Кина нè Јаде и Презема Одвнатре – 6ти Јануари е Последна Шанса за САД! Аналитичарот Патрик Бирн!
Сподели на социјалните платформи:

Патрик Бирн, аналитичар и познавач на Кина, основач и поранешен извршен директор на “Оверсток” за време на интервјуто со д-р Џером Корси, рече дека Кина „нè јади одвнатре“,  и дека откако Кинезите долго не проучуваа, открија дека најслабата точка на САД е корумпираноста на институциите, бирократите и политичарите кои ги купи за мали пари. Раката на Кина стои зад 4-те фази на уривањето на САД, Деморализацијата, Дезориентацијата, Кризата и на крај Нормализацијата на уривањето, рече Бирн.

„Најдобриот начин да се води војна, во кинескиот начин на размислување, е да победиш без вистинса битка. Тоа е она што тие го сторија тука во САД“, рече Бирн.

Бирн студирал кинеска историја на Пекинскиот Универзитет од 1983 до 1984 година. Тој дипломирал кинески студии на колеџот Дартмут, магистрирал на Универзитетот Кембриџ и докторирал политички филозофија на Универзитетот Стенфорд.

„Иако трошиме трилиони долари годишно за нашата војска и нашите разузнавачки служби, службите на националната безбедност…  трилиони долари за работи кои можат да ги запрат нивните авиони и ракети итн. Но, го промашивме онa оружје што го користат, а тоа воопшто не е борба, без пукање куршум или ракета, туку Кина не јади одвнатре. И тоа е она што сега ни се случува“.

Бирн посочи дека кинескиот режим е во процес на реализација на „бавен пуч во САД“.

„Тоа е револуција. Фазите на таквата револуција се одлично изготвени. Ние го разбираме ова. Тоа е деморализација, дезориентација, криза, потоа нормализација: тие се четирите чекори“.

„Деморализацијата е она што се случи оваа година со КОВИД“, продолжи Бирн.

Дезориентираноста е оваа кампања со насилства што ја гледаме околу шест месеци“, рече Бирн, осврнувајќи се на Антифа и движењето „Црните животи се Важни“ и други работи, како што се запалени згради и полициски станици и луѓе кои биле малтретирани за нивните политички ставови на социјалните мрежи, дома и додека вечераа во ресторани.

„Тоа е сè за да ве дезориентираме. Тоа е за да ви кажам: „Вие не живеете во Америка во која мислевте дека живеете“, рече тој.

„Кризата е создадена, јасно е дека е поставен измамнички нелегитимен претседател“, додаде Бирн во однос на оспорените изборни резултати.

Тој тврди дека Пекинг треба само да обезбеди шест изборни окрузи во САД за да ги украде изборите.

Политиколозите можат да ви кажат, за да ги украдете Соединетите држави, не треба да лажете на избори насекаде. Потребни ви се шест окрузи каде ќе измамите и наштимате резултати. И така можете да ги украдете шесте клучни држави во кои се наоѓаат овие окрузи и со тоа да го превртите Изборниот колеџ и да ја украдете државата“.

Бирн спомена изборна нерегуларност во Атланта, Џорџија, каде беше објавен прекин на броењето поради лажна поплава, а на набљудувачите на анкетите и медиумите им беше кажано да заминат. Сепак, четири лица останаа и продолжија да вметнуваат куфери со дополнителни ливчиња во гласачките кутии.

Истекувањето на водата „всушност беше еден писоар што се излеа“, според главниот истражувач на ова прашање.

Последната фаза е нормализација, рече Бирн, во која „медиумите нон-стоп ти ја ја удираат во глава“.

Тие го кршат секој поим за новинарски интегритет“, рече Бирн, критикувајќи ги медиумите за игнорирање на доказите презентирани за изборни измами.

Бирн посочи дека илјадници луѓе ги ризикувале своите животи за да сведочат за начинот на кој се крадеа изборите, раскажувајќи за измамата и неправилностите на кои биле сведоци.

„Значи, тие се четирите фази низ кои поминуваме и мое тврдење е дека раката на Кина стои зад ова.“

Бирн јасно стави до знаење дека го сака кинескиот народ и кинеската историја, но кинескиот режим „се покажа како предавнички и неблагодарен повеќе од што можеше било кој да замисли“.

„Она што го сторија Кинезите е што нè проучуваа и видоа дека корупцијата е нашата најслаба точка. И тие се инфилтрираа во нас и ги корумпираа точно институциите што требаше да ги корумпираат за да дозволат да се случи она што ни се случува сега“.

„Значи, не можеме да свиткаме кичма на ова под никакви околности“.

Зборувајќи за претстојниот митинг на 6 јануари во Вашингтон, Бирн рече дека „ова е вашата последна шанса“.

„Ако ја свиткате кичмата на овие наместени избори, дозволувате да го расипат најелементарниот концепт на нашата традиција, согласноста на управуваните да бидеат владеени, и никогаш нема да добиете друга шанса“.

Тој посочи дека „основниот атомски концепт“ во либералната традиција на Соединетите држави е согласноста на управуваните, што е одредено со слободни, фер и транспарентни избори.

„Ние не ја виткаме кичмата. Ова е она што не прави различни. И низ целиот свет, има луѓе кои гледаат кон нас, надевајќи се дека ќе покажеме дека сме исклучителна земја. Ова е нашата шанса“.

 

 

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар