Вартоломеј, Слуга на Ватикан, Вашингтон, го Разедини Православието и МПЦ-ОА им ја Сервира на Папата и Глобалфашистите – Емилија Гелева!
Сподели на социјалните платформи:

 

Посебен дел од планот на глобалфашистите за целосно завладување и поробување на светот и нивна врвна цел е уништување на православието и православните земји и народи. Се што се случува во православната црква, вклучително и со за нас важната МПЦ-ОА, е дел од нивните геополитички стратегии и цели кои не се нови туку имаат историска димензија, без што не може да се разбере и дешифрира што всушност се случува деновиве.

Да почнеме со тоа дека патријархот од Фанар, дел од денешен Истанбул кадешто е седиштето на гркот Вартоломеј, на 20 октомври 2020г. одржа заедничка молитва со папата Франциск во Ватикан, што во суштина претставува предавство на православните христијани и запечатување на расколот што Вартоломеј го направи во православната христијанска екумена со признавањето на посебна Украинска црква во јануари 2019г. Грчката патријаршија во Фанар со тоа ја подели на два дела Украинската православна црква, така што отцепениот дел е сега под надлежност на Фанар, а другиот дел под надлежност на Москва како што беше дотогаш. И Грчката православна црква на 12 октомври 2019г. официјално ја призна автокефалноста на отцепената Украинска православна црква. Одлуката е донесена по барање на Фанар.

Вартоломеј, во текот на посетата на Ватикан, изјавил дека целосно се согласува со повикот на папата Франциск ,,за нашиот свет како обединета човечка фамилија“, искажан во Енциклијата Сите браќа, папско писмо упатено до сите бискупи на католичката црква.

Дека ова не е случајно укажува и ставот на Стејт Департментот по повод дводневната посета на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Грција во рамките на неговата турнеја низ Европа  од 27 септември до 2 октомври, при што ги посети и Италија, Ватикан и Хрватска. Имено, на брифингот во Вашингтон, портпарол на Стејт Департментот изјавил дека Балканот е „стратешки многу динамичен регион“ со влијание на надворешни сили. „Кина го купува пристаништето Пиреја, Русија покажува лошо однесување во С. Македонија, Русија се обидува да манипулира со Православната црква – потсетувајќи дека пред околу две и пол години Грција протера четворица Руси за нивно учество … во несоодветни активности поврзани со црквата”. Целта на посетата на Помпео, според портпаролот, била „обединување на сите аспекти на американската моќ и американската дипломатија за да се одговори на овој предизвик“ од Русија и Кина во регионот.

Едновремено, помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер  на 3-ти октомври беше во посета на Вселенската Патријаршија при што имал средби со Патријархот Вартоломеј, објави Патријаршијата во Фанар. Во соопштението на фанарската патријаршија нема детали за што точно разговарале Рикер и Вартоломеј,  но се посочува дека имале долга дискусија на разни теми од заеднички интерес.

Инаку, Филип Рикер е поранешен американски амбасадор во Македонија и одигра важна улога за шарената револуција во Македонија и во инсталирањето и одржувањето на власт на Зоран Заев. Во тој контекст познавачите на црковните состојби коментираат дека една од темите на кои Рикер сигурно разговарал со Вартоломеј е и македонското црковно прашање, што во своја надлежност за решавање го презеде Патријаршија од Фанар на барање на бугарската црква, од која владиците на МПЦ-ОА во ноември 2107г. побараа да им биде “мајка-црква”.

И митрополитот на грчката црква Гаврил на 2 октомври го посетил Фанар за да ја пренесе загриженоста  во врска со прашањето за доделување автокефалност на ,,македонските расколници”, објави грчката агенција Ромфеја. Според информациите на Ромфеја, за време на состанокот, патријархот Вартоломеј јасно ставил до знаење дека не е расположен за „доделување автокефалност на таканаречената македонска црква“, и ветил дека ќе ја извести ГПЦ за сите чекори што ќе ги преземе Фанар по ова прашање.

Доколку ова е точно МПЦ-ОА нема да добие дури ни ист третман како расколничката Украинска црква и ќе си остане на ниво на автономија односно епархија на Фанар.

Со ова е сосема јасно дека се што прави Вартоломеј е синхронизирано и според упатство на глобалфашистите со цел остварување на нивниот план за уништување на православието и посебно на македонската православна црква. Воедно, се потврдуваат обвинувањата дека Вартоломеј работи на растурање на православниот свет и како гркоман се враќа во прегратките на своите темни браќа и на некогашната западна (римска) христијанска црква. Поточно, наместо да гради единство во православниот свет тој се обединува со католичкиот Ватикан.

Овој западен план уште од поодамна е зацртан во нивните проекти и тинк-тенкови, а тоа е Вартоломеј да биде последниот патријарх на православната екумена во Константинопол односно Цариград. Тие имаат проектирано дека кога православната заедница во Константинопол, денешен Истанбул, ќе падне под 1000 лица, потребата за една “заедница на грчки православни свештеници” што е единственото законско оправдување за постоење на Патријаршија според турското право, ќе биде оценето како непостојно. Тогаш Ватикан, евентуално, би можел да стави свој намесник таму со оглед што Вартоломеј не создаде своја замена а направи заедничка молитва со папата на патот кон обединување на Фанар со Ватикан.

Уште во октомври 2007г., по состанокот во италијанскиот град Равена, беше изработен документ од 46 члена, со кој се поставија темелите за обединување на Православната и Католичката црква, поточно на Патријаршија во Фанар со Ватикан. Со овој документ се утврдува дека папата е “прв меѓу патријарсите”, а Рим е “прва престолнина”. Овие две точки се меѓу најзначајните што всушност и довеле до расколот меѓу Рим и Цариград во 1054-та година.  Претставниците на Руската православна црква го напуштиле состанокот бидејќи за Московската патријаршија е неприфатлива одредницата во документот дека папата е “шеф” на целата христијанска заедница, односно и на православните христијани.

Руската православна црква, очигледно оправдано ја сметаше политиката на Вартоломеј за една од главните закани за единството во православниот свет. Московската патријаршија со години предупредуваше дека Вартоломеј значајно ја зајакна активноста во врска со зацврстувањето на својата улога “на источен Папа”, врховен арбитер и поглавар на целата православна дијаспора. Со оглед на тоа што главен опонент на Фанар и единствена црква којашто е способна да ги оспорува претензиите за превласт во православниот свет е Руската Црква, Вартоломеј на сите фронтови се обидуваше да ја ослаби и подели . Вартоломеј ја користеше секоја можност за одвојување на одделни парохии и цели епархии од Московската патријаршија, без разлика дали се работи за храмот на Успение во Будимпешта, Сурожката епархија во Англија, Православната Црква во Естонија или Украинската црква.

Вартоломеј отворено сака православните цркви да ги стави под јурисдикција на Ватикан, како што е и случајот со неговото признавање на Украинската црква а со тоа и нејзино преземање под негова контрола.

По се ова, стануваат појасни потезите на турскиот претседател Ердоган со кои црквите  Св. Софија подигната од македонскиот цар Јустинијан I во 535г., и познатата цариградска  црква од периодот на македонските династии, Христос Спасителот позната како Хора, ги претвори во активни џамии. Најверојатно, знаејќи ги планот на Вартоломеј, на Вашингтон и на Ватикан, седиштето на Цариградската патријаршија да биде запоседнато од Ватикан со кој Вартоломеј се соединува, Ердоган реши Турција да ги преземе во свои раце овие важни црковни православни светилишта.

