Македонските Здруженија во Бугарија Прославија 142 Години од Македонското Кресненско Востание!
Сподели на социјалните платформи:

Со народни собири Македонците од Пиринска Македонија го одбележуваат Македонското востание, како што тие го гордо и правилно го именуваат Кресненското востание. Македонското непризнато малцинство во Бугарија неделава одбележува 142 годишнина од Македонското Кресненско Востание, пренесува Весникот на Македонското Друштво во Тирана, Илинден.

Со едноминутен молк во чест на востаниците, венци цвеќе на спомениците, со панихида и народни собири одбележан е овој празник на Македонците во Бугарија.

„Претставници на ОМО “Илинден”-Пирин, ОМО “Илинден”, Дружество на репресираните Македонци во Бугарија за време на комунистичкиот режим, Македонски дискусионен клуб, Правозаштитен комитет Толерантност, Дружество за заштита на индивидуални човекови права, Клуб антички Македонци, Друштво Сонце и Народна волја, одбележаа 142 години од Кресненското востание, чие што официјално име било “Македонско востание”, со панихида и поставување цвеќиња и венци, говори и минутен молк пред спомениците во Кресна, Стара Кресна и Оштава”, напиша на својот фејсбик профил Стојко Стојков од ОМО “Илинден”-Пирин.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар