Колапсот на Западот по Истите Стапки на Рим: Веќе и не е Битно Кој ќе е Последниот Император – Чарлс Хју Смит!
Сподели на социјалните платформи:
Ги знаете ли тројцата последни Римски Императори? И малкумина историчари ги помнат. Гликериј, 473-74 н.е., Јулиј Непос, 474-475 н.е. и Ромулус Август, кој владеел помалку од една година до распадот на Рим во 476 г. Така што и ноемвриските претседателски избори во САД не се веќе ни битни, системот ја помина точката на распад од која нема враќање, пишува авторот Чарлс Хју Смит преку блогот OfTwoMinds, за тоа Како Паѓаат Домината на Пропаднатите Империи. Како и во завршните денови на Западната римска империја, така и сега во фатална комбинација на преголема алчност и самозадоволност, елитите на крајот се богатеа само на шпекулации а не на производство и услуги, додека народот секојдневно осиромашуваше во отсуство на реална економија.
Преправањето, самозалажувањето и ПиАр-от не се реалност, а верувањето дека Старата Нормала магично и без жртви ќе се обнови со печатење нови безвредни ливчиња на Федералните резерви не е вистинска стратегија.

Еве брз квиз по историја: кој беше пред-последниот император на Западната римска империја? Или пак третиот император до последниот? Одговори: Гликериј, 473-74 н.е. и Јулиј Непос, 474-475 н.е. Нив ретко кој ги помни, како и последниот император, помпезно насловениот Ромул Август, кој владеел помалку од една година се додека целиот хоас не се распаднал во 476 г.

Ја сфаќате поентата: кога моментумот на колапс ќе го помине хоризонтот на настаните, веќе не е важно кој ја носи титулата Глава на Змијата; колапсот е надвор од контрола на која било индивидуа или група.

Последната генерација на Римјани, исто така, претпочиташе преправање и замижување пред реалноста. Последните римски елити пронајдоа утеха во минатите слави на Рим, како да е неизбежно дека ова или она магично да ги врати моќта и стабилноста на Рим, без елитите или народот да понесат жртви.

Денес ја слушаме пискотницата, жестоките извици за глумење на единство: бидејќи вистинското единство е изгубено, тогаш преправањето во стил на “менаџирање на односи со јавност” е најдоброто што елитите можат да го сторат.

Исто како и во завршните денови на Западната римска империја, елитите станаа премногу алчни и самозадоволни – фатална комбинација. Милионерската класа во Америка и Новото Благородништво, кое е веднаш зад милијардерите, го зедоа најголемиот дел од придобивките на економијата од 2008 година и платија или нула или ниски даноци. (Само прашајте го г-дин Бил Гејтс како да го направите своето богатство ослободено од данок преку филантро-капиталистички фондации кои се едноставно други можности за постигнување на истата доминација.)

Штом имате голем монопол во Биг Тех (големите технолошки компании), политичко влијание да го заштитите вашиот монопол, како и залихи на акции на Федералните резерви, можност да издавате ѓубре обврзници итн., тогаш вашата алчност нема ограничување. Исто како и во опаѓачките денови на Рим, супербогатите затајуваат данок и навистина, не сносат каква било жртва. Колку и да остане богатство за делење, се од тоа влегува во касата на супер-богатите, додека граѓаните ја плаќаат цената преку уништување на социјалната мобилност, повисоки даноци и брзо распаѓачка реална економија.

Елитите на моќта се самозадоволни, бидејќи тие веруваат дека манипулацијата со највисоките бирократии и заробените централни банкари е единствената потребна вештина за нивен опстанок. Создавање вредности или реални добра и услуги? Зошто да се мачам кога вистински пари се прават во корупција, измама и легализиран грабеж?

Human Collapse 1.0 не е променет од 473 г. н.е., и затоа нашите елити се исполнети со истиот самозадоволен аутизам како и последната група од елитите на алчни, помпезно насловени, премногу импресионирани од богатството и моќта на Рим.

Банката на федерални резерви (ФЕД) ќе продолжи да ги спасува сите оние чијашто безгранична алчност ја поткопа републиката и да печати трилиони за дистрибуција на леб и циркуси за смирување на хаосот, со што ќе ја уништи вредноста на лебот и последните изговори за „пазарната економија“.

Наместо да се соочат со потребата за радикална реформа на политичко-економскиот систем, нашите елити се фокусираа на зголемување на веќе дестабилизирачкото богатство и моќ и пресметување со нивните елитни ривали.

Како резултат, не постои начин да се запре паѓањето на доминото.  Преправањето и PR не се реалност, а верувањето дека Старата нормала магично ќе се обнови со печатење без жртви на Федералните резерви не е вистинска стратегија. Извадоци од Падот на Римската империја: Повторно оценување  (Мајкл Грант)

 

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар