Од Македонски Агол: Трамп или Бајден за Претседател на Изборите 2020 во САД – Филип Н. Радомиров!
Сподели на социјалните платформи:

 

Светската јавност со интерес ја следеше главната дебата на десет дена пред претседателските избори во САД што ќе се одржат на 3 ноември, меѓу кандидатите Доналд Трамп, сегашен претседател на САД и кандидат  на Републиканската партија, и Џозеф Бајден, бивш висок функционер во времето на мандатот на Барак Обама и кандидат на Демократската партија.

Во оваа дебата, која се одржа во сојузната држава Тенеси, во градот Нешвил, поточно во Универзитетот Белмонт, кандидатите уште еднаш ги потврдија своите ставови со што укажаа на кои целни групации, кои имаат свои интереси, се надеваат на поддршка во текот на овие избори во САД.

Трамп, покрај тоа што општо земено се покажа како подобар оратор од својот противкандидат, упати порака дека е за послаби рестрикции од државата во врска со коронавирус-кризата, дека не по секоја цена ќе поддржи покачување на просечната плата во САД, одлучно е против BLM движењето (Црниот живот има важност) кое е финансирано од Сорос, и дека е за апсолутна поддршка на нафтената индустрија  како и на нејзиниот однос кон климатските промени.

Бајден, од своја страна, потврди дека се залага за построги мерки од страна на државата во однос на коронавирус-кризата, се залага за покачување на просечната плата, ги поддржува барањата на движењето BLM ( Црниот живот има важност) во однос на систематскиот расизам во САД, воедно признавајќи дека постои таков тип на расизам во САД, неодлучен е околу нафтената индустрија во САД, а целосно се залага за климатска заштита преку инвестирање во уреди кои ќе произведуваат енергија од сончевите зраци и ветерот.

Во врска со претстојните американски избори интересно е да ја споменеме неодамнешната анализа на реномираниот весник Jerusalem Post за внатре-еврејската поделба во однос на изборот на Трамп или Бајден и за нивните различни приоди.

Со поддршка во секаква смисла зад Трамп стојат Евреите со потекло од Русија во  државата Израел, кои воедно се врската на Доналд Трамп со Владимир Путин. Овие Евреи чиј број се проценува на околу 2 милиона во Израел, во голем дел се составени од население со традиционалистичко убедување и голема почит кон својата верска догма, или т.н. православни Евреи (ортодоксни или православни се мисли кон јудејската догма, не Христијанската). Во овие редови припаѓаат и радикални ционисти. Но, општо земено, традиционалистичките Евреи насекаде низ светот, а посебно оние кои живеат во државата Израел, го поддржуваат Доналд Трамп. Од своја страна Доналд Трамп безусловно ги поддржува интересите на овие Евреи, делумно зашто неговата ќерка Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер целосно се предадени на оваа кауза.

Зад Бајден, според Jerusalem Post, стојат Евреите од Западна Европа, и оние кои пребегнале во САД од Европа за време на Втората светска војна. Овие Евреи се карактеризираат со атеистички убедувања, со марксистичка идеологија која на светско ниво ја преточиле во т.н. културен марксизам (расно мешање во најголем дел) и со евгенистичка и трансхуманистичка визија за човештвото олицетворена во таканаречениот неолиберализам.

Овие два табора, составени во најголем дел од клучни луѓе со еврејско потекло, имаат свои делумно различни визии, иако заедничко им е тоа што и двете групи нивното реализирање го гледаат токму преку остварување на американскиот хегемонизам во светот.

Кој е македонскиот интерес во оваа политичка борба во САД? Како да гласаат Македонците кои имаат можност да гласаат на овие избори во САД?

Навидум се чини дека за Македонија, и Македонците, речиси да не постои разлика, кој од овие двајца кандидати ќе ја преземе улогата на POTUS. Тоа го видовме во првиот мандат на Трамп од кој многу се очекуваше. Сепак, на сила останата старата геостратегија на САД, која впрочем е преземена од Британската Империја, како претходна таласократска сила. Таа стратегија има едноставни правила: да не се дозволи на телурократската сила (Русија) да се шири и да ги зазема крајбрежните делови од Европа и нашиот Полуостров, како и уништување на моќта на народите од нашиот Полуостров кои имаат една до две исти особености (Вера, јазик, потекло) со народот кој е телурократската сила (Русија).

И покрај тоа, Македонците во САД, кои имаат можност и намислиле да гласаат, не треба да заборават дека таборот на Бајден, е истиот кој ја поддржуваше т.н. Шарена револуција во Македонија преку Сорос, таборот кој го востанови Зоран Заев за премиер, и конечно, таборот кој ја осмисли, реализираше и честиташе срамната спогодба од Нивици. Творбата наречена „Република Северна Македонија”, покрај тоа што е атлантистички геостратешки проект, е и неолиберален проект за социолошко експериментирање со цел создавање на анационална, безидентитетска, арелигиозна и акултуролошка маса, или сѐ она што е против традиционалните норми за што се залага таборот кој стои зад Трамп. И доколку Трамп повторно освои мандат, а ќе освои, паралелната или “длабоката држава” со сигурност уште повеќе ќе ја загуби силата а со тоа и нивните неолиберални проекти.

Затоа, победата на Доналд Трамп, нам Македонците, ни остава колку – толку повеќе простор за остварување на нашето право за заштита и зачувување на македонската држава како македонска држава базирана на АСНОМ-ските принципи. Оттука, света должност на Македонците во САД, давајќи го својот глас за Доналд Трамп, е да и помогнат на својата родна земја, мајка Македонија!

Филип Н. Радомиров

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар