Бугарскиот новинар Михаил Михаилов порача: Почитувани гледачи, не случајно ја носам оваа маица со големиот македонски поет Никола Јонков Вапцаров, убиен од бугарските фашисти во 1942 година. Во средината на 20 век, американскиот претседател Џон Кенеди рече во Западен Берлин: „И јас сум Берлинец!“ Сега, кога се повредени правата на Македонците во Бугарија, jас ќе кажам „Јас Сум Македонец!”
Уредникот на „Гласот на Стара Загора“ во своето јутјуб видео вели: Почитувани гледачи, со својата Резолуција Европскиот парламент го потврди она што го зборувам неколку години, имено дека во Бугарија нема законитост и судска правда, а човековите права тука не значат ништо, а институциите тука не ги почитуваат. Јас нема да навлегувам во деталите на Резолуцијата, таа е достапна на Интернет, сите зборуваат за оваа Резолуција одделно, само сакам да го кажам следново: Зборовите на бугарскиот премиер, овој рурален фашист и националист Бојко Борисов, кој тврди дека во Бугарија нема македонско малцинство. Напротив, најмалку половина милион македонци живеат во Бугарија. Вистина е дека некои од нив веќе се измиени со мозок и веруваат дека се бугари, но всушност никој не проучил колку од македонците што живеат во Бугарија сè уште се сметаат себеси за македонци – воопшто, тие не се малку. Врз основа на тоа, глупостите што ги тврди премиерот не се смешни, но тажни, особено што бугарската влада продолжува да одбива да спроведува 4 пресуди на Европскиот суд за човекови права и одбива да им даде права на македонското малцинство. Значи, Европскиот суд за човекови права пресуди дека има македонско малцинство, само бугарската влада го тврди спротивното. Ако ова не е фашизам, ова ако не е национализам во својата дива и варварска форма, што е неприфатливо за Европа, не знам што е тоа.
БОЈКО БОРИСОВ, премиер на Бугарија: Јас лично сум многу загрижен за вклучувањето на ОМО “Илинден” и македонското малцинство во Бугарија во политичката резолуција на Европскиот парламент, но тоа во никој случај не е корисно во овој момент кога бараме компромис и на историчарите и нашите политички партнери во Македонија, во Скопје да најдат решение за прашањето … Ова не знам од каде дојде!
Михаил Михаилов, уредник на „Гласот на Стара Загора“, го заклучува своето видео со зборовите: Почитувани гледачи, не случајно ја носам оваа маица со големиот македонски поет Никола Јонков Вапцаров, убиен од бугарските фашисти во 1942 година. Во средината на 20 век, американскиот претседател за време на кризата во Западен Берлин, Џон Кенеди рече: „Јас сум Берлинчанец!“ Сега, кога се повредени правата на македонците во Бугарија, jас ќе кажам „Јас сум Македонец!”
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!