Македонците кои после падот на македонското царство под римска власт (после 320 година пред.Христа) се отиснале на север, кон jужниот Прибалтик (Варjашко Море). Првоисточникот на оваа историjа, според Е. Савељев, е Птоломеj. Тие Македонци – вели Птоломеj – се познати под името Бодричи и во 3 век од новата ера ги изградиле Псков и Новгород (недалеку од Санкт Петербург). Бодричите стануваат центар на славjанскиот свет во 9 – от век, кога Рурик (Рарог) допатувал во Новгород и станал Новгородски Кнез.
Со неговото владеење (од 862 г.) се создава фундаментот на руската државност. Не дека до тогаш славjанските заедници живееле во анархиjа (забележени се Кнезови -први меѓу еднаквите, во старите родови книги, кои владееле под строга контрола на Вече или Собрание), но од моментот на руриковото владеење се формираат големи соjузи кои продолжуваат во текот на лозата Рурикович.
Рурик (Рарог) ги здружил седумте, териториjално и родовски блиски народи во Славjански Соjуз. Градот Москва, изграден од Jуриj Долгоруки Рурикович (1147 година) , во чест на тоj Соjуз е наречен, Град на седум Ридови. Новгородското Кнежевство – Руското Царство- СССР- Руската Федерација ги добива контурите. После престолот го освоjуваат Романови, а понатака е се извесно.
На оваj, предсамоиловски период малку се обраќало внимание во македонската историографиjа, а токму таму е одговорот на прашањето: Зошто ова и се случува на Македониjа и на Нас Македонците. Да кажам уште: Во денешната класична (фалсификувана) историjа коjа продолжува да го дисторзира македонскиот светоглед, Рурик е Швед, иако во негово време (9-век) не постои никаква организирана државна структура на териториjата од современа Шведска. Се работи за териториjа во коjа хараат Славjани, Свеи, Фино-Унгри, Урмани, Печенезите, Хазари,…
На страница 58 од монументалното дело од Евграф Савельев ,,Древна историjа на Козаците” ,опишан е процесот на создавање на народот Бодричи или Македонjани :
Древняя Мизия и Македония, как мы увидим ниже, были населены славянами. Пелазго-фракийские племена были славяне (исследования Черткова)42. По падении Македонского царства часть македонцев около 320 г. до Р. Х. переселилась к Балтийскому морю; народ этот там стал известен под именем Бодричей, сохранивший до самого падения своего герб Александра Македонского, изображавший буцефала и грифа. Бодричи говорили на славянском языке и от натиска германцев переселились на Ильмень и Ловать, где и основали Новгород и Псков около 216 г. до Р. Х. (ПтолемеЙ). Славяне во все века с гордостью называли себя этим именем. Мы славяне, Т.е. любящие славу, говорили они. Родовое же название этого народа, как сказано выше, было Руссы или Россы, Т.е. поклонники росы, воды…
Нашето ,,патешествие,, кон запознавање на народот Бодричи, имаме намера да го започниме од денешна Германиjа, областа Помераниjа. Макленбург, градот Рерик и островот Руген (Буjан, а во македонската традициjа – Руен) со градот Аркан (Аркон). Да го видиме и гумното, на кое белиот коњ, наследник на Букефал, од поколение во поколение риел со левата или десната предна нога па така jа решавал дилемата пред големи решениjа.
Тоа е местото каде е родена народната мудрост: ,,На коjа нога е станат, таков ќе му е и наравот денес,,. Во модифициран вид, таа мудрост живее и во говорот на Македонскиот и Рускиот Народ. Градот Рерик, во неговиот градски музеj ги задржал сведоштвата од таа епоха. Тука е местото на живеење на Рурик (Рарог) и неговото семеjство, до вероломничкото убиство на кнезот Гоцслав (Славеник), неговиот татко.
Ленинградската библиотека е живеалиште на ,,Несторовите Летописи,, кои поведствуваат за времето кога Рурик (Рарог) со браќата Трувар и Санеус (Санос) пристигнале во Новгород на покана од кнезот Гостомисл, нивниот дедо по маjчина линиjа, и го започнале долгиот пат на руската царска династиjа Руриковичи. Олег Вещи, Игор Рурикович, кнегињата Олга, Светислав, нивната интеракциjа со соседите, е во директна врска и со развоjот на македонската државност, заклучно со пропаста на последниот македонски Цар Самуил.
Правда о КРЕЩЕНИИ Руси. Русь До КРЕЩЕНИЯ. Как жили Славяне БЕЗ ЦЕРКВИ?
Правда о КРЕЩЕНИИ Руси вас удивит. Русь До КРЕЩЕНИЯ была образованным и сильным государством.