние од 18-24 години во истражувањето беше уште поголема, каде 1 од 4 млади луѓе сериозно размислувале за самоубиство, објави ЦДЦ. Постојат и некои докази дека се зголеми стапката на самоубиства кај американскиот воен персонал.
Во текот на летото, и директорот на ЦДЦ, д-р Роберт Редфилд рече дека заканата од самоубиство, дрога и сезонски грип претставуваат „далеку поголема закана“ за децата отколку коронавирусот.
“Ние сме сведоци, за жал, на далеку поголем самоубиства отколку што има смртни случаи од Ковид” Редфилд вели и зборува за потребата за повторно отворање на училишта. „Гледаме далеку поголем број смртни случаи од предозирање со дрога што е над сите бројки на смртни случаи од КОВИД“.
„Па затоа, јас постојано се враќам заради целокупното социјално битие на поединците“, продолжи тој, „е да работиме сите заедно и да откриеме како можеме да најдеме заеднички јазик за да ги отвориме овие училишта”.
Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или директну преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!
Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на коложег.инфо Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или директну преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!
До кога ке се трпи ова зло наречено “коронавирус”