Едновремено, промената на статусот на храмот-музеј ,,Света Софија“ во Истанбул во „џамија“ ја покажа целосната незаинтересираност, но и немоќ на патријархот Вартоломеј, кој не ги криеше своите амбиции да биде „православен папа“ во последната деценија. Но, тој, дури и како „прв меѓу еднаквите“, нема сериозен авторитет или харизма, па дури и во Турција, чиј државјанин е, не го сфаќаат премногу сериозно. Произлегува дека тој е способен само да создаде раздор меѓу Москва и Киев со американско суфлирање, но неговиот збор нема никаква тежина во Турција, каде што се наоѓа неговата резиденција во Истанбул. Турскиот претседател Ердоган покажа на дело дека воопшто не го интересира мислењето на патријархот Вартоломеј.

Московската патријаршија официјално го осуди овој потег на Ердоган и најави дека со помош на руската дипломатија има намера да собере документација за руските цркви во Истанбул со цел да се обиде да ги врати. И Комитетот на руската Дума за развој на граѓанското општество донесе одлука дека храмовите на Руската православна црква во Истанбул треба да и бидат вратени на Русија, на која тие историски припаѓаат. Порано имало седум руски храмови во и околу Истанбул, но не сите биле зачувани. Денес, Руската православна црква е сопственик на црквата Константин и Елена во Бујук Сере, поранешна летна резиденција на руската империја а сега е летна резиденција на рускиот конзул.

Историјата се повторува

Она што сега и се случува на МПЦ-ОА по ништо не се разликува од минатото. Исто како и Охридската архиепископија и МПЦ отсекогаш била вклештена меѓу интересите на Цариград и Ватикан.

Македонската Православна Црква, олицетворена во древната Охридска патријаршија, е првата и најстара православна црква во христијанскиот свет формирана од апостол Павле уште во почетокот на првото столетие на христијанската вера. Библијата соопштува дека Охридската епископија била создадена врз основите на првите христијански клетки во македонските црковни заедници во Солун, Бер, Охрид и Скопје, основани од апостол Павле, само 50 години по Христа. Преку дејноста на првите охридски епископи Еразмо(286 г.), Антоние (449г.) и Лаврентие (489г.), македонскиот народ прв меѓу словенските народи организирал своја црква која го водела низ вековите. Во тоа време Македонија била под римска власт, но веќе на почетокот на 4-от век Христијаните на просторот на Македонија имале организирана Црква со црковна ерархија, чии епископи понатаму редовно учествуваат на помесните и вселенските Собори.

Римскиот папа Никола I (858 – 867) пишува дека “Римската курија за вистински цркви ги смета оние што беа основани од апостоли” , што значи – охридската, римската, антиохиската и александриската црква. Тој допрецизира: ,, И покрај тоа што црковните големодостојници на цариградската и ерусалимската црква се нарекуваат себе си патријарси, сепак, тие немаат такво значење , бидејќи нивните цркви не се уредени од апостоли..!”.

За време на владеењето на царот Јустинијан Први, кој потекнувал од с. Тавор, близу до денешното Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близината на родното место на царот. Кателијан бил првиот Архиепископ на Архиепископијата Јустинијана Прима, во тоа време трета по чест меѓу помесните Цркви, после Рим и Цариград. Царот Јустинијан на новооснованиот град Јустинијана Прима и дава самостојна архиепископија со јурисдикција од Дунав до Велес на југ, но по десет години самостојност Јустинијан  се става под јурисдикција на римскиот папа со напомена тој сепак, да се ракоположува од своите синоди и потчинети епархии. Македонската Охридска црква -Прва Јустинијана била единствена членка на Светите вселенски собори, од основањето во 535, до нејзиното неканонско укинување во 1767 година.

Во втората половина на 10-от век, во рамките на Самуиловата држава е организирана Охридската автокефална Архиепископија, врз темели на Јустинијана Прима. Самуил, Охридската Архиепископија ја издига во ранг на патријаршија, а се поврзува со Рим од кадешто усепал да издејствува титулар ,,крал”. За време на Самуил, Византија е владеена од македонска династија и царот Василиј Втори Македонец никогаш не ја признал Самуиловата држава а со тоа превласта на Ватикан врз Охридската Архиепископија. Василиј е наречен и “бугароубиец” поради ослепувањето на  самуиловата војска на Беласица. По поразот на Самуил, Василиј Втори многу внимавал автокефалноста на Охридската архиепископија во однос на Цариград да остане недопрена, приклучувајќи и нови епархии и иземајќи ја од јурисдикција на цивилните власти.

Цариград и Рим, според досегашните достапни и валоризирани историски извори, водат “тивка војна” за оваа архиепископија се до нејзиното неканонско укинување во 1767г. од страна на турскиот султан Мустафа Трети, кога нејзините епархии се присоединети кон Цариградската патријаршија. Но, голем број документи од архивата на Вселенската патријаршија, како и од архивата на Турската Империја во врска со укинувањето на Охридската архиепископија, покажуваат дека тоа е организирано од Грчката патријаршија во Цариград со помош на, ако може така да се рече, локални рекетари, и со шпионскиот ангажман на шестмина епископи Грци, кои раководеле со шест епархии на Охридската архиепископија. Тие приложиле  фалсификувано писмо на верници што бараат укинување на Архиепископијата и фалсификувано барање на архиепископот Арсениј за припојување на Охридската архиепископија кон Цариградската патријаршија. Арсениј бил насилно принуден да се повлече, со што целта била уништување на македонската црква, и многу конкретна  Грците да ги приграбат сите 31 епархија со кои раководела Охридската архиепископија. Значи, не само што нема ништо канонско во укинувањето на Охридската Архиепископија, туку тоа е фалсификат на Грците направен со цел за нејзино уништување.

Најновите збиднувања со МПЦ-ОА покажуваат дека она што во 1767г. не го направи охридскиот архиепископ Арсениј, го направија денес владиците на Синодот на МПЦ-ОА потпишувајќи барање за таканаречено “признавање” со томос од грчкиот фанариот Вартоломеј, што е целосно предавство на македонската црква. Уште кога во 2017г. почна одисејата на МПЦ-ОА со бугарската “мајка-црква” укажав дека тоа е дел од геополитичкиот план што глобалфашистите го водат за уништување на православието и посебно против се што е македонско.

На крајот би ги потсетила македонските владици дека на Архиепископскиот Црковнонароден Собор одржан во Калишта на 13 ноември 2004г. донесоа резолуција потпишана од Архиепископот македонски и охридски г.г.Стефан, во која поаѓајќи од ставот дека  проблемите на соседните цркви со МПЦ-ОА не се црковни и канонски, туку имаат политички карктер, во точка 2. стои: ,, а) не смее да се отстапи од статусот ‘Афтокефална Македонска Православна Црква’; б) не смее да се дозволи промена на уставното име ‘Македонска Православна Црква’; в) не смее да се дозволи злоупотреба на името ‘Охридска Архиепископија’, со оглед дека е идентична со Македонската Православна Црква.”

Дали сте сигурни, господа владици, дека со таканаречениот ,,томос” од Фанар ќе го обезбедите тоа на што сте заколнале, за да ја сочувате православната македонска црква, или свесно ја туркате во прегратките на Ватикан? Зарем навистина очекувате од Грците, кои еднаш ни ја уништија Охридската Архиепископија, сега да ја признаат како рамноправна МПЦ-ОА?! Фанариотите гркомани во вашите редови ви ја подметнаа оваа губитничка игра, или сите сте тоа? И предавајќи ја македонската црква го предавате македонското православие.

При тоа, треба да имате на ум дека она што е различно од минатото е што Цариград не е владеан од македонски династии и Цариградската патријаршија не ја водат, како се до 17в., главно патријарси Македонци по род, што континуирано му пречеше на Ватикан. Денес, Грците кои ја откраднаа власта во Цариградската патријаршија и ни ја укинаа Охридската Архиепископија, не се спротивставени со Ватикан, туку се едно исто како наследници на Темните синови чија крајна цел е уништување на Светлите.

Емилија Гелева

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар